Зелениот чај се прави од листовите на дрвенестата чајна билка, Camellia sinensis, распространета е на Далечниот Исток, посебно во Кина и Јапонија.[1] Од 19 век оваа билка почнала да се шири на тропските и суптропските предели. Билката може да израсне до 3 метри во височина, обрасната со долги зимзелени лисја. Во лисјата се застапени биоактивни материи, меѓу кои: теин, теобромин, теофилин и етерично масло, заради кои се одгледува оваа билка.

Листови од зелен чај
Полиња со зелен чај

Наводи уреди

  1. Green Teas: A (very) Brief History, teaguardian.com, Посетено на 4 March 2017