Идол најчесто бил предмет кон кој биле насочени барањата, желбите, молитвите и верувањата наа древните народи. Комуникацијата и обожувањето на таквите предмети е именувано како идолопоклонство. Идолите биле поседувани од поединците, групите, заедниците, но и од целите народи. Низ цивилизацискиот развоен пат на човештвото забележано е огромно присуство и силно значење на идолите, со кои во дадените периоди луѓето се идентификувале. Иделопоклонството ја носело во себе потребата на човекот да го доближи (создаде партнерскиот однос) божественото до себе и да ги макар делумно преземе возвишените одлики на замислената вредност.

Африканска фигура на моќта Сонгје

Идол во јужнословенскиот контекст уреди

Идол како сакрален предмет бил дел од многубожеското поклонство на старите Словени. Иако Константин Јиричек во своето дело Gesxicxteder Serbien тврди дека кај Србите не постоело идолопоклонство (јужнословенски контекст), а полскиот истражувач тврдел дури и дека тие воопшто не биле познати кај старите Словени, старите документи и хроники најчесто запишани од христијанските мисионери и хронолози го тврдат спротивното. Сакс Граматик во своите записи прецизно ги опишувал идолите на кои им се поклонувале паганите: некои биле лошо изработени, некаде со дух и смисла вклопени во средината како естетска целост, некои биле толку големи што едвај четири вола можеле да ги повлечат, а некаде со големина на десетици сантиметри. Идолите биле украсувани со злато и сребро, како идолот на Перун во Киев кој бил изработен од дрво, но имал сребрена глава и мустаќи и брада од злато.

Извори уреди

Сигурна потврда за идолопоклонството кај јужнословенските народи наоѓаме во статиите на калуѓерот Ебо од Бамберг, записите на Сефрид и Херборд кои со прецизност го имаат опишано малечкиот идол на Словените кој со своето постоење и почитувањето од страна на словенските многубошци му задавал тешки маки на римокатоличкиот владика Отон кој во борба против паганството се здобил со три идоли на Триглав кои биле пратени во Рим како доказ за неговиот успех. Низ овие описи на борбата против паганското идолопоклонство дознаваме дека идолите биле изработени во извонредна резба, а малите димензии се припишуваат како дел од борбата со христијанските свештеници (големината била идеална за преместување во тајни скривалишта).

Сведоштва за постоењето на идоли кај јужнословенските народи наоѓаме и во преписките на папата Никола II со бугарскиот кнез Борис од 886 г., каде се споменуваат еретските идоли кај Бугарите. Во своите проповеди против кривоверците (многубошци, богомили) презвитер Козма во десетиот век исто така ја истакнува неговата борба против идолопоклонството. Во Житието на Св. Наум се истакнува дека тој во два наврати им се обраќал на верниците во обид да ги одврати од идолопоклонството. Таквите активности насочени против многубожечките идоли се забележани и во државата на Немања, и во загребската бискупија основана од унгарскиот крал Ладислав во 11 век. За почитување на идолите постојат податоци и во преданијата и народното творештво.

Во процесот на покрстувањето забележуваме една мошне интересна појава кај јужнословенските народи: христијанскиот, религиозниот крст се ословува како ‘чесен’, што упатува на постоење на ‘нечесен’. ‘Нечесниот’ крст всушност бил со антропоиден облик и претставувал идол на домашното божество. Таквите идоли имале проста, регресивна претстава на човековото тело, најчесто со раширени раце, со што се постигнувал ефектот на крстот. Кај нашите народи тип на затскриени идоли кои го носат кодот на паганското поклонување на идолите припаѓаат и бадникот, пенушките, светите дрва, светите карпи (записите), кај кои е задржано и обредното регресивно жртвување.

Идолот како мотив во уметноста и во популарната култура уреди

Користена литература уреди

  • Гордана Стојковска, „Речник на јужнословенска митологија“, 2004, Издавачки центар Три, Скопје ISBN 9989-918-97-X.
  1. Велимир Хлебњиков, Краљ времена Велимир I. Просвета: Београд, 1964, стр. 215-218.