Историја на Мавританија

Во текот на 3 век, на територијата на денешна Мавританија започнала миграцијата на берберски племиња, главно од Северна Африка. Во 7 век и 8 век на овие простори дошле Арапите. Во 1076 година, Алморавидите го нападнале и освоиле Ганското царство[1]. Мавританската триесетгодишна војна (16441676) бил неуспешен обид на берберите да ја спречат инвазијата на арапските племиња, главно од кои било племето Бени Хасан. Потомците на ова племе го оформиле високиот слој на мавританското општество. Француската колонизација на почетокот на XX век резултирала со укинување на ропството. Во 1920 година земјата била објавена за колонија на Франција, а од 1946 година за прекуморска територија. Независноста, земјата ја добила на 28 ноември 1960 година. По независноста, во земјата бил наложен еднопартиски систем, изгласувајќи нов устав. Неговата партија останала единствената легална организација во земјата. Претседателот Моктар улд Дада бил избран на таа функција на изборите во 1966, 1971, 1976. Во 1975 година земјата ја анексирала јужната територија на Шпанска Сахара, денеска Западна Сахара. Во 1978 година бил извршен државен удар и на власт дошол Воениот комитет за национална обнова. Следната година раководството на оваа група било протерено за да новите раководители името на организацијата го променат во Воен комитет за национален спас. Последниот воен удар во земјата станал во 2005 година, кога на ело на земјата дошол Воениот совет во името на справедливоста и демокатијата. На референдумот од 2006 година, народот на земјата го одобрил новиот устав според кој се ограничело времето на претседателскиот мандат. Денеска, земјата е член на Арапската лига и Организацијата на африканското едиство и ООН.

Дел од темата Мавританија

Историја на Мавританија

Рана историја
Колонизација
Шпанска Мавританија
Независност
Мавританија

Портал:Мавританија

Наводи уреди

  1. Warner, Rachel. "Historical setting". In Mauritania: A Country Study (Robert E. Handloff, editor). Library of Congress Federal Research Division (June 1988). This article incorporates text from this source, which is in the public domain.