Западен Антарктик

дел од Антакрикот кој лежи на западната полутопка

Западен Антарктик, или Мал Антарктик — еден од двата главни региони на Антарктикот, е дел од тој континент кој се наоѓа во рамките на западната хемисфера и го опфаќа Антарктичкиот Полуостров. Тој е одделен од Источен Антарктик со Трансантарктичките Планини и е покриен со ледената покривка на Западен Антарктик. Се наоѓа помеѓу Росовото Море (делумно покриено со Росовиот Леден Гребен) и Веделовото Море (во голема мера покриено со Филхнер-Ронеов Леден Гребен). Може да се смета за џиновски полуостров, кој се протега од Јужниот Пол кон врвот на Јужна Америка.

Речиси празна карта на Западен Антарктик
Обележана карта на Антарктикот, со Западен Антарктик лево.

Западен Антарктик во голема мера е покриен со ледената покривка на Антарктикот, но има знаци дека климатските промени имаат одреден ефект и дека оваа ледена покривка можеби почнала малку да се намалува. Во текот на изминатите 50 години, западниот брег на Антарктичкиот Полуостров бил - и сè уште е - еден од најбрзо затоплените делови на планетата,[1][2] а бреговите на Полуостровот се единствените делови на Западен Антарктик кои остануваат (во лето) без мраз. Тие ја сочинуваат тундрата на Антарктикот и имаат најтопла клима на Антарктикот. Карпите се обложени со мов и лишаи кои можат да се справат со интензивниот зимски студ и кратката сезона на растење.

Местоположба и опис уреди

 
Географска карта на Антарктикот

Лежијќи на страната на Тихиот Океан на Трансантарктичките Планини, Западен Антарктик го опфаќа Антарктичкиот Полуостров (со Греамовата Земја и Палмеровата Земја) и Елсвортовата Земја, Земја на Мари Берд и Земја на Кралот Едвард VII, морските острови како што е островот Аделаида и ледените гребени, особено Филхнер-Ронеовиот Леден Гребен на Веделовото Море и Росовиот Леден Гребен на Росово Море.

Западен Антарктик бил именуван на почетокот на 20 век.[3] Таа употреба станала стандардна по Меѓународната геофизичка година (1957-1958) и истражувањата кои откриле дека Трансантарктичките Планини обезбедуваат корисна регионална граница помеѓу Западен Антарктик и Источен Антарктик. Советодавниот комитет за имиња на Антарктикот го одобрил името во 1962 година.

Западен Антарктик е претежно покриен со масивна ледена покривка наречена Ледена покривка на Западен Антарктик. Во последните децении, оваа ледена покривка покажува знаци на намалување на масата.[4]

Геолошката историја на Западен Антарктик била сумирана во публикација од 2020 година.[5]

Антарктичка тундра уреди

Деловите на Западен Антарктик кои не се покриени со мраз (антарктичка оаза), кои се бреговите на Антарктичкиот Полуостров, сочинуваат регион со биолошка разновидност познат како Антарктичка Мерибердова тундра (по Земја на Мери Берд). Оваа област има најтопла клима на Антарктикот и карпите покриени со мов и лишаи се без снег во текот на летните месеци, иако времето е сè уште интензивно студено, а сезоната на растење е многу кратка.

Географија уреди

Подрачја уреди

Мориња уреди

Ледени гребени уреди

Поголеми ледени гребени се:

Наводи уреди

  1. „Impacts of climate change“. Discovering Antarctica (англиски). Посетено на 2021-11-20.
  2. „WMO verifies one temperature record for Antarctic continent and rejects another“. public.wmo.int (англиски). 2021-06-30. Архивирано од изворникот на 2021-07-02. Посетено на 2021-11-20.
  3. Balch, 1902; Nordenskiöld, 1905)
  4. „Antarctic ice sheet is an 'awakened giant'. New Scientist. 2 February 2005. Посетено на 2008-01-26.
  5. Jordan, Tom A.; Riley, Teal R.; Siddoway, Christine S. (2020). „The geological history and evolution of West Antarctica“. Nature Reviews Earth & Environment (англиски). 1 (2): 117–133. doi:10.1038/s43017-019-0013-6. ISSN 2662-138X.