Здравчи Камен

рид и вулканско грло во Кратовско

Здравчи Каменрид и вулканско грло со висина од 844 м на левата долинска страна на Кратовска Река, јужно од с. Живалево. Се протега во правец северозапад-југоисток до с. Шлегово, во должина од 2,5 км, а широчината му изнесува 0,5-0,8 км.[1] Грлото е изградено од андезитски карпи, кои при истиснување низ вулканскиот канал, добиле столбесто лачење. Околу некот се дебели напласти на туфови, кои се доста еродирани со речносоголувачките процеси.

Здравчи Камен
Поглед на грлото на Здравчи Камен
Највисока точка
Надм. вис.844 м [1]
Матичен врвЗдравчи Камен
Координати42°4′34″N 22°9′4″E / 42.07611° СГШ; 22.15111° ИГД / 42.07611; 22.15111
Географија
Здравчи Камен is located in Македонија
Здравчи Камен
Здравчи Камен
Општина Кратово, Македонија Македонија
Здравчи Камен на карта

Карта

Релјеф и структура уреди

На источната страна Здравчи Камен длабоко е пресечен од Кратовска Река, а на западната — од Шлеговска Река. Крупните цврсти андезити, поради селективната ерозија, се издигаат во релјефот и на целата структура и даваат изглед на добро сочувана вулканска купа, со релативна височина од 300 м. Со механичко разорување, во андезитските карпи се изградени интересни соголени облици, особено остенци, чашки, стапалки и др. Во највисокиот дел се сочувани остатоци на езерска тераса од 780-800 м.

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 Група автори (2016). „Вулкански купи Пилав Тепе и Плоча кај Шопур“. Студија за геодиверзитетот и геонаследството на Република Македонија и другите компоненти на природата (PDF). Скопје: Министерство за животна средина и просторно планирање. стр. 143-144. ISBN 978-9989-110-90-0.