За кого бие камбаната (филм од 1943)

За кого бие камбаната (англиски: For Whom the Bell Tolls) – американски филм од 1943 година, во режија на Сем Вуд, а според сценариото на Дадли Николс, засновано врз истоимениот роман на Ернест Хемингвеј. Во главните улоги настапуваат: Гари Купер, Ингрид Бергман, Аким Тамороф, Артуро де Кордова, Владимир Соколоф, Михаил Расумни и Катина Паксину. Филмот бил кандидиран за наградата „Оскар“ во девет категории, од кои победил само во една – за најдобра женска епизодна глумица (Паксину).[1]

Герила борците ја планираат својата мисија.

Синопсис уреди

Дејството на филмот се одвива за време на Шпанската граѓанска војна. Меѓу илјадниците борци кои пристигнале од целиот свет на страната на републиканската армија се наоѓа и Американецот Роберт Џордан (го игра Купер). Во една акција, тој ја запзонава убавата девојка Марија (ја игра Бергман), која по смртта на нејзините родители живее заедно со група герилци. Тие се свесни дека нивната љубов нема никаква иднина во воениот виор, тие им се препуштаат на своите чувства, што ги прави поранливи, но и посреќни...[2]

Наводи уреди