Индустриски култури

Поимот индустриски култури опфаќа група 4 на земјоделски култури чие производство служи како суровина во прехранбената и другите лесни индустрии.

Поле со памук

За разлика од житните (цереалии) и мешункастите (бобови), културите од оваа група припаѓаат на различни ботанички семејства и значително се разликуваат, како според морфолошките одлики, така и според биолошките услови и технологијата и начинот на одгледување.

Групи уреди

Културите кои се сметаат за индустриски, се обединети во следните подгрупи:

Значење уреди

Индустриски култури имаат големо влијание врз економијата на една земја, бидејќи обезбедуваат суровини за производство, што битно ја намалува потребата за увоз.

Освен тоа, со одгледувањето на индустриските култури се овозоможува подигање на приходите од земјоделското поризводство и се обезбедува економски развој за руралните средини.

Примери на индустриски култури уреди

Пример за индустриски култури се земјоделските култури од кои се добива суровина за производство на влакна за облека. Такви се лен, коноп, памук, тутун или свила. Влакнодајните култури се меѓу најчестите и најзастапените индустриски култури. Тие се различни од културите кај кои плодовите можат веднаш да се користат и кои во одредени моменти произведуваат и суровини за индустријата.

Негативни ефекти уреди

Негативните ефекти од производството на индустриски култури не се поради самите растенија кои се одгледуваат, туку од користењето хемиски средства и механизација за да се стимулира растот и приносот на овие култури [1]. На тој начин, со испуштање отровни материи и гасови, се врши загадување на почвата, водата и воздухот, а на долг рок и на самите производи.

Галерија уреди

Надворешни врски уреди

Наводи уреди