Историја на ФИФА Светско Првенство

Историјата на ФИФА Светските Првенства започнува од 1930 година. На првиот турнир учествуваат само 13 поканети земји. Денес, светските првенства се третираат како глобален феномен и вклучуваат повеќе од 200 натпреварувачки земји кои учество на турнирот бараат низ двогодишен квалификациски циклус.

Сликата ги прикажува земјите домаќини (со виолетови точки), како и највисоките дострели на земјите учесници на светските првенства.
  Победници
  Второ место
  Трето место
  Четврто место
  Четвртфинале
  Втор круг
  Прв круг
  Сѐ уште не се квалификувале

Првото светско првенство е одржано во Уругвај, земјата која успева и да го освои првиот трофеј по победата над Аргентина со 4:2. Личноста која е најзаслужна за основањето на Светското првенство е французинот Жил Риме (Jules Rimet), поради што од 1950 година, титулата што му се доделува на светскиот шампион го носи неговото име - тоа е златен пехар со тежина од 1.8 килограми, направен од чисто злато. Во 1970 година, Бразил како трикратен освојувач го добива трофејот во трајна сопственост, но него го чува во своите витрини само до 1983 година кога истиот е украден. Во 1971 година претставен е новиот, уште поспектакуларен пехар, едноставно наречен ФИФА Светско првенство. Направен од 18 каратно злато, овој пехар со висина од 36 cm и тежина од 5 кг е дело на италијанскиот дизајнер Силвио Гацанини и е проценет на преку 10 милиони долари вредност. Победникот на секое светско првенство добива идентична позлатена реплика, чија изработка чини повеќе од 50.000 долари.

Победници на Светските Првенства низ историјата уреди

Година Домаќин Финале Натпревар за трето место
Победник Резултат Второ место Трето место Резултат Четврто место
1930
Опширно
  Уругвај  
Уругвај
4–2  
Аргентина
 
САД

 
Југославија

нема[1]
1934
Опширно
  Италија  
Италија
2–1
п.п.
 
Чехословачка
 
Германија
3–2  
Австрија
1938
Опширно
  Франција  
Италија
4–2  
Унгарија
 
Бразил
4–2  
Шведска
1950
Опширно
  Бразил  
Уругвај
[2]  
Бразил
 
Шведска
[2]  
Шпанија
1954
Опширно
  Швајцарија  
Западна Германија
3–2  
Унгарија
 
Австрија
3–1  
Уругвај
1958
Опширно
  Шведска  
Бразил
5–2  
Шведска
 
Франција
6–3  
Западна Германија
1962
Опширно
  Чиле  
Бразил
3–1  
Чехословачка
 
Чиле
1–0  
Југославија
1966
Опширно
  Англија  
Англија
4–2
п.п.
 
Германија
 
Португалија
2–1  
Советски Сојуз
1970
Опширно
  Мексико  
Бразил
4–1  
Италија
 
Западна Германија
1–0  
Уругвај
1974
Опширно
  Западна Германија  
Западна Германија
2–1  
Холандија
 
Полска
1–0  
Бразил
1978
Опширно
  Аргентина  
Аргентина
3–1
п.п.
 
Холандија
 
Бразил
2–1  
Италија
1982
Опширно
  Шпанија  
Италија
3–1  
Западна Германија
 
Полска
3–2  
Франција
1986
Опширно
  Мексико  
Аргентина
3–2  
Западна Германија
 
Франција
4–2
п.п.
 
Белгија
1990
Опширно
  Италија  
Западна Германија
1–0  
Аргентина
 
Италија
2–1  
Англија
1994
Опширно
  САД  
Бразил
0–0
п.п.
(3–2)
пенали
 
Италија
 
Шведска
4–0  
Бугарија
1998
Опширно
  Франција  
Франција
3–0  
Бразил
 
Хрватска
2–1  
Холандија
2002
Опширно
  Јужна Кореја
&   Јапонија
 
Бразил
2–0  
Германија
 
Турција
3–2  
Јужна Кореја
2006
Опширно
  Германија  
Италија
1–1
п.п.
(5–3)
пенали
 
Франција
 
Германија
3–1  
Португалија
2010
Опширно
  ЈАР




2014
Опширно
  Бразил
2018
Опширно
Ќе се одлучи (се очекува Европа)

Белешки уреди

  1. Во 1930 година не се игра натпревар за трето место; САД и Југославија беа поразени во полуфиналињата.
  2. 2,0 2,1 Во 1950 година не се одржува официјален финален натпревар. Победникот на турнирот е одлучен после натпреварите по група меѓу четирите најдобри учесници (Уругвај, Бразил, Шведска и Шпанија). Победата на Уругвај над Бразил со 2-1 (во натпреварот познат како Мараканацо) е одлучувачкиот натпревар на Светското Првенство, а случајно е и еден од двата последни натпревари на првенството, поради што тој се смета за финале на Светското Првенство од 1950 година. Слично, победата на Шведска над Шпанија со 3-1 им овозможува на Швеѓаните да го освојат третото место (натпреварот се игра истовремено со таканареченото финале).

Надворешни врски уреди

Светско првенство во фудбал

Уругвај 1930 | Италија 1934 | Франција 1938 | Бразил 1950 | Швајцарија 1954 | Шведска 1958 | Чиле 1962 | Англија 1966 | Мексико 1970 | Западна Германија 1974 | Аргентина 1978 | Шпанија 1982 | Мексико 1986 | Италија 1990 | САД 1994 | Франција 1998 | Кореја/Јапонија 2002 | Германија 2006 | Јужна Африка 2010 | Бразил 2014 | Русија 2018 | Катар 2022 |

Награди | Историја | Домаќини | Маскоти | Квалификации | Рекорди | Трофеи