Знамето на Суринам е официјалното знаме во државата кое е составено од пет хоризонтални ленти, од кои средната е најголема и е во црвена боја. Над и под црвената лента има две бели мали ленти кои пак се веднаш до две поголеми зелени ленти. Во средината на знамето се наоѓа голема жолта петокрака.

Знаме на Суринам, 2:3
Претседателско знаме.

Знамето било усвоено на 25 ноември 1975 година, веднаш по независноста на Суринам. Ѕвездата го симболизира единството на етничките групи во државата, црвената боја претставува напредок и љубов, зелената надеж и плодност и белата мир и правда.

Останати знамиња уреди

Поврзано уреди