Измит

град во Турција

Измит (турски: İzmit, грчки: Νικομήδεια, Nicomedia) е град во Турција, административен центар на провинцијата Коџаели и на општината Коџаели. Сместен е на заливот на Измит (со древно име Астак) во Мраморното море, околу 100 км источно од Истанбул, во северозападниот дел на Анадолија. Центарот на градот има 300.611 жители според пописот од 2011. Во покраината (вклучувајќи ги руралните средини) има околу 1.459.772 жители. На ова место се наоѓал древниот град Никомедија — еден до најзначајните во источниот дел на Римското Царство помеѓу 286 и 324 г.

Измит
İzmit
Mестоположба
Mестоположбата на Измит
Mестоположбата на Измит
Измит на картата на Турција
Општи податоци
Име
- изворно
Измит
  İzmit
Поштенски број 41ххх
Повикувачки број (+90) 262
Портал Кочаели
Управа
Земја  Турција
Градоначалник Ибраим Караошманоглу (АКП)
Географија
Површина 855.00 км2 km²
Население
Население 300,111 (2011)
Густина 403.5/км2 ж./km²

Географија уреди

Геолошката локација на Измит е помеѓу 40°-41° N и 29°-31° E опкружен со заливот на Измит на југ, Истанбул и Мраморното море на запад, Црното Море на север и Сакарја на исток.

Градот е главно изграден на падините на ридот поради тесната област, додека рамни низини се наоѓаат околу заливот во близина на морето.

Клима уреди

Измит има влажна суптропска клима со значителни поморски и континентални влијанија. Летата се топли и влажни, просечната максимална температура е околу 29 °C во јули и Август. Иако температурите обично надминуваат 30 °C во јуни, Јули, Август и дури и Септември. Во зима минималната просечна температура е околу 3 °C во јануари.

Климатски податоци за İzmit
Месец Јан Фев Мар Апр Мај Јун Јул Авг Сеп Окт Ное Дек Годишно
Прос. висока °C (°F) 9.6
(49.3)
10.5
(50.9)
13.2
(55.8)
18.4
(65.1)
23.1
(73.6)
27.5
(81.5)
29.4
(84.9)
29.3
(84.7)
25.8
(78.4)
20.6
(69.1)
15.7
(60.3)
11.4
(52.5)
19.54
(67.18)
Сред. дневна °C (°F) 6.2
(43.2)
6.5
(43.7)
8.6
(47.5)
13.0
(55.4)
17.4
(63.3)
21.8
(71.2)
23.8
(74.8)
23.6
(74.5)
20.1
(68.2)
15.9
(60.6)
11.5
(52.7)
8.2
(46.8)
14.72
(58.49)
Прос. ниска °C (°F) 3.4
(38.1)
3.4
(38.1)
5.0
(41)
8.8
(47.8)
12.8
(55)
16.9
(62.4)
19.2
(66.6)
19.4
(66.9)
16.0
(60.8)
12.5
(54.5)
8.3
(46.9)
5.4
(41.7)
10.93
(51.65)
Прос. врнежи мм (ин) 91.3
(3.594)
74.9
(2.949)
72.0
(2.835)
55.3
(2.177)
45.9
(1.807)
50.4
(1.984)
39.2
(1.543)
54.2
(2.134)
50.6
(1.992)
94.5
(3.72)
87.2
(3.433)
107.8
(4.244)
823.3
(32.412)
Прос. бр. дождливи денови 16.9 15.5 13.6 11.9 9.7 8.6 6.2 6.5 7.6 12.4 13.3 16.5 138.7
Сред. бр. сончеви часови месечно 71.3 78.4 124 162 223.2 267 282.1 266.6 207 142.6 102 74.4 2.000,6
Извор: Devlet Meteoroloji İşleri Genel Müdürlüğü [1]

Историја уреди

Економија уреди

Измит е важен индустриски центар каде што се наоѓа и голема нафтена рафинерија и има повеќе цементарници. Во Измит исто така фабрика има Форд во заедничко вложување со Отосан.

Во изминатите неколку години провинцијата стана центар за автомобилска индустрија во Турција. Денеска, провинцијата Кочаели привлече повеќе од 1200 индустриски вложувања и 108 со интернационален капитал, во Кочаели е сместено исто така и најголемото Турско претпријатие Тупрас Петролеум.

Образование уреди

Универзитетот во Кочаели во градот е основан во 1992, и има повеќе од 50,000 студенти.

Галерија уреди

Интернационални врски уреди

Збратимени градови уреди

Измит е збратимен со

Наводи уреди

  1. „Kocaeli Merkez (İzmit)“. Devlet Meteoroloji İşleri Genel Müdürlüğü. Архивирано од изворникот на 2011-03-13. Посетено на 14 March 2011.

Надворешни врски уреди