Засниц (германски: Sassnitz, пред 1993 г. Saßnitz) — град на полуостровот Јазмунд во состав на островот Риген. Административно му припаѓа на округот Западна Померанија-Риген во сојузната покраина Мекленбург-Западна Померанија, Германија.

Засниц
Хотели на самата плажа во Засниц (погледнати од крајбрежната патека)
Хотели на самата плажа во Засниц (погледнати од крајбрежната патека)
Хотели на самата плажа во Засниц (погледнати од крајбрежната патека)
Грб на Засниц
Засниц во рамките на Германија
Засниц
Управа
Земја Германија
Покраина Мекленбург-Западна Померанија
Округ Западна Померанија-Риген
Градоначалник Дитер Холц
Основни податоци
Површина 46,45 км2
Надм. височина 30 м
Население 9.191 (31 декември 2020)[1]
 - Густина 198 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. RÜG
Пошт. бр. 18546
Повик. бр. 38392
Портал www.sassnitz.de
Местоположба на градот Засниц во рамките на округот Западна Померанија-Риген
Карта
Карта
Координати 54°30′59″N 13°38′28″E / 54.51639° СГШ; 13.64111° ИГД / 54.51639; 13.64111
Стариот град на Засниц
Карпите од креда во Националниот парк Јазмунд

Тој е добро познато приморско одморалиште и пристаништен град и се наоѓа близу Националниот парк Јазмунд со неговата уникатни карпи од креда. Засниц е дом на единствената зоолошка градина на Риген. Повлечената британска подморница Отус била купена од германски претприемач и била донесена во Засниц да биде пловечки музеј. Областа во Засниц е најпознати по нејзините познати карпи од креда (Kreidefelsen), кои ја поттикнувале инспирацијата кај сликарите како Каспар Давид Фридрих.

Географија уреди

Градот Засниц се наоѓа во североисточниот дел на островот Риген, протегајќи се во источниот дел на полуостровот Јазмунд и сè до песочниот теснец Шмале Хајде на југ. Пејзажот е особено познат по неговите карпи од креда. Покрај тоа во пејзажот преовладуваат слоевите од леденото доба. Најчесто се пополнети од мали езера. Најзабележлива карпа од креда е 118-метарскиот Кенигсштул. Големи делови на градот се пошумени со различни видови дрва. Постојат ретки дрва како дива круша, дива јаболка и тиса. Градот се наоѓа на крајбрежниот брег на јужниот дел на Штубниц, 7,5 километри долга и четири километри широка букова шума. Преостанатиот дел се состои од мочуришта, плажи, ливари, пасишта и населби. Јужно од градот, близу Мукран, се наоѓа езерото Востевиц, заштитен природен резерват. Малиот поток Штајнбах тече низ самиот град.

Близу Кенигсштул се наоѓа уште едно езеро, Херта, кое има пречник од 150 метри и е до 11 метри длабоко.

Градски единици уреди

Градот Засниц е поделен на следниве единици. Блишов, Буденхаген, Даргаст, Дрозевиц, Дубниц, Клементелвиц, Мукра, Ној Мукран, Рузевазе, Засниц, Штафел, Штубенкамер, Вердер и Востевиц.[2]

 
Делови на карпите на креда во Националниот парк Јазмунд: Викториин поглед (Victoria-Sicht) и Кенигсштул (Königsstuhl), погледнати од Балтичкото Море

Геологија уреди

Самиот пејзаж на Јазмунд е геолошки многу млад. Неговото создавање започнало со крајот на последното ледено доба пред околу 12.000 години, кога топењето на мразот оставило морена. Како последица на топењето на мразот, дупките во земјата и пониските делови биле исполнети со вода. Се создал претходникот на денешното Балтичко Море, Анцилоското Езеро.

Потоа се раширила степа низ областа. Подоцна, се појавиле шуми од бор и бреза, како и дабови шуми. Во текот на последните илјада години, буковите шуми преовладуваат во областа. Пред околу 6000 години, морското ниво се издигнало на денешното ниво, со што се создал Јазмунд. Како последица на ерозијата биле создадени стрмни брегови, кој го карактеризираат пејзажот.

 
Историска разгледница (1912) со благороднички куќи, покажувајќи ја вообичаената бањска архитектура на германските одморалишта на Балтичкото Море

Историја уреди

 
Рибарски брод во пристаништето, 1962/63

Во 1906 двете рибарски села Крампас и Засниц биле споени во општината Засниц. Рибарското било и е важно за градот. Желбата на многу градски жители да се одмораат на море довело до крајот на XIX век енормно да се зголеми бројот на туристи на бреговите на Балтичкото и Северното Море, како и на самиот Риген. Од 1824 забележано е дека семејството на берлинскиот теолог Фридрих Шлајермахер одело на одмор на плажа во Засниц.

 
Денес: Луксузни историски хотели на самите плажи

Теодор Фонтане, во неговата книга Ефи Брист, го именувал нејзиниот љубовник, мајорот Фон Крампас, по рибарското село на Риген. Исто така тој пишуван за езерото Херта, со неговите вендски камења на жртвување и ја создал фразата во неговата книга: „Да патуваш на Риген е да патуваш во Засниц“.[3] Јоханес Брамс и царот Вилхелм биле другите познати посетители на Засниц.

Во 1871 бил проширен патот до Засниц, а во 1891 градот бил поврзан со железничката мрежа од Берген; во 1871 постоел бродски превоз до Штетин; во 1889 постоеле морски врски до Рене (Борнхолм), Трелеборг и Мемел (денес Клајпеда). Новите врски му овозможиле на местото брзо да се развие. Се проширувала индустријата за креда, а се развивало и рибарството и рибарските производи, како и туризмот.

На почетокот на XX век било изградено шеталиштето на плажата. Вообичаената бањска архитектура со пансиони и хотели оставила белег на местото во тоа време. По основањето на траектните и поштенските линии, Засниц исто така станал и административно седиште.

 
Висечки мост до пристаништето (за пешаци)

Засниц не добил градски права сè до 1957. Рибарската индустрија и понатаму се развивала; меѓутоа пансионите започнале да пропаѓаат. Во 1984 било изградено ново пристаниште во градската единица Мукран за железничко поврзување помеѓу Источна Германија и Советскиот Сојуз. По 1991, траектното пристаниште - Засниц било повторно изградени за опслужување на целиот Балтички Регион.

Официјалното пишување на името на Засниц на германски јазик било „Saßnitz“ до 2 февруари 1993. Тоа било и името кое било користено при доделувањето на градските права на 23 ноември 1956.

Од 1991, историскиот град бил целосно обновен како дел од планот за промовирање на урбаниот развој; изгледот на градот значително се подобрил. Куќите во бањска архитектура биле обновени и поголем дел од нив варосани со бела боја. Старото градско пристаниште било вклучено во планот за обнова во 2000.

Во јули 2007 бил изграден висечки мост за пешаци, долг 274 метри, кој го поврзувал центарот на Засниц со пристаништето.

Демографија уреди

Со неговиот подем како приморско одморалиште и траектно пристаниште, населението на општината Засниц растела значително од 332 во 1885 до 3.987 во 1925 и 7.826 во 1939. Понатамошното ширење на Засниц, сега издигнат на ниво на град, како траектно и рибарско пристаниште во 1957, предизвикало уште едно големо зголемување на населението (1971: 13.676; 1981: 14.944)[4] Меѓутоа, од крајот на 1980-тите, населението повторно опаднало и тоа до 11.985 во 1998 и 10.366 до крајот на 2010.[5]

Политика уреди

Грб уреди

 
Градско собрание

Грбот на градот бил донесен од Градскиот совет во 1959 и потврден на 1 ноември 1994. Амблемот е регистриран со број 17 во регистарот на грбови на Мекленбург-Западна Померанија.

„Грбот прикажува црвено-сребрен светилник на сина позадина, со сребрени зраци на светло. Се издигнува од горниот дел на црвениот ѕид од тули со сребрен малтер“.[6]

Знаме уреди

Знамето на градот има три вертикални ленти: сина, бела и сина. Сините ленти зафаќаат две деветини од височината на знамето. Белата лента зазема пет деветини од височината и е украсена во средината со грбот на градот. Размерот на височината со должината на знамето е 3:5.

Збратимени градови уреди

Засниц е збратимен со следниве градови:

Култура и знаменитости уреди

Градот Засниц е најважно туристичко одредиште во Националниот парк Јазмунд, најмалиот национален парк во Германија по површина. Кенигсштул е најпривлечната точка во паркот. Со височина од 118 метри, тој е највисока точка на карпите од креда во националниот парк.

 
Старо рибарско пристаниште
 
Старото пристаниште во Засниц
 
Подморницата Отус во пристаништето во Засниц

Од март 2004, националниот парк има центар за посетители во Кенигсштул, кој има изложби во внатрешноста за природниот свет, карпите, Балтичкото Море и буковите шуми на паркот.

На работ на Националниот парк Јазмунд се наоѓа Паркот на дивиот свет Засниц, единствениот од ваков вид на островот Риген. Музејот за креда Гуманц (Kreidemuseum Gummanz), единствениот музеј за креда во Европа, се наоѓа не далеку од Засниц близу Загард на земјиште на стара ископина на креда, која работела од 1855 до 1962, и ја користи отворената сцена за визуелни и текстуални информации, кои ја опишуваат геологијата, рударството и работењето со креда на Риген.

Пристанишна зона уреди

„Стаклената станица“ (Glasbahnhof) ја загубила нејзината функција како последица на ширењето на новото Траектно пристаниште - Засниц и денес е дом на изложбен центар, како и на Музејот за подводна археологија (Museum für Unterwasserarchäologie). Тука се наоѓаат неколку артефакти од откривањето на бродот Ралсвик (Bootsfunde von Ralswiek).

Рибарскиот и пристаништен музеј (Fischerei- und Hafenmuseum) ја запишува историјата на рибарството на Риген и старото пристаниште во Засниц. Помеѓу изложените предмети е рибарскиот удар Хавел (Fischcutter). Во пристаништето, помеѓу рибарските и рекреативните бротчиња, се наоѓа британската подморница Отус, музејски експонат, како и крајбрежниот товарен брод, Анемари, кој бил преобразен во патнички брод во 2007.

Паркот на пеперутките Аларис (Alaris Schmetterlingspark) во Засниц е отворен од јули 2003. Паркот е дом на стотици пеперутски во тропска околина.

Згради уреди

 
Протестантска (евангелистичка) црква во Засниц
 
Замок Двазиден, неокласичен дворец во Засниц, изграден во 1876 и во голема мера уништен во 1947. Денес се останати само руини. (Слика од 1879)
  • Засниц го има најдолгото надворешно ѕидано пристаниште во Европа со должина од 1.450 метри. Изградбата започнала во 1889 и била целосно завршена во 1912.
  • Денешното Градско собрание било проектирано од берлинскиот архитект, Густав Бер, и отворено во 1910 како бања и општински центар за членовите на обединетата парохија на Засниц. На главниот влез стои сликовит стаклен мурал кој потсетува на поранешната функција како јавна бања.
  • Кон крајот на шумата Двазиден се наоѓа домот за стари лица на Здружението на социјални работници. Се состои од медицински центар и апартмани со станови за постари и изнемоштени лица, кој бил завршен во 2005.
  • Стаклената станица (Glasbahnhof) и траектниот терминал на пристаништето во Засниц потсетува на 100-годишната традиција на траектните линии до Шведска и Северна Европа.
  • Стариот град на Засниц е близу Градското собрание. Во Карлштрасе (Karlstraße) се наоѓа најстарата куќа во Засниц, јасно видлива поради нејзината сина и бела надворешност. Поради нивната архитектура, Хаус Зерозе и Вила Херта се вредни за посета.
  • Евангелистичката црква Св. Јован се наоѓа на рид помеѓу Засниц и Крампас. Нејзината изградба започнала во 1880 по планови на градскиот архитект Адолф Герстенберг од Берлин. Отворањето се случило три години подоцна.
  • 274-метри долгиот висечки мост, кој од 2007, го поврзува центарот на градот и пристаништето во Засниц.
  • Замокот Двазиден се наоѓа во парк во истоимената шума. Неговите руини потсетуваат на некогашната прекрасна градба. Големиот банкар од Ахен, Адолф фон Ханземан го купил имотот во средината на XIX век од баронот Едвард фон Барнеков. Дворецот бил изграден во периодот 1873-1876 по проектот на Фридрих Хициг во италијански неоренесансен стил. Во 1947 зградата била урната од владата на ГДР и само делови на едното крило останале. Во 2007 постоеле планови да се обнови замокот на друг начин и да се прошири во бањски град со 3.000 кревети.[7] За жал, во очите на многумина, овие планови биле напуштени и биле подготвени планови за поверна обнова.

Историски споменици уреди

  • Споменик на вајарот, Рајнхард Шмит, изграден во 1973 посветен на жртвите на фашизмот
  • Спомен-плоча во гробиштата со споменик на социјалдемократот, Херман Беберт, кој бил убиен во 1945 поради приговор на совеста. Од 1970 училиштата за посебни потреби е именувано по него.

Спорт уреди

  • СГ Емпор Засниц (SG Empor Sassnitz) со околу 700 членови е најголем спортски клуб на островот Риген. Има делови наменети за фудбал, ракомет, одбојка, тенис, пинг-понг, бадминтон, атлетика, куглање и џудо.

Редовни настани уреди

  • Карневалскиот клуб Засниц (Sassnitzer Karnevalclub) го одржува главниот карневал секоја година
  • Детскиот фестивал во зоолошката градина со јавања на пони, музика и забава во неделата најблиска до Денот на детето
  • Оганот на летото (Mittsommerfeuer) — настан со шведска традиција со гости од збратимениот град Трелеборг
  • Фестивал на Главната улица (Hauptstraßenfest) се прославува во центарот на градот од 2001 во последниот викенд во јуни
  • Летни концерти во Црквата Св. Јован, Засниц, обично од јуни до септември
  • Годишните пристанишни денови Риген (Rügener Hafentage) се одржуваат во вториот викенд во јули, три дена во градското пристаниште
  • Засниц Мол Соаре (Sassnitzer Molensoiree) се одржува на ѕиданото пристаниште - Засниц во првата сабота во август
  • Регатата Засниц во Траектното пристаниште - Засниц во третиот викенд во август
  • Циркус во последниот викенд во август
  • Ревија на шеталиштето и крајбрежната патека во последниот викенд во август
  • Божиќен пазар во стариот град во Засниц

Стопанство уреди

 
Траектното пристаниште - Засниц

Засниц е на крајот на сојузниот пат Б96 и железничката линија Штралзунд-Засниц.

Главни економски дејности на Засниц се туризмот и пристаништето.

Каменолом за креда близу Клементелвиц, не далеку од Засниц, е традиционална индустриска активност на островот. Од почетокот на 1840, кредата била ископувана од отворени копови. Кредата не се користи само за производство на гипс, туку е користена од електричните електрани за нивните филтри за прочистување на водата, поради нејзиниот висок квалитет. Ригенската креда (Rügener Kreide) — исто така користена за лечење и превентивна медицина.

Траектното пристаниште - Засниц во градската единица Мукран е најисточното пристаниште во Германија. На ова место има најкратки морски врски од Германија до Шведска, Данска (Борнхолм), Финска, Русија и балтичките земји. Пристаништето се наоѓа во заливот Прорер Вик, близу отворено море и затоа е лесно достапно за бродовите. Длабочината на водата од десет и пол метри го прави достапно за сите класи на бродови во Балтичкото Море. Неговата флексибилна железница овозможила да се развие во посебно пристаниште за мешовит сообраќај на добра. Денес, околу 70.000 вагони се префрлаат до и од Трелеборг и околу 7.400 вагани на бродските линии до и од балтичките држави.

 
Карта на железничката линија Штралзунд-Засниц

Сообраќај уреди

Железнички уреди

Покрај станицата во Засниц постои и траектна станица во Мукран. Дури и пред Првата светска војна била отворена пристанишната железничка станица во Засниц како траектен терминал за т.н. Кралска линија од Германија до Шведска (Трелеборг). Во 1980-тите бил изграден нов траектен терминал со широк и стандарден колосек во градската единица Мукран. Од Мукран има траекти до и од Клајпеда во Литванија, до Борнхолм во Данска и Санкт Петербург во Русија. На траектот до Шведска, покрај железнички вагони се пренесуваат и возила.

Луѓе уреди

 
Споменик на рибарите од Засниц кои не се вратиле од морето
 
Споменик на Ленин во Засниц
  • Каспар Давид Фридрих бил толку инспириран од варовните карпи на стрмниот брег на Јазмунд близу Засниц, поради што ја насликал својата позната слика, Варовните карпи на Риген (Kreidefelsen auf Rügen).
  • Фридрих Шлајермахер, ги испратил неговата жена и деца во 1824 во Засниц на подолго време. Оваа година се зема како родеден за Засниц како приморско одморалиште.
  • Јоханес Брамс поминал подолго време во Засниц во 1876. Го создал последниот дел на неговата прва симфонија во Ц-мол.
  • Августа Викторија поминала подолго време во Засниц во 1890 заедно со принцот. Престојувале во Вилата Марта.
  • Теодор Фонтане собирал во Засниц во 1895 идеи за неговиот светски познат роман, Ефи Брист, сега и филмуван.
  • Владимир Илич Ленин патувал во 1917 од Швајцарија преку пристаништето во Засниц до Санкт Петербург.
  • Штефи Нериус, олимпијка.

Легенда уреди

Германската божица Херта се претпоставува дека живеела во Јазмунд во тврдината Херта (Herthaburg), која е именувана по нејзе. Всушност, некои од неговите делови биле дел од поранешен словенски замок. Наводно, божицата Херта одела еднаш годишно до езерото Херта за да се искапе. На смртниците им било забрането да ја гледаат божицата како се капе. Па така сите слуги и робови, кои ѝ помагале да се искапе, потоа биле удавувани во езерото. Теодор Фонтане ја запишал оваа легенда во неговиот роман Ефи Брист.

Кенигсштул исто така го носи своето име од една приказна од минатото. The Königsstuhl also takes its name from a story in the legendary past. Кој и да посакал да биде крал, морал да се искачи на карпата од морската страна.

Друга легенда е за познатиот пират Штертебекер, кој е роден на Јазмунд во 1340 во замокот Рушвиц. Пиратската клисура (Piratenschlucht) во Засниц недалеку од стариот град се претпоставува дека било едно од многуте места за криење за Штертебекер и неговите браќа во балтичката област. Од 1993 се одржува истоимениот фестивал во летните месеци на отворена сцена во Ралсвик.

 
Пристаниште во Ној Мукран

Пристаништа уреди

Наводи уреди

  1. „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Мекленбург-Западна Померанија на 31 декември 2020 г.“. Статистичка служба на Мекленбург-Западна Померанија. јули 2021. (германски)
  2. „Hauptsatzung der Stadt Sassnitz, § 1a“. Архивирано од изворникот на 2004-11-16. Посетено на 2014-02-27.
  3. Theodor Fontane: Effi Briest; Anhang zur Entstehung, стр. 355 до стр. 104 и стр. 280, in dtv, 1995, ISBN 3-423-02366-X
  4. Deutsche Verwaltungsgeschichte Pommern, Kreis Rügen Архивирано на 25 мај 2013 г., 8 август 2010
  5. Извор: Статистичка служба на Мекленбург-Западна Померанија
  6. §1 (2) Hauptsatzung der Stadt Sassnitz[мртва врска]
  7. Rüganer Anzeiger: "Das "Weiße Schloss am Meer" in Dwasieden wird zur Kurstadt entwickelt"

Надворешни врски уреди