Иван Стамболиќ (Брезова близу Ивањица, 5 ноември 1936 година - Фрушка Гора, 25 август 2000) — југословенски и српски политичар, кој во 1970-тите и 1980-тите години ги извршувал највисоките државни и партиски функции, вклучувајќи ја и функцијата Претседател на Србија.

Иван Стамболиќ
Иван Стамболиќ во 1986 година
Претседател на Претседателството на Србија
На должноста
5 мај 1986 – 14 декември 1987
Претходник Душан Чкребиќ
Наследник Петар Грачанин
Претседател на Извршниот Совет на Србија
На должноста
6 мај 1978 – 5 мај 1982
Претходник Душан Чкребиќ
Наследник Бранислав Икониќ
10-ти Претседател на Сојузот на комунистите на Србија
Претходник Радиша Гачиќ
Наследник Слободан Милошевиќ
Лични податоци
Роден(а) 5 ноември 1936(1936-11-05)
Брезова, Кралство Југославија
Починал(а) 25 август 2000(2000-08-25) (возр. 63)
Фрушка Гора, СР Југославија
Почивалиште Белград, Србија
Националност Србин
Партија Сојуз на комунистите на Југославија
Сопружник Катарина Живоиновиќ (в. 1962; негова смрт 2000)
Деца 3
Установа Белградски универзитет

Стамболиќ бил политички ментор на Слободан Милошевиќ и во голем дел бил одговорен за неговиот подем на власт. Милошевиќ за целата кариера бил наследник на ослободените функции кои Стамболиќ ги напуштал. По разидувањето со Милошевиќ поради национализмот во доцните 1980-ти Стамболиќ станал еден од неговите најголеми соперници.

Стамболиќ се смета дела бил голем поборник за компромис и меѓу-етничката толеранција.[1] Во август 2000 година тој бил киднапиран и убиен од страна на специјалната полиција на Милошевиќ.[2]

Живот уреди

Иван Стамболиќ е роден во 1936 година во Бреза, близу Ивањица во комунистичко семејство. Таму го завршил основното училиште. За тројца од неговите браќа, родителите планирале универзитетско образование, додека Иван студирал за металостругар во Раковица, а подоцна се вработил како искусен работник во автомобилската индустрија Раковица.[3] На својата рака се запишал на студии во Белград на Правниот факултет и истовремено започнал со работа. На студиите го запознал помладиот колега Слободан Милошевиќ, кој станал негов штитеник.[3]

Соработката со Милошевиќ уреди

Во 1965 година станал директор на „Техногас“, а негов заменик станал Слободан Милошевиќ. По напуштањето на „Техногас“, Милошевиќ го зазел празното директорско место. Милошевиќ во текот на целата негова кариера бил наследник на неговите позиции. Во 1975 година Стамболиќ станал претседател на Стопанска комора на Белград.

Својата политичка кариера Стамболиќ ја започнал во 1976 година, кога тој бил избран за секретар на Извршниот комитет на Централниот комитет на Сојузот на комунистите на Србија. Две години подоцна, во 1978 година, стапил на должност Претседател на Извршниот совет на Србија. Додека Стамболиќ бил претседател на српската влада, јадрото на политичката моќ, Милошевиќ бил претседател на Београдска банка - јадрото на економската моќ.[3] На крајот на мандатот на чело на Извршниот совет во 1982 година Стамболиќ станал претседател на Општинскиот комитет на Сојузот на комунистите на Белград.

Во април 1984 година Стамболиќ од позицијата претседател на Општинскиот комитет на СК Белград станал за шеф на Централниот комитет СК Србија, а за неговиот наследник на чело на Општинскиот комитет бил назначен Милошевиќ, и покрај спротивставувањето на некои високи комунисти.[3] Во наредните две години, Стамболиќ целосно ја консолидирал својата моќ на републичко ниво. Во тоа време бил ангажиран со барањата за промена на уставниот статус на Србија и за намалување на надлежностите на српските покраини, како и во реформа на економскиот систем.[4] Тој инсистирал на тоа да промените се имплементираат во институциите на системот, или преку преговори со другите национални и покраински водачи, вклучувајќи го и Косово. Во почетокот изгледало дека умерените ставови ги споделувал и самиот Слободан Милошевиќ.

Разидување со Милошевиќ уреди

По редовната смена на партиското раководство во Србија во јануари 1986 година, Иван Стамболиќ станал претседател на Република Србија, а Милошевиќ ја дал клучната поддршка во неговиот избор за нов претседател на Претседателството ЦК СК на Србија. По пристигнувањето на чело на ЦК СКС, Милошевиќ го зацврстил партискиот апарат околу себе, собирајќи лојални соработници и формирајќи фракција, која во пролетта 1987 година влегла во отворен конфликт со комунистите предводени од Драгиша Павловиќ и Иван Стамболиќ.[3] Овој период обележан од вознемирувачката содржина на Меморандумот на Српската академија на науките и уметностите, која ја потресела јавноста во Југославија. По неговото појавување во септември 1986 година, Стамболиќ бил еден од најсериозните критичари на овој Меморандум. Еден ден по објавувањето на меморандум, претседателот на СР Србија, Иван Стамболиќ го нарекол воен манифест на српските комесари

Поради зголемената напнатост меѓу етничките Албанците и Србите, Стамболиќ во април 1987 година го испратил тогашниот претседател на Сојузот на комунистите на Србија, Слободан Милошевиќ на Косово за да посредува во конфликтот. Наместо тоа, тој се ставил на страната на Србите со контрола врз медиумите и со помош на партиската машинерија го поттикнал национализмот.[5] Стамболиќ направил обид за отстранување на Слободан Милошевиќ во Белград, организиран од Сојузот на комунистите, чиј претседател тогаш бил Драгиша Павловиќ. Конфликтот меѓу двете фракции сѐ повеќе се продлабочувал. Милошевиќ имал значителен дел од медиумите под своја контрола. Во меѓувреме, се случил масакар во касарната во Параќин кој довел до зголемено анти-албанско расположение во Србија кое претставувало дополнителна поддршка за Милошевиќ.

„Имаше многу сериозни луѓе, кои имале одредени резерви кон Милошевиќ, но и сомнежи кон неговите намери. Секретарот за внатрешни работи Светомир Лаловиќ ме предупреди дека 'целата Србија зборува за тоа дека во српскиот врв нешто се случува' Дури и некои српски академици беа видно загрижени. Ме молат да ги надминеме конфликтите со Академијата, бидејќи во спротивно, може да дојде до потреси во кои, можеби јас, ќе бидам првата жртва.“[6]


Осмата седница ЦК СК Србија која се оджала на 24.9.1987 година претставува крај на разединувањето помеѓу Слободан Милошевиќ и Иван Стамболиќ.[7] На осмата седница на Партијата, која се одржала пред телевизиски камери, поддржувачите на Милошевиќ ја започнале чистката, која подоцна била наречена „диференцијација“, чија прва жртва бил Павловиќ, а после него, и самиот Стамболиќ. На оваа седница Павловиќ бил разрешен од сите партиски должности. Неколку месеци подоцна, под притисок на негативната медиумска кампања на 14 декември 1987 година на седница на Претседателството на СР Србија, поднел оставка и се повлекол од политичкиот живот.[3] Осмата седница се смета од многумина за почеток на Југословенските војни во 1990-тите.[7][8]

„Сигурен сум во едно - ниту со првиот ниту со последниот чекор, не придонесов за подигање на овој страшен облак кој веќе неколку ни ги затемнува сите хоризонти. Всушност сторив сѐ што е во моја моќ за да го спречам националниот бродолом. За пофалба - малку. За утеха - не е доволно. Едвај совеста да си ја смирам.“[6]


Стамболиќ од 1988 година постојано бил под надзор на Државната безбедност на Србија.[2] Во јануари 1988 година, на предлог на тогашниот Сојузен Извршен совет на СФРЈ, бил избран за директор на Југословенската банка за меѓународна економска соработка - JUBMES - чија цел била да се олесни излезот од домашните фирми на странските пазари. Во април 1988 година семејството на Стамболиќ претрпело тешка трагедија. Под сомнителни околности, во сообраќајна несреќа во близина на Будва, починала неговата ќерка (на 24 години). Слободан Милошевиќ дошол на нејзиниот погреб, а неговата сопруга Катарина Стамболиќ одбила да му пружи рака.[3]

Стамболиќ во јавноста се огласил во 1991 година кога избувнала војната во Хрватска и во 1992 година кога ги поддржал студентските протести.[9] Во 1995 година Иван Стамболиќ одлучил јавно да проговори со објавување на книгата „Патот до Пустина“ која се занимава со настани од претходниот период и во која ја критикува политиката на Слободан Милошевиќ:

„Кога ќе се погледне неговата политика денес може да се види дека започнувајќи од словенечкиот контраудар, кога не му дозволија да одржи митинг во Љубљана, тој оди од пораз во пораз. Секоја нова загуба е поголема. Но, и секој нов потфат е поголем од претходниот. Го потиснува, го затрпува претходниот. ... И сѐ така. Цело време тој е еден голем губитник. Се разбира, а со него и на српскиот народ.[10]


Тој го критикувал Милошевиќ за спојување на национализмот и на социјализмот, нарекувајќи го националистички болшевизмот и национал-социјализам.[11] Цо април 1995 година Стамболиќ во организација на Белградскиот круг, а заедно со уште педесетина интелектуалци од Србија заминал до опколеното и гранатирано Сараево.[3] Во истиот период, заедно со Миладин Животиќ, Мишо Николиќ, Жарко Кораќ, Расим Љајиќ, и Ненад Чанак, учествувал во обид за создавање на Социјалдемократскиот сојуз Србија.[3]

Во 1997 година со одлука на федералната влада на Сојузна Република Југославија, била нелегално преземена JUBMES банка, а тој бил отпуштен од позиција на директор.[6] Стамболиќ тогаш повремено се појавувал во јавност со остри настапи против Слободан Милошевиќ.

Киднапирање и убиство уреди

Во пресрет на сојузните претседателски избори во 2000 година се зборувало дека Стамболиќ би можел му биде противкандидат на Милошевиќ. Со оглед на тоа што Стамболиќ во наредниот септември можел да стане водач на обединета српската опозиција (ДОС) и нејзиниот претседателски кандидат, Милошевиќ реагирал веднаш.[12]

По наредба на Слободан Милошевиќ, утрото на 25 август 2000 година Иван Стамболиќ бил киднапиран во близина на неговиот дом, во Кошутњак, од страна на членови на Единицата за специјални операции на Министерството за внатрешни работи на Србија. Присилно, со закана од пиштол бил внесен во комбе, под изговор дека треба да оди на информативен разговор. Во комбето на рацете лисици, нозете свиткани со широки лепливи ленти, како и устата и очите. Бил убиен со два куршуми во главата и бил закоман под негасена вар.[13]

Дела уреди

Напишал три книги:

  • „Direktor u samoupravljanju“,
  • „Rasprave o Srbiji“,
  • „Put u bespuće“, 1995
  • "Koren zla", објавена е посмртно 2002, од Latinka Perović

Литература уреди

Поврзано уреди