Златна порта (Цариград)

Златната порта во Цариград (грчки: Χρυσεία Πύλη, Chryseia Pylē; латински: Porta Aurea; турски: Altınkapı или Yaldızlıkapı) била влезната порта во престолнината на Византија. Таа била главниот влез во престолнината и се користела особено при триумфалните влезови на императорот во главниот граф при воените победи или други државни пригоди. Во многу ретки случаи, низ портата било дозволено да влегуваат и излегуваат некакви царски посетители, како папски делегации на пример. Во 1261 година, по повторното заземање на градот од страна на Византијците, низ оваа порта поминал Михаил VIII Палеолог[1] . Името на оваа порта било земено од многу други големи градови кои имале златна порта, како на пример оние во Солун или портата во Киев.

Златна порта
Χρυσεία Πύλη
Porta Aurea
Поглед кон портата
Карта
Општи податоци
ГрадИстанбул
ЗемјаТурција
Остатоци од портата

Историја уреди

Датумот на изградба на оваа порта е непознат. Се смета дека била изградена во времето на Теодосиј II, односно во времето кога биле изградени и ѕидините на градот[2].

И покрај нејзината главно церемонијална улога, портата во текот на својата историја издржала на голем дел од нападите. Со додавањето на попречен ѕид меѓу внатрешните и надворешните ѕидини, таа претставувала еден вид мала тврдина. По заземањето на градот од страна на Османлиите, биле додадени три поголеми кули на портата во внатрешноста на ѕидините, формирајќи тврдина од седум кули која тврдина денеска е позната како Еди-куле Хисар.

Во тоа време таа ја изгубила својата функција како порта. Овде би сместен главниот затвор во Цариград. Меѓу најпознатите затвореници кои лежеле овде бил младниот Осман II, кој бил затворен и погубен од јаничарите во 1622 година. Во текот на Наполеоновите војни, тврдината била затвор на многу француски затвореници. Какоз затвор објектот служел до 1837 година.

Опис уреди

Портата била изградена од големи квадратни блокови од полиран бел мермер и имала форма на три заоблени порти. Околу портата се наоѓале околу десетина кули. Со исклучок на централниот влез, споредните останувале отворени во текот на секојдневието на населението на градот.

Портата била украсена со многубројни статуи, вклучувајќи ја и статуата на Теодосиј I на врвот. На врвот исто така имало поставено скулптура од крст, кој паднал по земјотресот од 562 година.

Наводи уреди

  1. van Millingen 1899, стр. 67–68
  2. Mango 2000, стр. 179