Залив Пленти (англиски: Bay of Plenty, маорски: Te Moana-a-Toi = „залив на изобилството“), е регион на Северниот Остров на Нов Зеланд сместен околу истоимениот залив. Најголемиот град е Тауранга, во неговиот западен крај. Наречен е по истоимениот залив на чии брегови излегува.

Залив Пленти
Bay of Plenty
регион
ЗемјаНов Зеланд
ОстровСеверен Остров
СедиштеФакатане
Управа
 • ПретседавачДаг Водач
Површина
 • Вкупна12.231 км2 (4,722 ми2)
Часовен појасNZST (UTC+12)
 • Лете (ЛСВ)NZDT (UTC+13)
ISO 3166NZ-BOP
Мреж. местоboprc.govt.nz

Самиот залив уреди

Заливот се протега од основата на заливот Коромандел на запад, па сѐ до ’ртот Ранавеј на исток. Регионот го граничат планинските венци Каимаи и Мамаку на запад и оди навнатре до ретко население шумовити предели околу Роторуа, Каверау и Мурупара. Во заливот има неколку острови, меѓу кои Мајоров Остров/Тухуа, Мотити, Китски Остров и активниот вулкан Факаари/Бел Остров.

Заливот бил именуван од Џејмс Кук во ноември 1769. Му го дал името „Залив на Изобилството“ заради обилните количества храна кои ги нашол посетувајќи крајбрежни маорски села.

Регионот уреди

Регионот според податок од 2006 брои 262.900 жители, кое би нараснало на 277,900 до 2011 г. Два града се доминантни: Тауранга (111,500) и Роторуа (54,800). Другиу градовиво регионот се Те Пуке, Каверау, Катикати и Опотики. Главни стопански гранки во регионот се земјоделството и туризмот, со тоа што прилично популарна атракција е геотермичкиот регион околу Роторуа.

Регионот е шумовит, кои дрва се користат за дрвната индустрија, а друга голема гранка е земјоделството. Климата на крајбрежните предели е речиси тропска, влажна и топла во најголемиот дел од годината, но повнатре околу Роторуа просечната температура е за 2 С° пониска. Важни култури се кивито, јаболкото, авокадото и дрвената граѓа. Како и низ цел Нов Зеланд, овчарството е често, но сѐ повеќе и говедарството е во подем.

Заради потребата од пренесување на дрвени трупци до пристаништето во Тауранга се забележува развој во транспортната мрежа. Железничка линија постои помеѓу Таурнга и регионот Ваикато, па сѐ до источните заливи. Линијата служи само за товарни возови.

Демографија уреди

Во пописот од 2006 севкупното население на регионот Залив Пленти изнесувало 257,379.

Од нив, 28% се изјасниле како маори. 23% биле под 15 годишна ворзаст, а 3.9% биле невработени.

Најголеми населени места уреди

Наводи уреди

  1. „Проценки на населението во управните единици: Состојба на 30 јуни 2018 г. (провизорно)“. Статистика Нов Зеланд. 23 октомври 2018. Посетено на 23 октомври 2018. За градски подрачја, „Проценки на населението во управните единици (UA, AU), по возраст и пол, на 30 јуни 1996, 2001, 2006-18 г. (по граници од 2017 г.)“. Статистика Нов Зеланд. 23 октомври 2018. Посетено на 23 октомври 2018.