Игнатиј III (охридски архиепископ)

Игнатиј III — православен свештеник и охридски архиепископ во период од 1693 до 1695 и од 1703 до 1703 година.[1]

Игнатиј
Архиепископ од околу 1693 и 1695
Архиепископ до околу 1703 и 1703
Претходник Григориј IV
Зосим II
Наследник Герман
Дионисиј II
Роден 17 век
Починал XVIII век
Други архиепископи со име Игнатиј

Бил избран на 13 август 1693 година, детрониран на 9 јули 1695 година. Поранешен бератски митрополит. По втор пат се качил на престолот не подоцна од август 1703 година, кога испратил писмо до цариградскиот патријарх против претензиите на патријаршиските митрополити. Во 1706 година веќе бил поранашен архиепископ. Се покажал алчен за пари, почнал да сменува епархиски архиереи (пелагонискиот и дебарскиот), а нивните епархии ги продал на световни лица. Против него станал поранешниот архиепископ Герман. На соборот свикан во 1695 година за архиепископ бил избран Зосим II.[2]

Наводи уреди

  1. Грозданов, Цветан (2007). Живописот на Охридската архиепископија: студии. Скопје: Македонска академија на науките и уметностите.
  2. д-р Стојан Киселиновски и др. (2000). Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. стр. 194–195. ISBN 9989-624-46-1. Недостасува |author1= (help)