Историја на Австрија

Праисторија уреди

Подрачјето на денешна Австрија било населено уште од најстарите времиња во камената доба. Најпознатиот наод од тоа време е Вилендорфска Венера која била пронајдена во Вилендорф, Долна Австрија. Се проценува дека е стара околу 25.000 години. Подоцна, преку народите од Балканот престигнале сточарството и металната обработка. Популацијата нараснувала сè повеќе и била создадена првата трајна населба.

Најпознатиот праисториски град во денешна Австрија е Халштат, кој својот врв го достигнал во периодот од 750 п.н.е. до 400 п.н.е. Неговата култура, позната како Халштатска култура се развила преку Алпите и Динаридите од Швајцарија до јужните делови на Јадранскиот Полуостров. Од околу 4 век п.н.е. на овие простори се населиле Келтите.

Римско време уреди

Во периодот кога келтите под контрола на Рим се романизирале, на север се населиле германите, мешејќи се со староседелското население. Покрај реката Дунав изградиле тврдини, а една од нив на местото на старата келтска или илирска населба била изградена населбата Виндобона, која денеска е главната престолнина на Австрија, Виена.

Среден век уреди

Со постепеното слабеење на Римската имерија, Австрија била изложена на сè поголемите напади од страна на германските и други народи. Низ Австрија поминувале многу германски народи, оодејќи кон Италија. Во Австрија во западниот дел на земјата во денешен Ворарлберг се населиле Алеманите. Во околу 6 век се појавиле Баварците на запад и Словените и Аварите на исток. Корушка по ова станала една од првите држави на словените, но бргу била ставена по баварска власт, и голем дел од населението ја примила баварската култура. Во времето на Карл Велики, Корушка станала воена база за борбата против словените и аварите. Во 9 век подрачјето било населено со Унгарци, Французите се повлекле кон реката Енс. Во 10 век биле победени Унгарците, и Австрија повторно била вклучена во составот на Баварија. Во 996 година за првпат се споменува името Остарици, од кој доаѓа и германскиот назив за Österreich. Тоа бил почетокот на германската колонизација на источна Австрија.

Хабсбуршка династија уреди

Во 1278 година, кнежевство Австрија било освоено од страна на Хабсбуршката династија. Во следните години, оваа династија станала една од најмоќните во Европа. Во 15 век, тие ја добиле Бургундија, Шпанија и Холандија. Во 1526 година ја наследиле Унгарија, Чешка, Моравија и Хрватска. Османлиското Царство бргу напредувала, и веќе во 1529 година пристигнале пред портите на Виена. Во следните 150 години, овие две големи империи биле во постојан конфликт.

Голем проблем на оваа империја претставувала религиозната основа на христијанството. Поголемиот дел од австрискиот народ биле протестанти. Царот насилно своето население го принудил да го прифати католицизмот. Од 1618 до 1648 година се водела Триесетгодишната војна. Религиозниот воен конфликт набргу се проширил по цела Свето Римско Царство, а кога на страната на протестантите се приклучиле Франција и Шведска, се дошло до голем пораз на царската војска.

Во 1683 година стигнала и втората опсада на Виена од Османлиите. Османлиите биле поразени и принудени да се повлекуваат. По ова, Австрија ги освоила Унгарија и Славонија, како и голем дел од Србија. По победата над протестантите, голем број на верници биле прогонети од империјата. Тие се населиле во Прусија.

Во 1867 година, крал Франц Јосиф го одобрил создавањето на двојната монархија Австроунгарија. Двата дела на таа монархија располагале со единствен парламент. Оваа монархија постоела до крајот на Првата светска војна.

Прва светска војна уреди

Австроунгарија во време на Првата светска војна била на страната на Централните сили. Во текот на Првата светска војна Австроунгарија ја имала една од најсилната пешадиска армија. Биле мобилизирани околу 9 000 000 војници. Австроунгарија во текот на војната била ставена во најлоша положба бидејќи истовремено требала да војна на 4 фронта - Јужен Балкански (Солунски), Романски, Источен (руски) и Италијански фронт. Во почетокот забележала големи успеси. Истовремено, со поразот во војната, Австроунгарија како еден од условите била со сила распарчена од страна на Антантата (ноември 1918 г.). Како главната причина се гледа во стравот на Антантата овие две земји многу брзо да закрепнат од војната, со кое повторно би се создала можеби и уште посилна земја од тогашната Австроунгарија.

По војната од територијата на Австроунгарија биле создадени Чехословачка, Австрија и Унгарија, а дел од нејзините територии припаднале на Полска, Романија, Италија и Југославија.

Втора светска војна уреди

Во 1938 година, германската војска навлегла во Австрија. За време на војната, Австрија била во составот на Силите на оската, кои повторно доживеале пораз.

По војната, во 1955 година, Австрија прогласила независност.

Најнова историја уреди

Австрија од 1 јануари 1995 година е членка на ЕУ. Таа е федеративна полупретседателска република, на чиј врв стои претседател. Парламентот се состои од Национален совет и Федерален совет.