Ида Валетон (родена Мегендорфер, германски: Ida Valeton; 26 мај 19224 април 2016) — германски научнк. Таа беше директор на седиментната петрографска лабораторија на геолошкиот и палеонтолошкиот институт на Универзитетот во Хамбург. Дополнително, таа била привремен професор на неколку локации.

Нејзиниот фокус во науката бил на истражување на седименти и боксити.

Живот уреди

Ран живот уреди

Ида Валетон е родена во 1922 година во Хамбург, како прва ќерка на Ина и Фридрих Мегендорфер. Во 1935 година, откако нејзиниот татко се вработил како професор по психијатрија на Универзитетот Фридрих-Александар, нејзиното семејството се преселило во Ерланген. За време на Втората светска војна, таа студирала во Ерланген, Минхен и Грац.

Научна кариера уреди

Откако докторирала под надзор на Франц Херич на Универзитетот во Грац, таа го започнала својот научен мандат под менторство на Карл Вилхелм Коренс на Универзитетот во Гетинген. Од 1948 до 1952 година била асистент на геологот Адолф Вурм на Универзитетот во Вирцбург. Потоа, таа се преселила во Хамбург со цел да основа лабораторија за седиментна петрографија на геолошкиот државен институт во Хамбург (кој подоцна станува геолошки и палеонтолошки институт на одделот за геологија на Универзитетот во Хамбург). Таму хабилитирала во 1957 година, а за професор е именувана во 1964 година.

Во 1963 и 1964 година била привремен професор на геолошкиот институт во Бордо. Поради дополнителни посети во странство таа патува во Индија, Африка и Јужна Америка. Во текот на летото 1974 учествувала во првата експедиција на Егон Т. Дегенс на езерото Ван, каде што студирала на терасните седименти од езерото Источна Анадолија.

Таа била меѓународно признат експерт за боксит по пензионирањето во 1987 година.

Избрани публикации уреди

Дополнително читање уреди

Надворешни врски уреди