КК Академија ФМП

македонски кошаркарски клуб

КК Академија ФМП е кошаркарски клуб од Скопје, Македонија. Клубот моментално се натпреварува во Првата македонска кошаркарска лига.

КК Академија ФМП
ЛигаПрва лига мажи
Основан2013; пред 11 година (2013)
МестоСкопје
Бои на клуботсина, бела
         
Позиција Втора лига 2018/19Вицепрвак (унапреден)
Дресови
Домашен jersey
Team colours
Домашен
Гостински jersey
Team colours
Гостински


Историја уреди

Клубот бил основан како академија во 2013 година.[1] Во сезоната 2014/15, Академија ФМП пријавила екипа во Третата лига, која завршила на второто место и била унапредена во Втората лига.[2] Следната сезона, сега како второлигаш, Академија ФМП завршил на последното десетто место на табелата со што отпаднал од Втората лига. Но поради пополнување на испразнети места во Втората лига, клубот бил вратен во второлигашкото друштво. Сезоната 2016/17, ФМП завршил на високото трето место. Во сезоната 2017/18, Академија била четврта во Лигата. Сезоната 2018/19 била историска за клубот. Академија го освоила првото место во Втората лига - Исток без пораз и со тоа обезбедила пласман во разигрувањето за Првата лига. Во разигрувањето Академија била поразена во финалето од МЗТ Аеродром (вториот состав), но како вицепрвак влегле во баражот за упредување против последниот прволигаш и го добиле баражот со што се квалификувале во Првата македонска лига.

Моментален состав 2023/24 уреди

Извор:Кошаркарска федерација на Македонија Архивирано на 31 октомври 2020 г. eurobasket.com

Играчи
Лука Петровски
Драган Абрашев
Андреј Тодев
Виктор Стојковски
Филип Лаковски
Андреј Настовски
Димитар Иванов
Михаил Стерјовски
Никола Масевски
Павел Дуев
Стефан Божиновски
Андреј Георгиевски
Марко Димовски
Марко Спасовски
Аирен Брукс
Омотао Џордан Огундиран
Матеус Алекс Сантана
Блејз Ниелд

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. „За Академијата“. fmp.mk преку web.archive.org. Архивирано од изворникот на 2019-09-23. Посетено на 23 септември 2019.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  2. „Трета лига мажи - Сезона 2014/15“. Македонска Кошаркарска Федерација преку web.archive.org. Архивирано од изворникот на 2016-11-12. Посетено на 23 септември 2019.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)

Надворешни врски уреди