Знаме на Барбадос


Знамето на Барбадос е официјалното знаме на оваа островска држава кое било усвоено на 30 ноември 1966 година. Знамето е составено од три еднакви вертикални ленти во сина, жолта и сина боја. Во средната жолта лента има приказ на трозаб.


Знаме на Барбадос
}}
Назив „Скршен трозаб“
Употреба државно и пловно знаме национално знаме и граѓанско поморско знаме национален симбол на Барбадос
Сразмер 2:3
Усвоено 30 ноември 1966
Опис Три вертикални ленти во сина, жолта и сина лента со црн трозаб на жолтата лента.
Творец Грентли В. Прескод

Се верува дека сините ленти го означуваат океанот, жолтата боја го означува песокот на островот додека трозабот е преземен од постар колонијален беџ на Барбадос. Трозабот е скршен и е прикажан само врвот што означува симболичен прекин со историските и уставните врски со поранешаната колонија.[1]

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. „Flag of Barbados: Government of Barbados“. Архивирано од изворникот на 2010-04-28. Посетено на 2010-06-25.

Надворешни врски уреди