Историја на белорускиот јазик

Историја на белорускиот јазик е поим со кој се опфаќа истрискиот развој на овој источнословенски јазик.

Белоруски јазик
Беларуская мова
„Белоруска граматика“

Денешниот белоруски јазик бил повторно основан (оживеан) врз основа на говорни остатоци од старобелорускиот јазик. Овие остатоци биле мали дијалекти кои преживеале на територијата на Белорусија. До крајот на 18 век, старобелорускиот јазик бил сè уште присутен меѓу белоруската аристократија во Големото војводство Литванија Јан Чечот, познат белоруски поет и полски аристократ, изјавил дека дури и дедовците од неговото време зборувале на старобелоруски.[1] Како секојдневен, разговорен јазик, белорускиот се користел во помалите градови и во селските средини. Покрај разговорната употреба, јазикот се користел и за усните преданија и за потребите на фолклорот.

Развојот на современиот белоруски јазик во 19 век бил под силно влијание на политичкиот конфликт на териториите на Големото војводство Литванија меѓу руските империјалисти и полската аристократија[2] Една од главните манифестации на овој конфликт била борбата за идеолошка контрола врз образовниот систем. Полскиот и рускиот се воведувале и тргнувале од употреба, а тоа довело до слаба писменост меѓу населението.[3]

Првите две декади на 19 век биле сведоци на големиот просперитет на полската култура и јазик во рамките на Големото војводство Литванија. Тоа довело до владеење на една политичко-кулрурна ера која Адам Микиевич и Владислав Сирокомла ја опишале како „Белоруси по род - Полјаци по избор“. Во овој период биле полинизирани малите аристократски заедници, понатамошно намалување на употребата на белорускиот јазик и фолклоризирање на белоруската култура.[4] Поради државата, народното образование и силната полска контрола, белорускиот образовен елемент започнал да се појавува во 1880-те или 1890-те години.[5]

Стандардизирана граматика уреди

За време на XIX и XX век, не постоела стандардизирана белоруска граматика. Различните белоруски автори пишувале на стандард за кој тие мислеле дека е соодветен. Така, кај авторите, односно писателите, се увидуваат одликите на дијалектите на кои пишувале. Оваа состојба е слична со состојбата на македонскиот јазик во 19 век. Првите научни принципи за воведување и воспоставивање стандардна белоруска граматика биле воспоставени од јазичарот Јефим Карски.

До раните 1910-те години, непостоењето на кодифицирана белоруска граматика станала главна пречка за обединувачките погледи за белорускиот јазик. Во тоа време, рускиот академик Алексеј Шахматов, претседател на Одделот за руски јазик и книжевност на Санктпетербуршкиот државен универзитет, стапил во контакт во уредниците на белоруското списание „Наша нива“ и им предложил под негова супервизија да биде квалификуван еден белоруски јазичар за да може да ја подготви документацијата за белоруската граматика. Првично, познатиот белоруски поет Максим Багданович требало да ја биде дел од иницијативата на рускиот јазичар. Сепак, поради кревкото здравје на Багданович (кој бил болен од туберкулоза) бил спречен да отпатува во Санкт Петербург. Така, на негово место бил назначен Бранислав Тарашкиевич.

Голем интерес за овој процес се пројавил меѓу белоруската заедница. Така, познатиот белоруски поет Јанка Купала му испратил писмо на Тарашкиевич со кое го посоветувал „да побрза со неговата многу потребна работа“. Тарашкиевич работел на подготвувањето на граматиката за време на периодот 1912 до 1917 година. Академците Алексеј Шахматов и Јефим Карски му помогнале на Тарашкиевич при подготовките и изработката. Тарашкиевич завршил со граматиката во есента 1917 година.

Тарашкиевич се соочил со технички проблеми за печатење на граматиката, како на пример недостаток на хартија или квалификуван персонал. Во меѓувреме, сè повеќе се развила идејата за воведување на граматиката во работничките и селските училишта кои биле планирани за отворање во Белорусија. Белорускиот комитет испратил петиција до администрацијата со која се барало печатење на книгата и така, првото издание на „Белоруската граматика за училишта“ била издадена во Вилнус во 1918 година. Тарашкиевич отпатувал во Вилнус во јуни 1918 година и таму била издадена книгата.

Покрај овој значаен обид за издавање на белоруска граматика од страна на Тарашкиевич, постојат уште два други обида за кодифицирање на белоруската граматика. Балјаслав Пачопка подготвил белоруска граматика, а како основно писмо ја користел латиницата. Според Степан Нјекрашевич, граматиката на Пачопка не е научна и го игнорирала принципите на белорускиот јазик. Во 1918 година, за неодредено време, граматиката на Пачопка се користела во одреден број училишта. Покрај Пачопка, заедничка белоруска граматика издале и А Луцкиевич и Ј. Станкиевич, граматика која значително се разликувала од таа на Тарашкиевич во некои клучни аспекти.

Наводи уреди

  1. [Dovnar 1926] Ch. XVII Sec.1
  2. [Dovnar 1926] Ch. XXII Sec.1 p.507
  3. [Dovnar 1926] Ch. XV Sect. 10.
  4. Per (Dovnar 1926), (Smalyanchuk 2001)
  5. [Dovnar 1926] Ch. XV Sect. 7

Поврзано уреди