Захариј (охридски архиепископ)

Захариј бил православен свештеник и охридски архиепископ најверојатно во периодот по 1482 година или подоцна[1].

Захариј
Архиепископ од
Архиепископ до околу 1482
Претходник Николај II
Наследник непознато
Роден 15 век
Починал 15 век
Други архиепископи со име Захариј

Тој е споменат во житието на цариградскиот патријарх Нифон II во годините 1486, 1489, 1497, 1498 и 1502 година.[2] Нифон II престојувал во Охрид пред да стане солунски митрополит во 1482 година. [2]

Бил благороден и образован човек. Пред да стане митрополит престојувал на Света Гора, а потоа отишол во Нарда, каде што учителствувал. Оттаму заминал во Албанија, каде проповедел против унијата со Римокатоличката црква (Флорентинскиот собор), каде определен период поминал кај Скендербег во Кроја. Под паѓањето на Цариград под Турците, отишол во охридскиот манастир Св.Богородица. По смртта на Николај II бил избран за негов наследник.[2]

Наводи уреди

  1. Грозданов, Цветан (2007). Живописот на Охридската архиепископија: студии. Скопје: Македонска академија на науките и уметностите.
  2. 2,0 2,1 2,2 д-р Стојан Киселиновски и др. (2000). Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. стр. 187. ISBN 9989-624-46-1. Недостасува |author1= (help)