Здравец или питом здравец (науч. Geranium macrorrhizum) — растение од семејството на здравците (Geraniaceae).

Питом здравец
Научна класификација [ у ]
Царство: Растенија
клад: Скриеносеменици
клад: Евдикоти
клад: Розиди
Ред: Здравцовидни
Семејство: Здравци
Род: Здравец
Вид: Питом здравец
Научен назив
Geranium macrorrhizum
L.

Опис на растението уреди

Здравецот е зелкасто, повеќегодишно растение до исправено стебло високо до 40 cm. Листовите се на долгите дршки и со лиските изделени на крупни делови. Цветовите се лесно забележливи, со црвени до темноцрвени круни и шилести, со јајчеста форма листови на чашката. Ризомот е добро развиен, крупен со должина 10–15 cm, и косо поставен.

Хемиски состав уреди

Ризомот (Geranii macrorrhizi) и надземниот дел (G. herba) на билката најчесто се користат како дрога. Ризомот содржи:

Етаричното масло лесно се губи за време на сушењето, па затоа е најдобро да се користи свежо астение. Има специфичен силен и пријатен мирис, кој потсетува на мешавина меѓу ружа и мускатна жалфија. Поради ова, етеричното масло од здравецот често се користи во козметиката.

Се одгледува како украсна билка во градина.

Лековити својства уреди

Поради високото присуство на танин, здравецот пред сè, се користи во народната медицина за смирување на воспалена кожа и слузокожа. Помага при несоница, бидејќи ги успорува активностите на организмот, и го продолжува сонот. Има благо смирувачко дејство, и се користи за смирување на нервозна работа на срцето.[1]

Наводи уреди

Литература уреди

  • Гостушки, Р: Лечење лековитим биљем, Народна књига, Београд, 1979.
  • Грлић, Љ: Енциклопедија самониклог јестивог биља, Аугуст Цесарец, Загреб, 1986.

Надворешни врски уреди