Индекс на глобализација

Индексот на глобализација, што го подготвуваат корпорацијата А.Т. Кирни и списанието "Форин полиси", сопственост на Карнегиевата фондација за меѓународен мир, поблиску се концентрира на глобализацијата преку процена на промените на нејзините најбитни компоненти - ангажманот во меѓународните односи и политичките одлуки, трговијата и протокот на финансии, движењето на луѓето, идеите и информациите преку границите. Индексот ги следи овие промени во 62 напредни економии и пазари во развој.

Трговска отвореност во 2017 година

Индикаторите за 62-те земји се поделени во четири основни категории: економска интеграција, технологија, личен контакт и политички ангажман. Индексот ја квантифицира економската интеграција преку комбинирање на податоците за трговијата, директните странски инвестиции, портфолио-капиталот, исплатата на приходи и сметки, во што вклучува компензација за странците што работат во една земја и приходот што е заработен и исплатен за имот во странство. Тој ги проценува личните контакти преку нивото на меѓународните патувања и туризам, меѓународниот телефонски сообраќај и прекуграничните трансфери, вклучувајќи ги пратките пари на вработените во странство. Индексот, исто така, ја мери технолошката поврзаност со пребројување на корисниците на Интернет и услужниците и безбедните опслужувачи преку кои тие комуницираат и ги вршат деловните трансакции. Политичкиот ангажман се проценува преку бројот на меѓународните организации во кои една земја членува и на мисиите на Советот за безбедност на ОН во кои таа учествува, како и според бројот на амбасадите што ги има една држава.

За сите променливи, се додава годишниот проток кон и од земјата, а сумата се дели со номиналниот економски производ на земјата или, каде што тоа е можно, со бројот на жители. Податоците за политичкиот ангажман се третираат поинаку, при што бројот на учества во мисиите на Советот за безбедност на ОН се дели со вкупниот број мисии во таа година, а бројот на амбасадите и членства во меѓународни организации останува апсолутен број. Овој процес дава панели на податоци што овозможуваат споредба меѓу земји со различен обем.

Добиените панели за одредена променлива потоа се споредуваат и "нормализираат" преку процес во кој најниската вредност се поставува на нула, а највисоката на еден. Да претпоставиме дека променлива е трговијата. Максималната вредност на трговијата кон и од земјата е 341% од бруто-домашниот производ (БДП) за Сингапур во 1995, а најниската 15,3% од БДП за Бразил во 1996 година. Податоците за Сингапур се вреднувани како еден, а тие за Бразил како нула, додека сите други се наоѓаат меѓу нив.

2007 Список на KOF Индекс на глобализација
Ранк Земја Индекс на глобализација
1  Белгија 91.96
2  Австрија 91.60
3  Шведска 89.89
4  Обединето Кралство 89.29
5  Холандија 89.15
6  Франција 87.71
7  Канада 87.49
8  Швајцарија 85.53
9  Финска 84.84
10  Чешка 84.46
11  Данска 84.27
12  Ирска 83.09
13  Португалија 83.06
14  Шпанија 82.52
15  Германија 82.48
16  Сингапур 82.14
17  Унгарија 81.15
18  Австралија 80.91
19  САД 80.83
20  Италија 80.61
21  Полска 78.22
22  Норвешка 77.75
23  Малезија 75.81
24  Грција 74.94
25  Луксембург 74.18
26  Нов Зеланд 73.46
27  Словачка 72.58
28  Естонија 72.11
29  Израел 70.83
30  ОАР 70.39
31  Русија 69.91
32  Чиле 69.91
33  Хрватска 69.30
34  Словенија 68.82
35  Исланд 67.75
36  Бугарија 65.51
37  Кина 65.26
38  Јужна Кореја 64.82
39  Јордан 64.74
40  Јапонија 64.22
41  Аргентина 64.12
42  Малта 63.78
43  Кувајт 63.51
44  Турција 63.45
45  Романија 63.34
46  Литванија 63.30
47  Јамајка 62.87
48  Кипар 62.48
49  ЈАР 62.45
50  Украина 61.83
51  Уругвај 61.79
52  Латвија 61.62
53  Бахреин 60.93
54  Бразил 59.60
55  Филипини 59.00
56  Ел Салвадор 58.03
57  Панама 57.58
58  Перу 57.12
59  Тајланд 56.87
60  Гана 56.01
61  Мексико 55.49
62  Костарика 55.00
63  Еквадор 54.50
64  Египет 54.18
65  Хондурас 53.99
66  Намибија 53.79
67  Венецуела 53.75
68  Саудиска Арабија 53.69
69  Нигерија 52.97
70  Мароко 52.93
71  Пакистан 52.35
72  Колумбија 52.30
73  Тунис 51.81
74  Замбија 51.76
75  Доминиканска Република 51.76
76  Оман 51.67
77  Никарагва 51.63
78  Индонезија 51.31
79  Тринидад и Тобаго 50.79
80  Парагвај 50.33
81  Гватемала 49.98
82  Индија 49.70
83  Шри Ланка 49.67
84  Габон 49.20
85  Кенија 49.12
86  Боливија 49.11
87  Маврициус 48.75
88  Сенегал 48.55
89  Фиџи 48.53
90  Бахами 47.88
91  Гвајана 47.38
92  Белиз 47.29
93  Боцвана 46.80
94  Алжир 45.50
95  Брег на Слоновата Коска 45.44
96  Уганда 44.49
97  Малави 43.73
98  Барбадос 43.45
99  Танзанија 43.22
100  Мали 42.40
101  Того 42.23
102  Албанија 42.01
103  Бенин 41.73
104  Папуа Нова Гвинеја 41.55
105  Камерун 41.32
106  Гвинеја-Бисао 40.68
107  Зимбабве 40.06
108  Чад 39.56
109  Сирија 39.09
110  Конго 38.78
111  Мадагаскар 37.45
112  Бангладеш 36.01
113  ДР Конго 35.49
114  Непал 35.27
115  Иран 35.19
116  Нигер 34.28
117  Сиера Леоне 33.27
118  Руанда 29.25
119  Хаити 28.61
120  Мјанмар 27.29
121  ЦАР 26.79
122  Бурунди 25.75