Ишијасот претставува болка во грбот која се спушта кон една од двете нозе, познат е уште како лумбоишијалгија, а настанува со притискање на нервот ишијадикус, најдолгиот нерв во периферниот нервен систем се протега од задникот до стапалата.

Ишијас
Ишијален нерв (жолт дел).
СпецијалностОртопедија, Неврологија Уреди на Википодатоците

Настанок уреди

Ишијасот настанува поради дегеративните промени и прераното стареење на дискусите меѓу прешлените, исто така настанува и поради неправилното одење и седење, носење на обувки на висока потпетица, истегнување на мускулите, подигнување на голем товар, вишок килограми. Оштетениот дискус и воспаление на седечкиот нерв може да предизвика ишијас.

Симптоми уреди

Најчести симптоми се болка и вкочанетост во лумбалниот предел на ’рбетот, кои вообичаено се јавуваат после некој напор, свиткување и подигнување товар. Болката од долниот дел на грбот се спушта преку колкот, задниот дел од надколеницата, преку подколеницата сè до прстот од ногата. Болката може да биде тапа, силна и остра, привремена или постојана, а со зголемување при секој напор, кашлање, кивање и често е проследена со трнење. Подигнување на ногата во лежечка положба води до истегнување на нервот ишијадикус и појава на болка.

Дијагноза и лекување уреди

Во зависност од симптомите и лекарскиот преглед, може да се постави дијагноза, а потоа да се определи терапија во вид на против воспалителни лекови и аналгетици, лекови за опуштање на мускулите, а понекогаш и кортикостероиди. Во некои случаи, неопходно е, после смирување на болките и воспаленијата, да биде вклучена и физикална терапија, или пак дополнителна дијагностика како електомиографија (ЕМГ), која ќе покаже во колкав степен е оштетен коренот на нервот. Оперативен зафат ретко се препорачува, освен кога веќе болките се неподносливи и кога притисокот на нервот предизвикува паѓање на стапалата и нарушено празнење на мочниот меур и цревата.

 
Лев глутеален регион, приказ на глутеалните артерии и ишијалниот нерв.

Превенција уреди

За да се намали ризикот од појавата на ишијас и болка, потребно е:

  • лежење и спиење на тврд душек на страна и со перница помеѓу колената;
  • при седење потребно е максимална исправеност на ’рбетот;
  • при стоење тежината рамномерно тежината да биде распределена на двете нозе;
  • здрава исхрана;
  • физичка активност.
Класификација
П · Р · П
Надворешни извори