Изгреј зора на слободата

Изгреј зора на слободата (позната и како Марш на македонските револуционери) — македонска револуционерна химна. Оваа химна е користена од страна на неколку македонски организации кои биле дел од македонското национално движење[1] и од МПО во САД и Канада.[2] Во 1948 година била забранета во НР Македонија и со тој чин тогашните македонските власти се откажале од оваа химна.

Марш на македонските револуционери - музика и текст

Во поново време химната се користи од страна на бугарските националистички партии и од некои здруженија и друштва во Македонија кои се залагаат за бугарската идеја, односно за бугарските корени на Македонците, а меѓу нив спаѓаат ВМРО-БНД[3][4] и Здружението Радко.[5]

Настанок уреди

Текстот и музиката на химната се на бугарскиот композитор од Стара Загора Александар Морфов.[6] Повеќе извори тврдат дека текстот е напишан на бугарски јазик,[6][7] меѓу кои и историчарот од МАНУ Блаже Ристовски. Според музичката историчарка Јелица Тодорчевска песната е напишана во 1923 година.[6] Владимир Перев, продуцент во МТВ и истражувач на химната, тврди дека „Изгреј зора“ била направена по порачка на Тодор Александров.[6] Во една стихозбирка од 1974 година се наведува дека таа најверојатно потекнува од источна Македонија.[8] Постои и теза дека се работи за руска мелодија, која преку Бугарија била пренесена во Македонија, а во Русија дошла можеби преку Франција.[се бара извор]

Во текот на НОВ, во 1943 година е препеана на посовремен македонски јазик од Кочо Рацин и е објавена како прва песна во стихозбирката „Македонски народноослободителни песни“.

Историско значење за македонскиот народ уреди

Химната била интонирана во почетокот на Првото заседание на АСНОМ, одржано на 2 август 1944 година во манастирот Св. Прохор Пчински:

Иницијативниот одбор за свикуењето на Првото заседание на АСНОМ, бурно поздравен, си го завзима своето место на бината. По тишината која после тоа настапи, громогласно одекна химната „Изгреј зора на Слободата“. Панко Брашнаров, најстариот член на иницијативниот одбор, со тих и дрхтав глас го отвори заседанието.[9]
...Пре негу што започна конференцијата со својата работа, хорот на Младинскиот сојуз, под раководство на другарот Гајдов ги испеа химните „Хеј Словени" и „Изгреј зора", кој бева стојејеки изслушани...[10]
...Меѓувремено музиката засвирва „Изгреј зора на Слободата" и другарот Турунджиев го дава знамето со повик: Ова знаме на Илинденското востание Ви го предавам и верувам дека ќе го чувате (силни ракоплесканија)...[11]

Контрадикторности уреди

Национален карактер уреди

Химната е напишана на бугарски јазик, од бугарскиот композитор Александар Морфов, автор на околу 30 воени маршеви и тој факт се користи од страна на бугарските научници за тврдењето дека Изгреј зора на слободата е бугарски воен марш[12][13]. Меѓутоа химната никогаш не била користена од страна на некое бугарско друштво или организација, Изгреј зора на слободата била исклучиво користена од страна на македонските револуционери и патриоти кои се залагале за Независна Македонија, односно Самостојна македонска држава, во текот на нивните собири, митинзи или други јавни или приватни случувања.

Изгреј зора на слободата е напишана на бугарски јазик од проста причина што самиот автор бил од Бугарија. Меѓутоа кога на повидок веќе било создавањето на самостојна македонска држава, во текот на војната во 1943 година била препеана на посовремен македонски јазик од Кочо Рацин[6] и објавена како прва песна во стихозбирката Македонски народноослободителни песни.

Забрана уреди

Во 1948 година властите на НР Македонија ја забраниле Изгреј зора на слободата со изговор дека таа се користи од страна на оние Македонци кои сметаат дека македонскиот народ има бугарски корен. Меѓутоа тогашната политика истовремено ги жигосувала Македонците кои биле приврзаници на бугарската идеја, но и македонските патриоти, кои биле нарекувани како националисти [7].

Забраната од 1948 година придонела Изгреј зора на слободата повеќе да не се интонира во Македонија, а во свеста на македонскиот народ останало сеќавањето дека таа химна е бугарска или пробугарска песна.

Текст уреди

Изгреј зора на слободата
(препев на стандарден македонски јазик)[се бара извор]

Изгреј зора на свободата
(верзија од 2 август 1945[7])

Изгрѣй зора на свободата
(верзија од 1923 година [14])

Изгреј зора на слободата,
зора на вечната борба!
Изгреј в душите и срцата
на сите робови по светот!
Тирани чудо ќе направиме,
ние туѓо ропство не трпиме,
со јуначка крв ќе ве удавиме
и пак ќе се ослободиме!
Јунаци смели пак развија
окрвавени знамиња.
Комити нови зашетаа
низ македонската земја.
Тирани чудо ќе направиме...
Одекнуваат шуми, полиња, планини
од бојни песни и "Ура"!
Одат борците - великани,
напред, готови за борба!
Тирани чудо ќе направиме...
Нас ништо веќе не ќе нè исплаши
и така живееме ден за ден.
Свети се горите наши,
во нив слободни да умреме.
Тирани чудо ќе направиме...
Изгреј, зора на свободата,
Зора на вечната борба.
Изгреј в душите и срцата
на всички роби по света!
Тирани, чудо ште направим,
Ниј чуждо иго не трпим,
С јунашка крв ште ви удавим,
И пак ште се освободим!
Јунаци смели пак развиха
Окрвавени знамена,
Комити нови забродиха
Из македонската земја.
Тирани, чудо ште направим...
Ечат гори, полја, балкани
От бојни песни и Ура,
Сноват борците-великани:
Напред, готови за борба!
Тирани, чудо ште направим...
Нас ништо веч не ште уплаши,
И т'ј живеем ден за ден...
Свештени са горите наши,
Из тех свободни ште измрем!
Тирани, чудо ште направим...
Изгрѣй, зора на свободата,
Зора на вѣчната борба.
Изгрѣй въ душитѣ и въ сърдцата
На всички роби по свѣта!
Тирани, чудо ще направимъ,
Ний чуждо иго не търпимъ,
Съ юнашка кръвь ще ви удавимъ,
И пакъ ще се освободимъ!
Юнаци смѣли пакъ развиха
Окървавени знамена,
Комити нови забродиха
Изъ македонската земя.
Тирани, чудо ще направимъ...
Ечатъ гори, поля, балкани
Отъ бойни пѣсни и ура,
Сноватъ борцитѣ-великани:
Напредъ, готови за борба.
Тирани, чудо ще направимъ...
Насъ нищо вечъ не ще уплаши,
И тъй живѣемъ день за день...
Свещени сѫ горитѣ наши,
Изъ тѣхъ свободни ще измрѣмъ!
Тирани, чудо ще направимъ...

Наводи уреди

  1. Иван Михайлов, "Quo vadis, Bulgaria?", I изд. Индианаполис, Печатница “Македонска трибуна”, 1937, II изд. ИК “Витатон”, Пещера, 1996, стр. 35-44. (бугарски)
  2. Видео од Единаесеттата збирка на МПО во 1932 година во Кливланд, Охајо со химната Изгреј зора на свободата
  3. Член 7 на Уставот на ВМРО - Бугарско Национално Движење. (бугарски)
  4. Симболи на ВМРО - Бугарско Национално Движење. (бугарски)
  5. Репортажа Архивирано на 7 февруари 2009 г. од собир на „Радко“ на 27 октомври 2000 година од страницата на здружението. (бугарски)
  6. 6,0 6,1 6,2 6,3 6,4 Иван Блажевски, "Забранетата песна ги бранува духовите. „Изгреј зора“ била бугарска и фашистичка песна[мртва врска]", "Време", број 310, 09. 02. 2005.
  7. 7,0 7,1 7,2 Иван Блажевски, „Забранетата песна во Македонија. „Изгреј зора“ половина век заоѓа во заборав“[мртва врска], "Време", број 305, 03. 02. 2005.
  8. Група автори „Македонски народноослободителни песни“, 1974.
  9. "Нова Македонија", 2 и 3 август 1945, стр. 2.
  10. "Нова Македонија", 30 ноември 1944.
  11. "Нова Македонија", 3 декември 1944.
  12. Атанас Тошкин, Ана Рабаджийска, Милен Куманов „Енциклопедичен справочник на Третото българско царство 1879-1946“, София, 2003, Издателство „Труд“.
  13. Светлин Кираджиев - „География на видните българи“, София, 1993, БАН, стр. 193
  14. Николай Русев - „По следите на една безсмъртна песен“ - сборник, Париж, 1988

Надворешни врски уреди