Инвазија на Тунис

Повторното христијанско освојување на Тунис се случило во 1535 година, кога императорот на Светото Римско Царство издал наредба Тунис повторно да биде заземен од страна на Османлиите, кои пак претходно го имале освоено пред една година, во 1534 година.

Падот на Тунис
Дел од Османлиско-хабсбуршки војни
и Османлиско-португалски војни

Attack on La Goletta, with Tunis in the background.

Entry of Charles V into Tunis in 1535.
Датум јуни 1535
Место Тунис
Исход Христијанска победа
Завојувани страни
Карло V:

Џенова
Португалија
Папска Држава
Малтешки ред

Османлиско Царство
Команданти и водачи
Карло V
Алваро де Базан
Луис де Реквесенс
Гарсија де Толедо
Андреа Дорија
Инфант Луис од Португалија
Виргинио Урсино
Хајредин Барбароса
Сила
Вкупно: 60,000
бродови:
207 шпански[1]
60 фландриски
10 сицилијански
6 неаполски
19
21 португалски
8 галии
4 галии
82 [2]
2 galleys.[3]
Жртви и загуби
Голем број Околу 30.000
82 бродови

Во 1533 година, Сулејман I му наредил на Барбароса, кој се наоѓал во Алжир, да дојде во Цариград и заедно со големата припремена флота да отпатува кон нови освојувања[4]. Вкупно 70 галии биле изградени за време на зимата од 1533-1534 година, од страна на робовите кои биле донесени од новите освоени земји. Од нив, околу 1.200 биле христијани.[5]. Така, заедно со овие бродови, Барбароса спровел неколку акции по должината на брегот на денешна Италија, сè додека не се упатил кон Тунис на 16 август 1534 година, успевајќи да му нанесе пораз на локалниот владетел Хафсид Мули Хасан, кој бил под директива на Шпанија.

Карло V, еден од најмоќните луѓе во Европа во тоа време, собрал огромна војска на околу 30.000 војници, 74 галии, 300 бродови, од Санта Ана, најголем брод во светот во тоа време и португалскиот галеон Сао Џоао Баптиста, исто така познат како Ботафого, со 366 бронзени топови за да го освои регионот околу Тунис.

И покрај барањето од страна на Карло V, Франсоа I одбил да ја даде француската поддршка за војната, објаснувајќи дека претходно тој имал потпишано договор со Османлиското Царство која траела три години. Франсоа I исто така бил и во големи преговори со султанот Сулејман I за заеднички напад врз Карло V. Сепак, под притисок на папа Павле III, тој се повлекол од можниот воен сојуз.

Така, војната започнала на 1 јуни 1535 година, кога христијанската флота ја уништила флотата на Барбароса. По ова, Тунис бил окупиран и заземан. Под урнатините биле пронајдени топови кои имале француско потекло. Ова бил уште еден доказ за француско-османлискиот сојуз кој претходно бил склучен.

Како резултат на масакрот во градот, бројот на жртвите изнесувал околу 30.000 луѓе. Барбароса успеал да побегне во Алжир со неколку илјади турски војници. Мули Хасан бил повторно вратен на неговиот престол. Самата опсада ја демонстрирала големата моќ на Хабсбуршката монархија во тоа време. Карло V имал контрола над голем дел од јужна Италија, Сицилија, Шпанија, Америка, Австрија, Холандија и земји во Германија. Освен тоа, тој бил и император на Светото Римско Царство со кое де јуре имал контрола над поголемиот дел од Германија.

Катастрофалниот пораз на Османлиското Царство во Тунис, го принудил на Сулејман да влезе во неформален договор со Франција преотив Хабсбуршката империја. Амбасадорот Жан де Ла Форет бил испратен во Цариград а за првпат тој бил во можност да стане постојан амбасадот во османлискиот суд и да преговара за склучување на идните договори помеѓу двете земји.

Наводи уреди

  1. 15 galleys of the Mediterranean Squadron, 42 ships of the Cantabrian fleet, 150 ships of the Málaga Squadron
  2. Crowley, p.61
  3. Garnier, p.96
  4. Crowley, p.56
  5. Crowley, p.57