Знаме на Мозамбик

државно знаме

Знамето на Мозамбик е националното знаме на државата кое било усвоено на 1 мај 1983 година. Знамето се состои од пет хоризонтални ленти од кои две се мали и три големи. Боите редоследно се: зелена, бела, црна, бела и жолта. Од страна на знамето е поставен црвен триаголник со жолта петокрака во средината. На самата петокрака се наоѓа елемент од грбот. Знамето на Мозамбик е единственото знаме во светот што има претставено современо оружје на знамето. Зелената боја го означува богатството на земјата, белата боја означува мир, црната боја го означува африканскиот континент, жолтата боја го означува рудното богатство на Мозамбик и црвената боја означува борба за незавиосност. Оружјето означува одбрана на татковината, книгата ја означува важноста на образованието, мотиката го симболизира земјоделството и ѕвездата го симболизира Марксизмот и интернационалата.


Знаме на Мозамбик
}}
Употреба државно и пловно знаме национално знаме и поморско знаме
Сразмер 2:3
Усвоено 1 мај 1983
Опис Знаме со пет хоризонтални ленти, три големи и две мали во зелена, бела, црна, бела и жолта боја со црвен триаголник од страна. Во триаголникот е ѕвезда со елемнти од грбот.

Историски знамиња уреди

Наводи уреди

Поврзано уреди