Знамето на Оман (арапски: علم عمان) е националното знаме на државата. Ова знаме се состои од три хоризонтални полиња во бела, зелена и црвена боја и со вертикална црвена лента на која е грбот на Оман. Белата боја означува мир и просперитет, зелената боја ја означува плодноста и зелените планини и црвената боја означува борбата на народот со странските окупатори. Црвената боја исто така е боја на поранешното знаме на Оман кога бил познат како Султанат Мускат. До 1970 година Оман користел чисто црвено знаме кога во 1970 година султанот предложил сосема ново знаме, денешното.

Знаме на Оман со сооднос од 1:2
Знаме на Султанат Мускат.

Галерија уреди

Поврзано уреди