Источен Регион

регион во Македонија

Источен Регион — еден од осумте статистички региони на Македонија. Овој регион се наоѓа во источниот дел на Македонија и се граничи со Бугарија на исток и внатрешно со Вардарскиот, Скопскиот, Североисточниот и со Југоисточниот Регион. Главен град на регионот е Штип.

Источен Плански Регион
Регион
Грб
Потекло на името: Името потекнува од местоположбата во рамките на Републиката.
Земја Македонија Македонија
Површина 3,537 км2
Население 181,858 (2002)
Основано 2009
Часовен појас UTC +1
Повикувачки бр. 032
Oпштини 11
Седиште Штип
Раководител Драгица Здравева
Контакт 032/ 386-412
Местоположба на регионот во рамките на Македонија.
Местоположба на регионот во рамките на Македонија.
Местоположба на регионот во рамките на Македонија.
Портал: Официјално мрежно место

Општини уреди

Источниот Регион вклучува 11 општини[1]:

  1.   Берово
  2.   Виница
  3.   Делчево
  4.   Зрновци
  5.   Карбинци
  6.   Кочани
  7.   Македонска Каменица
  8.   Пехчево
  9.   Пробиштип
  10.   Чешиново-Облешево
  11.   Штип
 
Општините во регионот.

Демографија уреди

 
Карта на мнозинските етнички групи во регионот.

Население уреди

Моменталната бројка на населението на источниот регион е околу 181.858 жители или 10 % од вкупното население на Македонија, според новите граници кои не ги вклучуваат Свети Николе и Лозово.

Попис Население Промена
1994 201.525[2] N/A
2002 181.858 +1.94%

Најголеми населби уреди

Помеѓу најголемите населени места во регионов се:

Ранг Населено место Население
1 Штип 43.652
2 Кочани 28.330
3 Делчево 11.500
4 Виница 10.863
5 Пробиштип 10.816
6 Берово 7.002
7 Македонска Каменица 5.147
8 Пехчево 3.237
9 Злетово 2.477
10 Зрновци 2.221

Етнички групи уреди

Најголемите етнички групи во регионот се Македонците, но тука живеат и:

Број %
Вкупно 203.213 100
Македонци 188.522 92.77
Роми 6.927 3.40
Турци 2.636 1.29
Власи 2.514 1.23
други 2.614 1.28
Забелешка: Податоците се според старите граници на регионот, односно ги вклучува општините Свети Николе и Лозово, кои денес се дел од Вардарскиот Регион.

Наводи уреди

  1. „Источен Регион“. Архивирано од изворникот на 2011-10-03. Посетено на 2011-04-29.
  2. Според старите граници со општините Свети Николе и Лозово.

Поврзано уреди