Зелентско Езеро (германски: Selenter See) — второ најголемо езеро во сојузната покраина Шлезвиг-Холштајн, во северна Германија, веднаш зад Големото Пленско Езеро. Се наоѓа на 37 метри и има површина од 22,4 км².

Зелентско Езеро
Езерото близу Зелент
ПодрачјеШлезвиг-Холштајн
Координати54°18′20″N 10°26′43″E / 54.30556° СГШ; 10.44528° ИГД / 54.30556; 10.44528
Главни истециМиленау, Залцау
Сливни земји Германија
Површина{{Пб/Грешка во изразот: Непрепознаен интерпункциски знак „к“
 |1=Грешка во изразот: Непрепознаен интерпункциски знак „к“
}}
22,4 км² км2
Прос. длабочина34 м м
Надм. височина37 м м
Населени местаЗелент

Зелентското Езеро, кое се наоѓа близу општината Зелент во округот Плен, е со длабочина од 34 метри. Езерото истекува во Балтичкото Море преку потокот Хоенфелдер Миленау, само 10 километри долг, на север, и од Залцау на северозапад.

Создавањето на Зелентското Езеро потекнува од последното ледено доба.

Птичји резерват уреди

Постои птичји резерват околу езерото кое се простира 3.060 хектари. Во резерватот се наоѓаат бројни птици како водомар, жолтоклун лебед, голем северен нуркач, кокаљка и морски орел. Резерватот е управуван од добротворната организација, LLUR.[1]

Наводи уреди

Надворешни врски уреди

  •   Зелентско Езеро на Ризницата ?
  • Никсдорф, Б. (2004), „Selenter See“, Dokumentation von Zustand und Entwicklung der wichtigsten Seen Deutschlands (германски), Берлин: Сојузна служба за животна средина (Umweltbundesamt), стр. 82 Не се допушта закосување или задебелување во: |publisher= (help)
  • Хидробиолошка студија на четири мали потоци во Шлезвиг-Холштајн Архивирано на 18 јули 2015 г. на www.schriften.uni-kiel.de (Килски универзитет). (германски)