Источносемитски јазици

Источносемитските јазици сочинуваат една од трите главни гранки на семитските јазици, каде другите се западносемитските и јужносемитските. Во оваа група спаѓаат два различни јазика - акадскиот и ебланскиот, обата многу одамна мртви. Источносемитските јазици се издвојуваат од останатите семитски јазици во низа погледи. Историски, се смета дека оваа лингвистичка ситуација настанала со тоа што говорниците на источносемитските јазици заскитале уште поисточно, населувајќи ја Месопотамија за време на III милениум п.н.е., за што сведочат акадските написи од тоа време. Кон почетокот на II милениум п.н.е., источносемитските јазици, особено акадскиот, станале доминантни во регионот. Тие извршиле влијание врз несемитскиот сумерски јазик и го усвоиле клинестото писмо.

Источносемитски
Географска
распространетост:
древна Месопотамија
Класификација:афроазиски
Гранки:

До современ увид во фонологијата на источносемитските јазици може да се дојде само по пат на внимателно проучување на пишаните наоди и нивна споредба со реконструираниот прасемитски јазик. Највпечатливо е губењето на глоталниот плозив (алеф), како и на звучниот фарингален фрикатив (ајин), обете истакнати одлики на западносемитските јазици (на пр. акад. bēl 'господар' < ПС. *ba‘al). Источносемитските јазици исто така ја немаат низата од три задни фрикативи: *h, *ḥ, . Благодарение на нивната елизија, согласката „е“ се јавува на места каде што ја нема во другите семитски јазици (на пр. акад. ekallu 'место/храм' < ПС. *haykal). По сѐ изгледа дека и низата на меѓузабни фрикативи се претвориле во сибиланти (на пр. акад. šalšu 'дрво' < ПС. *ṯalaṯ). Меѓутоа точниот фонолошки состав на јазикот е непрецизен, и отсуството на извесни својства може да се должело на несоодветноста на сумерскиот правопис за претставување на семитските јазици, наместо на вистинско отсуство.

Постои можност зборовниот ред на источносемитските јазици да претрпел влијание од сумерскиот јазик, кој го следел форматот ПоПрГл, за разлика од западносемитскиот формат ГлПоПр.