Знамето на Сирија е официјалното знаме на државата усвоено во 1980 година. Истото знаме било официјално знаме на федерацијата Обединета Арапска Република. Знамето е составено од три хоризонтално ленти со еднаква големина во црвена, бела и црна боја. Во средината на знамето има две зелени петокраки. Боите на знамето се пан-арапски. Ѕвездите го претставуваат Сирија и Египет, двете држави на Обединетата Арапска Држава. Зелената боја ги претставува Праведните калифи или Фатимидите, велата ги симболизира Омејадите, црната го симболизира Абасидскиот калифат, додека црвената крвта на луѓето.

Знаме на Сирија.

Поврзано уреди

Надворешни врски уреди