Зеланд (холандски: Zeeland, зеландски: Zeêland) — покраина во Холандија. Зеланд е најзападната покраина во Холандија, која се наоѓа во југозападниот дел на државата. Покраината е составена од поголем број острови во близина на Белгија. Главен град на покраината е Миделбург. Зеланд има вкупно население од околу 380.000 жители, и вкупна површина од 2,930 км2, од кои 1,140 км2 се вода.

Зеланд
Покраина во Холандија
Знаме на ЗеландГрб на Зеланд
Гесло: Luctor et Emergo
Се борам и изникнувам
Химна: "Zeeuws volkslied"
"Зеландска химна"
Местоположба во Холандија
Местоположба во Холандија
Координати: 51°34′N 3°45′E / 51.567° СГШ; 3.750° ИГД / 51.567; 3.750
ДржаваХоландија
Гл. градМиделбург
Управа
 • Комисионер на кралотХан Полман
Површина
 • Вкупна2,934 км2 (1,133 ми2)
 • Земјишна1,788 км2 (0,690 ми2)
 • Вода1,146 км2 (0,442 ми2)
Ранг8
Население (2006)
 • Вкупно380,186
 • Ранг12
 • Густина130/км2 (340/ми2)
 • Ранг11
Часовен појасCET (UTC+1)
 • Лете (ЛСВ)CEST (UTC+2)
ISO 3166NL-ZE
Мреж. местоzeeland.nl

Зеланд на холандски значи „морска земја“, односно името се однесува на местоположбата и самата географска структура на покраината. Поголем дел од Зеланд е под надморска височина. Последната голема поплава во регионот била во 1953. Главна стопанска гранка во покраината е туризмот. Океанската држава Нов Зеланд е именувана по оваа покраина.

Географија уреди

 
Карта на Зеланд.

Покраината Зеланд е голема речна делта на неколку реки, меѓу кои Шелда, Рајна и Меза. Поголем дел од покраината е под надморската височина и дел од копното било повратено со тек на времето (водата се повлекувала, приридно или вештачки). Луѓето граделе вештачки брда, кои со тек на времето станувале суви острови.

Општини уреди

Демографија уреди

Покраината има население од 380.186 жители и густина на население од 210 жители на километар квадратен. Таа е 12 најголема покраина во државата по население и 11 најнаселена во Холандија

Наводи уреди

Надворешни врски уреди