Интерстелар (филм)

Интерстелар (англиски: Interstellar) или Меѓуѕвезден — епски, научнофантастичен филм од режисерот Кристофер Нолан. Поставена е во иднината, каде што човештвото се бори за да преживее. Филмот следи група астронаути што патуваат низ црни дупки во потрага по нов дом за човештвото.

„Интерстелар“
Филмскиот плакат на македонски
РежисерКристофер Нолан
Продуцент
Сценарист
Главни улоги
МузикаХанс Зимер
КинематографијаХојте вон Хојтема
МонтажаЛи Смит
Дистрибутер
Премиераоктомври 26 2014 (2014-10-26) (TCL Chinese Theatre)
ноември 5 2014 (2014-11-05) (United States)
ноември 7 2014 (2014-11-07) (United Kingdom)
Времетраење169 минути
Земја
Јазиканглиски
Буџет$165 милиони
Бруто заработка$675.1 милиони[2]

Браќата Кристофер и Џонатан Нолан го напишале сценариото, инспирирано од сценарио што го напишал Џонатан во 2007 година. Нолан го режисирал филмот со неговата сопруга, Марија Томас, преку нивната компанија за производство Синкопа и со Линда Обст преку Линда Обст Продукција. Теоретскиот физичар од Калтех, Кип Торн бил извршен продуцент, научен консултант, и напишал дел во книгата (Науката за Интерстелар). Парамонт Пикчрс, Ворнер Брос и Легендарни Пикчрс го ко-финансирале филмот. Кинематограферот Хојте ван Хојтема го снимил филмот со 35 mm во анаморфен формат и IMAX 70 mm. Главното снимање започнало кон крајот на 2013 во Алберта, Исланд и Лос Анџелес. Филмот користел многу минијатурни ефекти, додека компанијата Двојно Негативен создал дополнителни дигитални ефекти.

Премиерата на Интерстелар била на 26 октомври, 2014 година, во Лос Анџелес. Во сад, бил за првпат  објавен на филмските акции. Филмот бил успешен, со светско бруто над $675 милиони евра, што го прави на 10-ти филм со највиоко бруто за 2014 година.

Филмот добил многу позитивни критики, особено во однос на нејзината научно фантастична тематика, визуелните ефекти, музичката и на глумечките изведби, иако некои критичари се разочарале. На крајот тој се појавил на неколку филм листи за 2014 година како најдобар филм, и добил неколку награди и номинации. На 87-мите Академски Награди, филмот освои Оскар за Најдобри Визуелни Ефекти, и беше номиниран за Најоригинален, Најдобра Музика и Најдобар Дизајн.

Содржина уреди

Во средината на XXI век, житни болести и бури почнале да му се закануваат на човештвото. Јосиф Купер, вдовец и поранешен пилот за НАСА, работи на фарма со неговиот свекор, неговиот син Том, и ќерка му Марфи. Бидејќи живеат во невистинито општество (Купер ја учи Марфи дека Аполо мисиите не биле лажни), Купер ја учи Марфи внимателно да набљудува и да памти на она што го гледа. Тој подоцна одкрива дека шемите испишани во прашина, што Марфи првично мисли дека е дух, се резултат од гравитациските варијации кои се преведуваат во географски координати. Овие координации го водат до тајна НАСА база на чело со поранешниот надзорник на Купер, Проф. д-р Јован Бренд.

Бренд објаснува дека пред 48 години се појавила црна дупка во близина на Сатурн, отворајќи го патот кон далечна галаксија со дванаесет планети слични на земјата кои се наоѓаат во близина на црната дупка наречена Гаргантуа. Волонтери претходно патувале низ црната дупка за да проверат планетите, со Милер, Едмундс, и Ман и се вратиле со посакуваните резултати. Планот А е да се развие нова теорија на гравитациското движење, што би овозможил масовен егзодус од Земјата. Планот Б е лансирањето на летало со 5,000 замрзнати ембриони да колонизираат една планета и да се спаси човештвото. Купер е регрутиран за пилот на леталото и ја прифаќа мисијата иако Марфи му се спротивставува. Бидејќи таа одбива да го види, тој го остава својот рачен часовник за да си го споредуваат нивните релативни времиња кога тој ќе се врати.

Екипажот се состои од Купер, роботите TARS и CASE, и научниците, проф. д-Р Амелија Бренд (Ќерка му на проф. д-р Бренд), Ромили, и Дојл. По преминувањето низ црната дупка, Купер, Дојл, и Бренд слетуваат да ја испитаат планетата Милер, каде времето екстремно проширено. Слетувајќи во плитка вода тие ги нашле само остатоците од експедицијата на Милер, еден џиновски бран го убива Дојл и ги полни моторите на леталото. Сè додека моторите не се рестартираат, тие откриваат дека поминале 23 години на земјата. Имајќи доволно гориво само за една од другите две планети, тие гласаат да одат на планетата што ја препорачува Ман.

По пат, тие добиваат пораки од Земјата. Марфи Купер е сега научник и работи за План А. На својата смртна постела, Проф. д-р Бренд, и кажува дека Планот Б бил неговиот единствен вистински план, знаејќи дека Планот А не бил возможен без забелешки за гравитациските особености на црна дупка.

На планетата на Ман, тие го оживуваат од критостаза. Тој ги убедува дека колонизација е можна покрај екстремната средина. На екскурзија низ планетата, Ман се обидува да го убие Купер и открива дека тој фалсификувал податоци со надеж дека ќе биде спасен. Тој го краде возилото на Купер и тргнува кон леталото. Бренд го спасува Купер со друго возило и се тркаат до леталото. Ман е убиен во неуспешна операција за слетување, сериозно оштетувајќи го леталото. Преку тешкиот маневар, Купер повторно станува главен.

Со недоволно гориво, тие се решаваат со метод на чатал да ја заобиколат Гаргантуа. Во процесот, Купер и TARS мора да ги остават нивните возила за да се овозможат Бренд и CASE да стигнат до планетата на Ермундс. Наоѓајќи се во хоризонтот на Гаргантуа, тие ќе се најдат во тесеракт, можеби изграден од страна на луѓето во далечната иднина. Купер може да гледа преку полиците во собата на Марфи на Земјата, низ време, слабо комуницирајќи преку нејзината гравитација. Тој сфаќа дека тој сега (и порано бил) "духот" на Марфи. Тој користи моров код да ја манипулира втората стрелка на рачниот часовник кој и го даде пред да замине, давајќи и ги на Марфи  сите податоци кои TARS ги собрал, кои се потребни за да се решат гравитаците равенки на Бранд.

Тесеракт, по завршување на негова мисија, ќе колабира и ќе ги одфрли Купер и TARS. Купер се буди на огромна станица која кружи околу Сатурн. Тој се сретнува со неговата ќерка, која е стара близу смртта. Марфи го потсетува Купер дека Амелија Бренд е сама на планетата. Купер и TARS земаат летало да се приклучат на Бренд и на CASE, кои ја поставуваат човековата колонија на планетата на Едмундс.

Наводи уреди

  1. „Film: Interstellar“. LUMIERE. Посетено на November 8, 2017.
  2. „Interstellar (2014)“. Box Office Mojo. Посетено на August 29, 2015.

Поврзано уреди

Надворешни врски уреди