Искар (бугарски: Искър, латински: Oescus, Ескус) — река во западниот дел на Бугарија. Долга е 368 км (најдолгата во земјата) и нејзиниот речен слив опфаќа површина од приближно 8.650 км2. Реката Искар извира од планината Рила и е единствената река која поминува низ Стара Планина. Се влева во реката Дунав во близина на селото Гиген.[1]

Искар
Местоположба
Физички особености
УстиеДунав кај селото Гиген
Должина368 km
Особености на сливот

Реката Искар се формира од спојувањето на три реки: Бел Искар, Лев Искар и Црн Искар. За негов почеток се смета реката Бел Искар, кој извира од Чанакѓолските Езера на надморска висина од 2.500 m.[2].

Реката формира два клисури „Панчаревска“ и „Искарска“, карактеристични со интересни карпести формации на чии падини се сместени бројни манастири. На неа се наоѓаат вештачките езера Искар, Пасарел и Панчарево.

Наводи уреди

  1. www.journey.bg/Река Искр
  2. Трудове на института по хидрология и метеорология том XVI Езерата в България, София, 1964, стр.86

Надворешни врски уреди