Источен Холштајн

округ во Германија

Источен Холштајн (германски: Ostholstein) — округ во сојузната покраина Шлезвиг-Холштајн, Германија. Се граничи со (од југозапад надесно) окрузите Штормарн, Зегеберг и Плен, Балтичкото Море и слободниот град Либек.

Источен Холштајн
Kreis Ostholstein

округ
Знаме на Источен Холштајн Kreis OstholsteinГрб на Источен Холштајн Kreis Ostholstein
Земја Германија
ПокраинаШлезвиг-Холштајн
СедиштеОјтин
Површина
 • Вкупна1.391 км2 (537 ми2)
Население (31 декември 2020)[1]
 • Вкупно201.487
 • Густина140/км2 (380/ми2)
Часовен појасCET (UTC+1)
 • Лете (ЛСВ)CEST (UTC+2)
Рег. таб.OH
Мреж. местоkreis-oh.de

Историја уреди

Округот бил основан во 1970 година со спојување на поранешните окрузи Ојтин и Олденбург во Холштајн. Овие поранешни окрузи имале различна историја.

Округот Ојтин произлегол од кнежевството, а подоцна Регион Либек, кое пак произлегло од секуларизираната кнежевска епископија Либек. Во 1803 година станало енклава на Војводството Олденбург (кое нема никаква врска со холштајнскиот град Олденбург). Во 1937 година бил предаден на Прусија како округ Ојтин во рамките на пруската Покраина Шлезвиг-Холштајн.

Регионот Олденбург бил дел од Војводството Холштајн. Во 1864 година, Холштајн станал дел од Прусија, по што наскоро бил создаден округот Олденбург во Холштајн.

Географија уреди

Округот се состои од полуостровот Вагрија, полуостров помеѓу Либечкиот и Килскиот Залив, островот Фемарн, источниот дел на областа наречена Холштајнска Швајцарија и северните предградија на Либек.

Холштајнска Швајцарија е област со бројни езера и пошумени ридови, која е поделена со соседниот округ Плен. Бунгсберг, иако со само 168 метри н.в., е највисоката точка во Шлезвиг-Холштајн. Островот Фемарн е третиот најголем остров во Германија. Од 1963 година е поврзан за копното со висечки мост.

Грб уреди

  Грбот прикажува:
  • крст од грбот на Епископијата Либек; оваа епископија постоела до 1535 година и поседувала големи поседи во областа
  • кула од грбот на градот Олденбург

Градови и општини уреди

Слободни градови Слободни општини
  1. Бад Швартау
  2. Ојтин
  3. Фемарн
  4. Хајлигенхафен
  5. Нојштат во Холштајн
  6. Олденбург во Холштајн
  1. Аренсбек
  2. Даме
  3. Гремиц
  4. Грубе
  5. Келенхузен
  6. Маленте
  7. Ратекау
  8. Шарбојц
  9. Штокелсдорф
  10. Зизел
  11. Тимендорфер Штранд
Општински заедници
  1. Бозау
  1. Бешендорф
  2. Дамлос
  3. Хармсдорф
  4. Кабелхорст
  5. Лензан1
  6. Манхаген
  7. Рипсдорф
  1. Гел
  2. Гремерсдорф
  3. Гросенброде
  4. Херингсдорф
  5. Нојкирхен
  6. Вангелс
  1. Алтенкремпе
  2. Каседорф
  3. Шасхаген
  4. Шенвалде на Бунгсберг1
  5. Зирксдорф
1седиште на општинската заедница

Наводи уреди

  1. „Население во разните административни единици на Шлезвиг-Холштајн во 2020 г.“. Статистичка служба за Хамбург и Шлезвиг-Холштајн. јуни 2021. (германски)

Надворешни врски уреди

Координати: 54°10′ N; 10°50′ E / 54.17° СГШ; 10.83° ИГД / 54.17; 10.83