Зеленградски манастир

манастир во близина на селото Зеленград

Зеленградски манастирманастир во Злетовско-пробиштипско, во источниот дел на Македонија. Се наоѓа на падините на Осоговските Планини, во близина на селото Зеленград и на околу 7 км од Злетово, непосредно на десната страна од Злетовска Река. Претставува метох на Лесновскиот манастир. Манастирот во минатото бил машки, но по неговото возобновување е женски. Посветен е на Свети Спиридон.

Зеленградски манастир
Поглед на манастирот
Информации
Целосно имеЗеленградски манастир
Други имињаМанастир „Св. Спиридон“
Манастир на:МПЦ - ОА
ОснованXIII век
Посветен наСвети Спиридон
ЕпархијаБрегалничка
ЦрквиЦрква „Св. Спиридон“
Црква „Покров на Пресвета Богородица“
Личности
Место
Местово близина на Злетово, Општина Пробиштип Македонија Македонија
Координати42°01′58″N 22°16′10″E / 42.03278° СГШ; 22.26944° ИГД / 42.03278; 22.26944
Видливи остатоцицрква, параклис, конаци
Отворен за јавностада
Други информации(Злетовска парохија)

Местоположба уреди

Манастирот се наоѓа на самата атарска граница на кратовското село Луково и пробиштипското село Зеленград.

Историја уреди

Манастирот за првпат се споменува во лесновски типик од XIII век. За него се знае многу малку, затоа што нема зачувани пишани записи. Познато е дека од неговото основање бил машки манастир, а по потпаѓањето на Македонија под отоманска власт бил срушен. Во периодот по Втората светска војна, манастирот бил целосно запуштен. Во 2006 година е започнато негово обновување на темелите на првобитниот манастир, при што изградбата траела 13 месеци и завршила во 2007 година. Манастирот бил осветен од страна на Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан на 21 јули 2007 година, а на церемонијата на осветувањето присуствувале надлежниот Митрополит Брегалнички г. Иларион, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, игуменот Дамаскин и свештенослужители.[1] По возобновувањето, манастирот е женски, а првата монахиња била замонашена на 27 август 2007 година. Денес во манастирот покрај монахињи има и искушенички.[2][3]

Градби уреди

Во склоп на манастирот спаѓаат две манастирски цркви и конаците.

Главна манастирска црква уреди

Црквата се наоѓа во источниот дел од манастирот, од десната страна на влезната порта. Градбата има правоаголна основа и се состои од два дела. Изградена е од камен и тули, и целосно покриена со ќерамиди. Внатрешноста е живописана од страна на зорафите Драган Ристески од Охрид и Лазар Лечиќ од Војводина.[2] На една од фреските е прикажано Успението на Пресвета Богородица. Камбанаријата на црквата е сместена од десната страна пред самата црква.

Параклис уреди

Црквата претставува параклис посветен на Покровот на Пресвета Богородица.

Конаци уреди

Владичкиот конак бил изграден во 2008 година.[2] Во конаците живеат монахињи и искушенички. Секоја година, во пресрет на празникот на Свети Спиридон, во конаците традиционално се одржува „трпеза на љубовта“.

Галерија уреди

Наводи уреди

Надворешни врски уреди