Иван Аралица (хрватски: Ivan Aralica; р. 10 септември 1930) — хрватскаи писател и есеист.

Иван Аралица
Роден/а10 септември 1930(1930-09-10)(93 г.)
Промина, Кралство Југославија
Занимањеписател, есеист, политичар
Период1967

Животопис уреди

Роден е во Промина во близина на Книн, и имал завршено педагошко училиште и Филозофски факултет на Универзитетот во Задар. Аралица работел од 1953 година како учител во рурални места на централна Далмација.[1]

Во почетокот работел во духот на социјалистичкиот реализам, објавил неколку раскази кои не биле вреднувани со високи оценки. Од 1971 година, се вклучува во тогашното политичко движење наречено хрватска пролет. Се залагал за поголема хрватска автономија во Југославија.

Од овој период настанала и промена во неговата литературна преокупација и стилска формација.

Основата и инспирацијата му биле светски познатите автори со стилските - реалистичко фантастични мотиви и раниот модернизам: Иво Андриќ, Томас Ман и Кнут Хамсун.[2]

Од 1979 до 1989 година, Аралица објавил осум романи, кои најдобро можат да се опишат како модернистички контексти со историска фантастика. Најдобриот меѓу нив се смета „Кучиња во чаршија“ 1979. Покрај него се и „Душите на робовите“, 1984 година; „Градителот на преноќиште“, 1986 година; „Шалот на Асмодеус“, 1988 и други и кај сите е присутна комплексна наративна техника која создава драматични настани еден вид на историска аналогија за Хрватска и Босна и Херцеговина од XVI до XVIII век, опишувајќи го историскиот жар на Хрватите во „судирот на цивилизациите“ - три вековната борба меѓу Австрија, Отоманското Царство и Венеција за хрватските територии.[3]

Аралица успешно совладал многу различни елементи во својата фикција, така што неговите најдобри романи се исполнети со размислувања за суштината на човечкото опстојување, преку бројни натуралистички пасуси интегрирани во сеопфатната христијанска визија за животот каде природното и натприродното се споени во една реалност.[4]

Аралица е интелектуална икона на националистичкиот конзервативизам во Хрватска, залагајќи се за враќање кон традициите на „домовинското“ родољубие. Интелектуалците од десната страна ги бранат неговите романи тврдејќи дека се брилијантни политички сатири.

Сè уште е активен пишувајќи во својата осма деценија, Аралица се смета за еден од најдобрите хрватски романисти од втората половина на XX век.[5]

Дела уреди

  • „Коњаникот“ (1971)
  • „Опсесии за цртежите на пеколот“ (1977)
  • „Кучиња во пазарот“ (1979)
  • „Патот без сон“ (1982)
  • „Душите на робовите“ (1984)
  • „Градителот на преноќиштето“ (1986)
  • „Шалот на на Асмодеус“ (1988)
  • „Мирисот на расцветаната империја“ (1991)
  • „Трите рози“ (1992)
  • „Мајка Марија“ (1992)
  • „Преплетувачки и разврзувачки јазли“ (1993)
  • „Што реков за Босна“ (1995)
  • „И тука е крајот“ (1999)
  • „Амбра“ (2000)
  • „Фукара“ (2002)

Наводи уреди

Надворешни врски уреди