Иван Дојчинов

политичар

Иван Танев Дојчинов[1] ( 11 јануари 1909 во Гевгелија - 29 јануари 1992во Скопје)[2] — македонски комунист, борец во Шпанската граѓанска војна, учесник во НОВ, а по војната репресиран како информбировец. Дојчинов бил член на Главниот штаб на НОВ на Македонија и учествува на Првото и Второто заседание на АСНОМ. Бил носител на „Партизанска споменица 1941“.

Иван Дојчинов
Роден 11 јануари, 1909 година
Гевгелија, Македонија како дел од Отоманското Царство
Починал 29 јануари, 1992 година
Скопје, Македонија

Рани години: преку Бугарија до Аргентина уреди

Во текот на Првата светска војна неговото семејство се преселува во Ќустендил. Во март 1930 година заминал на печалба во Буенос Аирес, Аргентина.[3] Таму станал член на Македонската прогресивна организација и на Антиимперијалистичката, антифашистичка и антивоена лига. Соработувал и со весникот „Македонски глас“.[4] Во октомври 1932 година е затворен. Во затворот е примен за член на КП Аргентина. Во април 1933 година е ослободен, но во текот на 1933 и 1934 година уште неколкупати е затворан.[5]

Шпанија уреди

За Шпанија тргнал од Аргентина на почетокот од октомври 1936 година.[6] Учествува во повеќе битки и трипати е рануван. Добил чин капетан. Во средината на јануари 1939 година со други интербригадисти ја напушта Шпанија и заминува за Франција, каде е затворен во логор за интербригадисти. Во декември 1939 година избегал од логорот Аржелес сур мер во Франција и преку Италија и Југославија стигнал во Софија.[7]

НОВ уреди

Во 1941 година се вклучува во народно-ослободителното движење во Македонија како инструктор на Покраинскиот комитет на КПЈ за Македонија. Станува член на Покраинскиот воен штаб, а потоа и на Главниот штаб на НОВ и ПОМ. Кога во мај 1943 година е формиран Кичевско-мавровскиот одред, Дојчинов е избран за командант на одредот. Потоа станува командант на Првата оперативна зона на НОВ и ПОМ. Делегат е на првото заседание на АСНОМ.[8]

За време на НОБ, Дојчинов ја пишува песната „Партизанска химна на Првата оперативна зона“ која е објавена во првата стихозбирка на „Македонски народно-ослободителни песни“.[9]

Повоени години уреди

По ослободувањето на Македонија, учествува на Второто заседание на АСНОМ, а потоа е испратен во СССР, во Воената академија „Фрунзе“. По враќањето, во 1948 година, е унапреден во чин потполковник и бил назначен за командант на Валевската воена област и за началник на Оперативното одделение на Петтата армиска област.

На 29 декември 1950 година[10] Дојчинов е притворен како осомничен во врска со Резолуцијата на Информбирото. По едногодишната истрага, на 10 ноември 1951 година е осуден на девет години строг затвор и три години ограничени права. Во март 1952 година е префрлен на издржување на казната во Билеќа, а во 1954 година е префрлен на Голи Оток. Помилуван е и пуштен од затвор на 29 ноември 1956 година,[10] откако дојде до затоплување на односите со СССР по доаѓањето на Никита Хрушчов во Југославија во мај-јуни 1955 година.

По ослободувањето од затвор се враќа во Скопје и се вработува во Металскиот завод. Во јули 1958 година повторно е затворен, но по шест месеци, во декември истата година, е ослободен како невин.[10] Емигрира во Бугарија, но повторно се враќа во Скопје.

Наводи уреди

  1. Ѓорѓи Танковски – Лилин, Јован Д. Кочанковски „Битолско-преспански партизански одред ‘Даме Груев’ (1942-1944)“, Друштво за наука и уметност – Битола, Битола, 1998, 221 и 224 стр.
  2. „Почина првоборецот Иван Дојчинов“, „Нова Македонија“, 31 јануари 1992, 4 стр.
  3. Миле Тодоровски „Револуционерната дејност на Иван Христов Дојчинов меѓу двете светски војни“ во Орде Ивановски и др. (ур.) „Дејноста на македонската емиграција од Јужновардарскиот регион меѓу двете светски војни“, Културно-просветна заедница, Гевгелија, 1990, 184 стр.
  4. Александар Литовски „Јубилејна хронологија на македонското националноослободително движење и на антифашистичката борба во Македонија во 2011“, Битола, 2011, 225 стр.
  5. Тодоровски, цит. дело, 186 стр.
  6. Ivan Dojčinov “Doprinos jugoslovenske emigracije u Argentini” во Čedo Kapor (ur.) "Španija 1936-1939", "Vojnoizdavački zavod", Beograd, 1971, tom 5, 366 str.
  7. Кирил Величков „Доброволци на свободата“, „Партиздат“, София, 1972, 297 стр.
  8. д-р Стојан Киселиновски и др. (2000). Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. стр. 162. ISBN 9989-624-46-1. Недостасува |author1= (help)
  9. Блаже Ристовски (уредник) „Рациновите македонски народно-ослободителни песни“, „Матица македонска“, Скопје, 1993, 53 стр.
  10. 10,0 10,1 10,2 "16.101 golootočana, po spisku!" Архивирано на 31 декември 2013 г., "Novi plamen", 25.12.2013.

Литература уреди

  • Димче Најчески „Голооточки сведоштва“, Скопје, 2002, книга втора, 76-84 стр.
  • „Македонска енциклопедија“, МАНУ, Скопје, 2009, 479 стр.

Надворешни врски уреди