Исидор Ајзек Раби

Исидор Ајзек Раби (англиски: Israel Isaac Rabi), роден: Израел Исак Раби (Isidor Isaac Rabi, 29 јули 189811 јануари 1988) — американски физичар и нобеловец, за неговото откритие на јадрената магнетна резонанца во 1944 година, што се користи кај снимањето со магнетна резонанца. Исто така тој бил еден од првите научници во САД кој работел на шупливиот магнетрон, кој се користи кај микробрановите радари и микробрановите печки.

Исидор Ајзек Раби
Раби на фотографија од 1944 година
Роден(а)Израел Исак Раби
29 јули 1898(1898-07-29)
Риманув, Галиција, Австроунгарија (денес Полска)
Починал(а)11 јануари 1988(1988-01-11) (возр. 89)
Њујорк,  САД
Државјанствоамериканско
Полињафизика
УстановиУниверзитет „Колумбија“
МИТ
ОбразованиеУниверзитет „Корнел“
Универзитет „Колумбија“
Докторски менторАлберт Потер Вилс
ДокторандиЏулијан Швингер
Норман Ремзи
Мартин Перл
Познат поЈадрена магнетна резонанса
Рабиев циклус
Рабиев проблем
Поважни наградиНаграда „Њукомбов Кливлендов“ (1939)
Медал „Елиот Кресон“ (1942)
Нобелова награда за физика (1944)
Медал за храброст (1948)
Бернардов медал (1960)
Награда „Атоми за мир“ (1967)
Ерстедов медал (1982)
Медал за јавни придонеси (1985)
Награда „Ванавер Буш“ (1986)
Потпис

Роден е во традиционално еврејско семејство во Риманов, тогаш дел од Австроунгарија. Раби доаѓа во САД како бебе и пораснал во Њујорк во Ловер Ист Сајд. Тој се запишал на универзитетот „Корнел“ да студира електроинжинерство во 1916 година, но набргу се преместил на хемија. Подоцна, се заинтересирал за физиката. Тој го продолжил своето школување на универзитетот „Колумбија“, каде што го добил својот докторат со тема „За магнетната сусцептибилност на одредени кристали“. Во 1927 година, се упатил кон Европа, каде што се запознал и работел со многу од најдобрите физичари во тој период.

Во 1929 година Раби се вратил во САД, каде од универзитетот „Колумбија“ му понудиле работно место на факултетот. Во соработка со Грегори Брејт, тој ја развил Брејт-Рабиевата равенка и предвидел дека Штерн-Герлаховиот експеримент може да биде изменет за да ги потврди својствата на атомско јадро. Неговите техники на користење на јадрена магнетна резонанца за да се распознае магнетниот момент и јадрениот спин на атомите му донеле Нобелова награда за физика во 1944 година. Последователниот развој на снимањето со магнетна резонанца е од големо значење за медицината.

За време на Втората светска војна тој работел на радарот во Зрачната лабораторија на Масачусетскиот институт за технологија и Проектот „Менхетн“. По војната тој служел во советодавниот комитет на Комисијата за атомска енергија, и бил претседател на истата од 1952 до 1956 година.Тој исто така работел и во Научносоветодавниот комитет при Канцеларијата за мобилизација на одбраната, и бил научен советник на преседателот Двајт Ајзенхауер. Тој бил вклучен во основањето на Брукхејвенската национална лабораторија во 1946 година, а подоцна, како американски делегат на УНЕСКО, со создавањето на ЦЕРН во 1952 година. Кога универзитетот „Колумбија“ го вовела занимањето на универзитетски професор, Раби бил првиот назначен со таа титула . Специјалена титула била именувана во негова чест во 1985 година. Тој се пензионирал како предавач во 1967 година но останал активен во одделот и ја имал титулата на почесен универзитетски професор и специјален предавач сè до неговата смрт.

Младост уреди

Израел Исак Раби е роден на 29 јули 1898 во полско еврејско православно семејство во Руманов, Галиција, што тогаш била дел од Австроунгарија, денешнаПолска. Скоро по неговото раѓање, неговиот татко, Давид Раби, емигрирал во Америка. Младиот Раби и неговата мајка, Шајндел, по неколку месеци му се придружиле на Давид. Семејството се сместило во двособен стан во Ловер Ист Сајд во Менхетен. Во домот на семејството се зборувало јидиш. Кога Раби се запишувал во месното училиште, Шајндел рекла дека неговото име е Изи, но школскиот претставник помислил дека тоа е кратко од Исидор, и го запишал како негово име. На тој начин го добил неговото официјално име. Подоцна , како одговор на антисемитизмот, тој почнува да се потпишува како Исидор Исак Раби, и бил професионално познат како И.И.Раби. На повеќето од неговите пријатели и семејство, вклучувајќи ја и неговата сестра Гертруда, која е родена во 1903 година,бил познат како „Раби“, кое се изговарало „Роби“. Во 1907 година, семејството се преселило во Браунсвил, Бруклин, каде што раководеле со самопослуга.[1]

Уште како млад, Раби бил заинтересиран за науката. Тој читал научни книги позајмени од градската библиотека и си изработил соствено радио. Неговиот прв научен труд, за изгледот на микрофонот, објавен во Модерн Електрикс додека тој сè уште бил во основното образование.[2][3] Откако прочитал за Коперниковиот хелиоцентризам, тој станал атеист. „Многу е едноставно. На кого му е потребен господ?“[4] им изјавил на своите родители. Тој се договорил со своите родители, за време на неговата Бар мицва, која се одвивала во неговиот дом, да одржи говор на јидиш за тоа како работи електричното светло. Тојс воето средно образование го завршил во 1916 година[5] во месното средно училиште во Бруклин. Подоцна истата година, тој се запишал на универзитетот „Корнел“ за да студира електроинженерство, но набрзо се префрлил на хемија. По влезот на Америка во Првата светска војна во 1917 година, тој се приклучил на Водот за воена обука на студенти во Корнел. За својата дипломска теза, тој ги истражувал оксидационите состојби на манганот. Му била доделена диплома за наука во јуни 1919 година, но бидејќи на евреите им било забрането да работат во хемиската индустрија и академија, па не добил никакви понуди за работа. Тој работел кратко во Ледерлевите лаборатории како сметководител.[6]

Образование уреди

Во 1922 година Раби се вратил на Корнел како дипломиран хемичар и почнал да учи физика. Во 1923 година тој се запознал со Хелен Њумарк на која и се додворувал, која била студентка на колеџот Хантер. Со цел да биде поблиску до нејзе кога таа ќе се врати дома, Раби ги продолжува неговите студии на универзитетот „Колумбија“, каде негов ментор бил Алберт Вилс. Во јуни 1924 година Раби се вработил како привремен учител во Њујоршкиот градски колеџ. Вилс, чија специјалност била магнетизамот, му предложил на Раби за неговата докторска теза да пишува за магнетната сусцептибилност на натриумовата пареа. Темата не му изгледала привлечна на Раби, но откако Вилијам Лоренс Брег одржал предавање на Колумбија за електричната сусцептибилност на одредени кристали наречени Тутонови соли, Раби решил да ја истражува магнетната сусцептиблиност, а Вилс се согласил да биде негов ментор.[7]

За да се измери магнетната резонанца на кристалите, првично требало да се создадат кристалите, едноставна процедура честопати изведена во основните училишта. Подоцна кристалите требало да се подготват со вешто сечење на делови со засеци кои имале поинаква насока од внатрешната структура на кристалот, и одговорот на магнетното поле требало макотрпно да се измери. Додека неговите кристали растеле, Раби ја прочитал „Расправа за електрицитетот и магнетизамот“ (1873) од Џејмс Кларк Максвел, која го инспирирала да најде полесен метод. Тој спуштил кристал на стаклено влакно поврзано со торзиона пружина во раствор чија магнетна сусцептибилност можела да се смени помеѓу два магнетни пола. Кога ќе се совпаднела со кристалот, магнетот можел да се исклучува и вклучува без да се вознемири кристалот. Новиот метод не само што бил подобар, давал и поточни резултати. На 16 јули 1926 година Раби ја испратил својата теза со наслов „За начелата на магнетна сусцептибилност на кристалите“, во Physical Review . Тој се оженил со Хелена следниот ден. Неговиот труд не привлекол големо внимание во академските кругови, иако бил прочитан од Каријаманичкам Шриниваса Кришнан, кој го искористил методот во своите истражувања на кристалите. Раби заклучил дека треба да ја промовира својата работа како и почесто да ја објавува.[8][9]

Како многу други млади физичари, Раби ги следел монументалните откритија во Европа. Тој бил восхитен од Штерн Герлаховиот експеримент, кој го убедил за важноста на квантната механика. Со Ралф Крониг, Франсис Битер, Марк Земански и други, тој поставил за цел да се употреби Шредингеровата равенка кај симетричните горни молекули и да се определат електричните состојби на таковиот механички систем. Проблемот бил тоа што никој не можел да ја реши произлезената равенка, второстепена парцијална диференцијална равенка. Раби го нашол одговорот во книга од Карл Густав Јакоб Јакоби, математичар од 19 век. Равенката имала облик на хипергеометриска равенка за која Јакоби нашол решение. Крониг и Раби го запишале нивниот резултат и го пратиле до Physical Review, кој го објавиле во 1927 година.[10][11]

Европа уреди

Во мај 1927 година, Раби бил назначен за Бернардов член. Му следувала стипендија од $1500 ($20,434 во 2016[12]) за периодот од септември 1927 година до јуни 1928 година. Тој веднаш се пријавил за годишно отсутво на Њујоршкиот градски колеџ за да може да учи во Европа. Кога тоа било одбиено, тој поднел оставка. Кога пристигнал во Цирих, каде што се надевал да работи со Ервин Шредингер, се запознал со двајца сограѓани, Џулиус Стратон и Лајнус Полинг. Тие дознале дека Шредингер си заминува бидејќи тој бил назначен за шеф на теорискиот иститут во универзитетот „Фридрих Вилхем“ во Берлин. Раби затоа решил да побара да работи со Арнолд Зомерфелд на Минхенскиот универзитет. Во Минхен тој сретнал уште двајца американци, Хауард Робертсон и Едвард Кондон. Зомерфелд го примил Раби како подокторски студент. Германските физичари Рудолф Пајерлс и Ханс Бете исто така работеле со Зомерфелд во тој период , но тројцата американци станале особено блиски.[13]

Следејќи го советот од Вилис, Раби отпатувал во Лидс на 97-от годишен совет на Британското здружение за напредок на науката, каде го слушнал Вернер Хајзенберг како го презентира неговиот труд за квантната механика. Подоцна, Раби се преселува во Копенхаген, каде волентирал да работи со Нилс Бор. Бор бил на одмор, но Раби веднаш почнал да работи на пресметување на магнетната сусцептибилност на молекуларениот водород. Во октомври Бор се вратил од одмор, па организирал Раби и Јошио Нишина да продолжат да работат со Волфганг Паули на Хамбуршкиот универзитет.[14]

Иако тој дошол во Хамбург да работи со Паули, Раби се сретнал со Ото Штерн кој работел со двајца подокторски студенти кои говореле англиски, Роналд Фрејзер и Џон Бредшо Тејлор. Раби наскоро се спријателил со нив и се заинтересирал за молекуларено зрачните експерименти[15], за кои Штерн добил Нобелова награда за физика во 1943 година.[16] Нивното истражување вклучувало променливи магнетни полиња, кои биле тешки за работа и било тешко да се измерат прецизно. На Раби му дошла идејата да се користат постојани полиња, при што молекуларниот зрак упаѓал под мал агол, така што атомите би се одбивале како светлината низ призма. Овој метод бил полесен за употреба, и би се добивале поточни резултати. Охрабрен од Штерн и потпомогнат од Тејлор, Раби успеал да ја реализира својата идеја. По совет на Штерн, Раби напишал труд кој го испратил за објавување до Nature, кое го објавил во февруари 1929 година[17], по што следел труд „Zur Methode der Ablenkung von Molekularstrahlen“ („За методот на одбивање на молекуларните зраци“) објавен во април во Zeitschrift für Physik.[18]

По истекувањето на неговата стипендија Раби и Хелен живееле со $182 месечна стипендија од фондацијата „Рокфелер“. Тие го напуштиле Хамбург и заминале во Лајпциг, каде се надевал дека ќе работи со Хајзенберг. Во Лајпциг, тој се сретнал со Роберт Опенхајмер,негов колега од Њујорк. Тоа бил почетокот на долгото пријателство. Меѓутоа, Хајзенберг заминал на посета на САД во март 1929 година, па Раби и Опенхајмер решиле заминат во ЕТХ Цирих, каде Паули веќе бил професор по физика. Образованието на Раби за физиката било збогатено од врвните физичари со кои се запознал таму, меѓу кои биле Пол Дирак, Валтер Хеитлер, Фриц Лондон, Франсис Вилер Лумис, Џон фон Нојман, Џон Слејтер, Лео Силард и Јуџин Вигнер.[19]

Лабораторија за молекуларни зраци уреди

На 26 март 1929 година, Раби добил понуда за професор на универзитетот „Колумбија“, со годишна плата од $3,000. Деканот на оддел за физика, Џорџ Пеграм, барал теоретски физичари да предаваат статистичка механика и напредени педавања за новит предмет квантна механика, при што Хајзенберг го предложил Раби. Хелен сега била бремена и на Раби му била потребна редовна работа, а оваа работа била во Њујорк. Тој прифатил и се вратил во САД во август[20]. Раби бил единствениот еврејски член на факултетот во тој период.[21]

Како професор Раби, бил неисполнителен. Леон Ледермен спомнува дека по неговите предавања, студентите се упатувале кон библиотеката за да се обидат да одгатнат за што предавал Раби. Ирвинг Каплан ги сметал Раби и Херолд Уреј за „најлоши предавачи што некогаш живееле.[22]Норман Ремзи ги сметал предавањата на Раби за „многу ужасни“, додека Вилијам Ниренберг сметал дека тој е „едноставно лош предавач“.[23] И покрај своите недостатоци како предавач, неговото влијание било големо. Тој инспирирал многу од неговите студенти да се посветат на физиката, а некои од нив станале и познати физичари.[24]

 
Раби со нобеловците Ернест Лоренс (лево) и Енрико Ферми (центар)

Првата ќерка на Раби, Хелен Елизабет, е родена во септември 1929 година.[25] Второто девојче, Маргрет Џоела, се родила во 1934 година.[26] Со обврските поврзани со семејството и предавањата, тој немал време за истражувања, но сепак бил унапреден за помошник професор. Во 1937 година тој станува професор.[27]

Во 1931 година Раби повторно започнал да изведува експерименти со честични зраци. Во соработка со Грегори Брејт, тој ја развил Брејт-Рабиевата равенка, и предвидел дека Штерн-Герлаховиот експеримент може да се измени за да ги потврди својствата на атомско јадро.[28] Слениот чекор било и тоа да се направи. Со помош на Виктор Коен,[29] Раби направил уред за молекуларни зраци на универзитетот „Колумбија“. Ниванта идеја била да се корсти слабо наместо силно магнетно поле, со што се надевале дека ќе го откријат јадрениот спин на натриумот. Кога го извеле експериметот, тие заклучиле дека јадрениот спин изнесува 32.[30]

Молекуларната зрачна лабораторија на Раби започнала да привлекува и други, вклучувајќи го и Сидни Милман, дипломец кој го проучувал литиумот за неговиот докторски труд.[31][32] Друг истражувач бил Џеролд Захаријас, кој, верувал дека јадрото на натриумот сложено за истражување па предложил да се проучува наједноставниот елемент, водородот. Во 1931 одина бил откриен изотопот на водородот девтериум од страна на Уреј, кој добил Нобелова награда за Хемија во 1934 година за ова негово откритие. Уреј ги снабдил со тешка вода и девтериумски гас за нивните експерименти. И покрај едноставноста, Штерновата група во Хамбург забележале дека водородот не се однесува според предвиденото.[33] Уреј исто тако помогнал и на друг начин, тој донирал половина од паричната награда на Раби за да ја финансира Лабораторијата за молекуларни зраци.[34] Други научници чии кариери започнале во Лабораторијата се: Норман Ремзи, Џулијан Швингер, Џером Келог и Поликарп Куш.[35] Сите биле мажи, Раби не верувал дека жените можат да бидат физичари. Тој никогаш немал докторски или подокторски студент од понежниот пол, и главно се противел жените да работат на факултетот.[36]

По предлог од Корнелис Гортер, екипата се обидела да користи осцилирачко поле.[37] Ова станало основа за методот на јадрена магнетна ресонзанца. Во 1937 година, Раби, Куш, Милман и Захаријас го користеле за мерење на магнетниот момент на неколку раствори на литиумот со молекуларни зраци, вклучувајќи ги LiCl, LiF и дилитиум.[38] Користејќи го методот на водородот, тие откриле дека моментот на протонот е 2,785±0,02 јадрени магнетони,[39] кој не изнесувал 1 како што се предвидувало со дотогашната теорија,[40][41] додека на деутронот е 0,855±0,006 јадрени магнетони. Ова овозможило попрецизни мерења на откритијата на Штерновата екипа, а потврдени од екипата на Раби во 1934 година.[42][43] Бидејќи девтериумот е составен од протон и неутрон со подредени спинови, неутронскиот магнетен момент може да се пресмета каком разлика на магнетните моменти на девтериумот и протонот. Резултатот не бил нула и имал спротивен знак од оној на протонот. Засновајќи се на овие прецизни мерења, Раби предложил дека деутронот имал електричен квадриполен момент.[44] Откритието значело дека физичкиот облик на деутронот не е симтричен, што обезбедило важен увид во природата на јадрената сила која ги сврзувала нуклеоните. За создавање на методот на молекуларено зрачна магнетна резонанца, Раби бил награден со Нобелова награда за физика во 1944 година.[45]

Втора светска војна уреди

 
Оригиналниот шуплив магнетрон развиен од Џон Рандал и Хари Бут од Бирмингемскиот универзитет

Во септември 1940 година Раби станал член на Научниот советодавен комитет при американската воена Балистичка истражувачка лабораторија. Истиот месец британската мисија „Тизард“ донела повеќе нови технологии во САД, меѓу кои бил и шупливиот магнетрон, високоенргетски уред кој создавалмикробранови користејќи го заемодејството на потокот на електрони и магнетното поле. Овој уред го револуционизира радарот, ги уништил замислите на америкаците за нивното технолошко водство. Алфред Ли Лумис од Националниот комитет за одбранбено истражување решил да основа нова лабораторија на Масачусетскиот институт за технологија за развој на оваа радарска технологија. Името Зрачната лабораторија била избрано како незначително и искажува почит кон Лоренс-Берклиевата национална лабораторија. Лумис го избрал Ли Дубриџ за раководител на истата.[46]

Лумис и Дубриџ барале физичари за новата лабораторија на конференција за примена на јадрената физика на МИТ во октомври 1940 година. Меѓу волентирите се пријавил и Раби. Неговата задача била да го проучува магнетронот, кој бил толку голема тајна што морало да се чува во сеф.[47] Научниците во Зрачната лабораторија се фокусирале на изработка на микробранов радар до 6 јануари 1941 година, и требале да инсталираат прототип во Даглас А-20 Хавок до март истата година. Ова било постигнато, а технолошките пречки полека се надминувале, и се произвеле збир на микробранови радари. Магнетронот бил развиен со цел да се овозможи намалување на брановата должина од 150 cm до 10 cm, а подоцна 3 cm. Лабраторијата подоцна развила радар воздух-земја за откривање на подморници, како и СЦР-584 радарот за контрола на стрелбата, и ЛОРАН, далечински радионаведувачки систем.[48] По настојувањето на Раби, дел од Зрачната лабораторија бил сместен на универзитетот „Колумбија“, при што Раби бил поставен за раководител.[49]

Во 1942 година Опенхајмер се обидел да ги цклучи Раби и Роберт Бахер да работат за Лабораторијата во Лос Аламанос на нов таен проект. Тие го убедиле Опенхајмер дека неговиот план за воена лабораторија не би функционирал бидејќи научениот труд треба да биде граѓански. Планот бил изменет, и новата лабораторија би била цивилна, водена од Калифорнискиот универзитет под договор склучен со министерството за војна на САД. На крај, Раби сепак не заминална запад, но се согласил да биде консултант на Проектот „Менхетн“.[50] Раби бил присутен и на јадрената проба Тринити во јули 1945 година. Научниците кои работеле на Тринити направиле облог за исходот на тестот, со предвидувања од ништо до 45 килотони изразени преку ТНТ. Раби задоцнил и единствениот слободен облог бил 18 килотони, и се обложил на таа вредност.[51] Носејќи очила за заварување, го чекал резултатот заедно со Ремзи и Енрико Ферми.[52] Експлозијата бил оценета дека имала јачина од 18,6 килотони, и Раби го добил облогот.

Подоцнежен живот уреди

Во 1945 година, Раби го одржал говорот во спомен на Флојд Рихтмаер во Американското друштво на професори по физика, каде предложил дека магнетната резонанца на атомите може да се користи како основа за часовник. Вилијам Лоренс напишал за Њујорк Тајмс, под наслов „Планирано космичко клатно за часовник“[53] Долго пред Закаријас и Ремзи да го направат атомскиот часовник,[54] Раби ја истражувал магнетната резонанција до 1960 година, но и подоцна се појавувал на семинари и собири, сè до неговата смрт.[55][56]

 
Раби со другите добитници на Нобелова награда Џон Бардин (лево) и Вернер Хајзенберг (десно) во 1962 година

Раби бил претседател на одделот за физика на универзитетот „Колумбија“ од 1945 година до 1949 година. Кој во тој период бил дом на двајца нобеловци (Раби и Енрико Ферми), а подоцна и на уште единаесет добитници, вклучувајќи ги Поликарп Куш, Вилис Лем, Марија Геперт-Мајер, Џејмс Рејнвотер, Норман Рамзи, Чарлс Таунс, Хидеки Јукава, Оге Бор, Ханс Бете, Леон Ледерман, Леон Купер[57] и Мартин Л. Перл, студент на Раби кој ја добил Нобеловата награда во 1995 одина.[58] Кога на Колумбија била воведена титулата професор во 1964 година, Раби бил првиот кој гсе стекнал со таа титула. Ова значело дека имал слобода да истражува или предава што сака.[59] Престанал со предавањата во 1967 година, но останал активен во полето како почесен универзитетски професор сè до неговата смрт.[60] Специјално работно место били именувано во негова чест во 1985 година.[61]

Наследството од проектот „Менхетен“ била мрежата на национални лаборатории на САД, но ниту една од нив не се наоѓала на источниот брег. Раби и Ремзи убедиле група на универзитети од областа на Њујорк да се залагаат за сопствена лабораторија. Кога Закаријас, тогаш на МИТ, слушнал за ова, основал противничка група на МИТ и Харвард. Раби иразговорал со бригадниот генерал Лесли Гроувс, кој го раковедел проектот, кој се согласил да има нова лабораторија, но само една. Додека сè уште бил финансиран проектот „Менхетен“, се очекувало дека ќе се замени воениот персонал со појавата на нов раководител. По многу дискусии и залагање од страна на Раби и останатите, двете групи се здружиле во јануари 1946 година. Конечно биле споени деветте универзитети (Колумбија, Корнел, Харвард, Џонс Хопкинс, МИТ, Принстон, Пенсилванија, Рочестер и Јеил) и на 31 јануари 1947 година, бил потпишан договор со Комисијата за атомска енергија, која го заменила проектот „Менхетен“, и ја основале Брукхејвенската национална лабораторија.[62]

 
Раби со другите добитници на Нобеловата награда (од лево кон десно) Вал Фич, Џејмс Кронин, Семјуел Тинг и Џенинг Јанг

Раби му предложил на Едоардо Амалди дека Брукхејвен може да биде модел кој може да го следат и Европејците. Раби ја гледал науката како пат кој може да ја инспирира и обедини Европа, која сè уште закрепнувала од војната. Можност се јавила во 1950 година кога бил именуван за американски делегат на УНЕСКО. На собирот на УНЕСКО во Фиренца во јуни 1950 година, побарал да се изградат регионални лаборатории. Овие напори не биле залудни, и во 1952 година, претставници од единаесет држави се здружиле за да го создадат Conseil Européen pour la Recherche Nucléaire (ЦЕРН). Подоцна Раби добил писма од Бор, Хајзенберг, Амалди и другите, кои му ги честитале успесите.[63]

Според актот за атомска енергија од 1946 година, со кој била создадена Комисијата за атомска енергија , требало да има комитет од девет луѓе кои ќе ја советуваат комисијата за научни и технички работи. Раби бил назначен за член на овој комитет во декември 1946 година. [64] Овој комитет бил многу значаен при крајот на 1940-тите, но во 1950 година, едногласно се противеле на развојот на водородната бомба. Раби, заедно со Ферми, се противел на водородната бомба и од морални и од технички причини. [65] Но, претседателот Хари Труман, го надгласал мислењето на комитетот, и наредил да се продолжи со развојот на бомбата. [66] Раби подоцна изјавил:

Никогаш не му простив на Труман што попушти под притисокот. Тој не разбираше за што се работи. Всушност, откога тој престана да биде претседател, сè уште не веруваше дека русите имаат бомба во 1949-та.Самиот го кажа тоа. Кажувајќи му на светот дека ќе направиме водородна бомба во период кога сè уште не знаевме како, беше едно од најлошите нешта што можеше да ги направи. Ова ги покажува опасностите на ваквите работи.[67]

Опенхајмер не бил повторно избран во комитетот по истекот на мандатот во 1952 година, и Раби го наследил како претседател, сè до 1956-та.[68] Раби подоцна сведочел на страна на Опенхајмер пред Комисијата за атомска енергија во 1954 година, но сепак му биле одземени овластувањата на Опенхајмер. Многу сведоци го поддржувале Опенхајмер, вклучувајќи го и Раби, кој рекол:

Не ми изгледа на мене дека има потреба од вакви судски постапки против човек кој постигнал толку многу, како Д-р Опенхајмер. Постојат позитивни докази кои потврдуваат дека имаме атомска бомба и тоа низа од нив, имаме и низа на супербомби, и што сакате повеќе, морски сирени?[69][70]

Раби бил назначен за член на Комитетот за научно советување (КНС) при канцеларијата за одбранбена мобилизација во 1952 година, и служел како негов претседател од 1956 до 1957 година.[71] Ова се совпаднало со кризата поврзана со Спутник. Претседателот Двајт Ајзенхауер се сретнал со КНС на 15 октомври 1957 година, за да се посоветува за можните мерки кои би ги презеле САД во врска со рускиот успех со сателитот. Раби, кој го познавал Ајзенхауер кога бил претседател на универзитетот „Колумбија“, бил првиот кој проговорил, и дал неколку предлози, еден од кои бил да се зајакне комитетот за да може да биде советуван претседателот што е можно најбрзо. Ова било и сторено, и КНС станал Комитетот за научно советување на претседателот по само неколку недели. Исто така, Раби станал научен советник на Ајзенхауер.[72] Во 1956 Раби учествувал во Проектот „Нобска“, конференција за противподморнички воени техники, каде се дискутирало за се од океанографијата до јадрените оружја.[73] Тој бил и американски претставник на научниот комитет на НАТО во времето кога првпат се појавило софтверското инженерство. Кога бил претставник, се жалел зошто голем број од софтверските проекти биле одложувани. Поради ова имало повеќе дискусии кои довеле до создавањето на група која ја организирала првата конференција за софтверско инженерство.[74]

За време на својот живот, Раби добил многу почести покрај Нобеловата награда. Меѓу најважните се Медалот „Елиот Кресон“ од Френклиновиот институт во 1942 година,[75] Медалот за заслуги и Кралевиот медал за служба во име на слободата од Велика Британија во 1948 година, станал офицер во француската Легија на честа во 1956 година,[76] Бернардовиот медал за заслуги во науката од универзитетот „Колумбија“ во 1960 година,[77] Меѓународниот златен медал „Нилс Бор“ и наградата „Атоми за мир“ во 1967 година, Ерстедов медал од американското друштво на професори по физика во 1982 година, наградата „Четири слободи“, од институтот „Френклин и Еленор Рузвелт“, Медал за јавна благосостојба од Националната академија на науките во 1985 година и наградата „Ваневар Буш“ од Националната научна фондација во 1986 година.[76][78] Бил член на Американското друштво на физичари, и негов претседател во 1950 година, и член на Националната академија на науките, Американското филозофско друштво, и Американската академија на уметностите и науките. Бил почестен и меѓународно со членства во Јапонската академија и Бразилската академија на науките, а во 1959 година бил назначен за член на одборот на гувернери на Вајцмановиот научен институт во Израел.[27]

Раби починал во својот дом во Риверсајд Драјв, Менхетен, од рак на 11 јануари 1988 година.[61][55] Бил надживеан од својата сопруга Хелен, која починала на возраст од 102 години на 18 јуни 2005.[79] Во последните моменти од животот бил потсетен на неговото најголемо постигнување на трогателен начин, во моментот кога докторите го снимиле со магнетна резонанца, технологија развиена од неговите истражувања во полето на јадрената резонанција. На машината можел да го види својот одраз, и изјавил: „Се видов себеси во таа машина... Никогаш не помислив дека мојата работа ќе придонесе толку многу.“ [80]

Книги уреди

  • Rabi, Isidor Isaac (1960). My Life and Times as a Physicist. Claremont, California: Claremont College. OCLC 1071412.
  • Rabi, Isidor Isaac (1970). Science: The Center of Culture. New York: World Publishing Co. OCLC 74630.
  • Rabi, Isidor Isaac; Serber, Robert; Weisskopf, Victor F.; Pais, Abraham; Seaborg, Glenn T. (1969). Oppenheimer: The Story of One of the Most Remarkable Personalities of the 20th Century. Scribner's. OCLC 223176672.

Наводи уреди

Белешки уреди

  1. Rigden 1987, pp. 17–21.
  2. Rigden 1987, p. 27.
  3. Ramsey 1993, p. 312.
  4. Rigden 1987, p. 23.
  5. Rigden 1987, pp. 27–28.
  6. Rigden 1987, pp. 33–34.
  7. Rigden 1987, pp. 35–40.
  8. Rigden 1987, pp. 41–45.
  9. Rabi 1927, pp. 174–185.
  10. Rigden 1987, pp. 50–53.
  11. Kronig & Rabi 1928, pp. 262–269.
  12. "Consumer Price Index (estimate) 1800–" Архивирано на 1 февруари 2016 г.. Federal Reserve Bank of Minneapolis. Retrieved November 10, 2015.
  13. Rigden 1987, pp. 55–57
  14. Rigden 1987, pp. 57–59.
  15. Rigden 1987, pp. 60–62.
  16. Toennies et al. 2011, p. 1066.
  17. Rabi 1929a, pp. 163–164.
  18. Rabi 1929b, pp. 190–197.
  19. Rigden 1987, pp. 65–67.
  20. Rigden 1987, pp. 66–69.
  21. Rigden 1987, p. 104.
  22. Rigden 1987, p. 71.
  23. Rigden 1987, p. 72.
  24. Rigden 1987, pp. 71–72.
  25. Rigden 1987, p. 70.
  26. Rigden 1987, p. 83.
  27. 27,0 27,1 „Isidor Isaac Rabi - Biographical“. Nobel Media. Посетено на 17 August 2012.
  28. Rigden 1987, p. 80.
  29. "Obituary: Victor William Cohen" Архивирано на 27 септември 2013 г.. Physics Today 28(1): 111–112. January 1975. Bibcode:1975PhT....28a.111
  30. Rigden 1987, pp. 84–88.
  31. Millman 1977, p. 87.
  32. Rigden 1987, pp. 88–89.
  33. Goldstein 1992, pp. 21–22.
  34. Rigden 1987, p. 90.
  35. Goldstein 1992, p. 23.
  36. Rigden 1987, p. 116.
  37. Goldstein 1992, pp. 33–34.
  38. Rabi et al. 1939, pp. 526–535.
  39. Kellogg et al. 1939, p. 728.
  40. Rigden 1987, p. 115.
  41. Breit & Rabi 1934.
  42. Rabi, Kellogg & Zacharias 1934a, pp. 157–163.
  43. Rabi, Kellogg & Zacharias 1934b, pp. 163–165.
  44. Rigden 1987, pp. 112–113.
  45. Goldstein 1992, p. 36.
  46. Conant 2002, pp. 209–213.
  47. Rigden 1987, pp. 131–134.
  48. Rigden 1987, pp. 135–135.
  49. Rigden 1987, p. 143.
  50. Hewlett & Anderson 1962, pp. 230–232.
  51. Rhodes 1986, p. 656.
  52. Rigden 1987, pp. 155–156.
  53. Isidor I. Rabi, "Radiofrequency spectroscopy" (Richtmyer Memorial Lecture, delivered at Columbia University in New York, on 20 January 1945). See also: "Meeting at New York, January 19 and 20, 1945" Physical Review, vol. 67, pp. 199–204 (1945). See also: Laurence, William (21 January 1945). 'Cosmic pendulum' for clock planned“ (PDF). New York Times. стр. 34. Посетено на 15 June 2012.
  54. Rigden 1987, стр. 170–171.
  55. 55,0 55,1 Ramsey 1993, стр. 319.
  56. Rigden 1987, стр. 15.
  57. „Columbia Nobels“. Columbia University. Архивирано од изворникот на 29 October 2012. Посетено на 16 June 2012.
  58. „Martin L. Perl - Biographical“. Nobel Media. Посетено на 19 March 2016.
  59. Rigden 1987, стр. 68.
  60. „Isidor Isaac "I. I." Rabi“. Array of Contemporary American Physicists. Архивирано од изворникот на 2012-10-17. Посетено на 16 June 2012.
  61. 61,0 61,1 Berger, Marilyn (12 January 1988). „Isidor Isaac Rabi, a Pioneer in Atomic Physics, Dies at 89“. The New York Times. стр. A1, A24.
  62. Rigden 1987, стр. 182–185.
  63. Rigden 1987, стр. 235–237.
  64. Hewlett & Anderson 1962, стр. 648.
  65. Hewlett & Duncan 1969, стр. 380–385.
  66. Hewlett & Duncan 1969, стр. 403–408.
  67. Rigden 1987, стр. 246.
  68. Hewlett & Duncan 1969, стр. 665.
  69. Rigden 1987, стр. 227.
  70. Wellerstein, Alex (16 January 2015). „Oppenheimer, Unredacted: Part II“. Restricted Data: the Nuclear Secrecy Blog. Посетено на 1 February 2015.
  71. „White House Science Advisers“. Array of Contemporary American Physicists. Архивирано од изворникот на 2013-07-22. Посетено на 16 June 2012.
  72. Rigden 1987, стр. 248–251.
  73. Friedman 1994, стр. 109–114.
  74. MacKenzie 2001, стр. 34.
  75. „Isidor Isaac Rabi“. The Franklin Institute. Посетено на 19 March 2016.
  76. 76,0 76,1 Ramsey 1993.
  77. „Rabi Awarded Barnard Medal“. Physics Today. 13 (8): 52. August 1960. Bibcode:1960PhT....13h..52.. doi:10.1063/1.3057088. ISSN 0031-9228.
  78. „Public Welfare Award“. National Academy of Sciences. Посетено на 18 February 2011.
  79. „Paid Notice: Deaths Rabi, Helen Newmark“. The New York Times. June 21, 2005. ISSN 0362-4331. Посетено на January 23, 2016.
  80. Rigden 1987, стр. xxi–xxii.

Надворешни врски уреди