Зазерци или Зазерско Езеро (грч. Λίμνη Ζάζαρη, Зазари) — езеро во Леринско, Егејска Македонија, Република Грција, дел од групата на Егејските езера.

Зазерци
Ζάζαρη
Зазерци Ζάζαρη - Поглед на езерото и селото Свети Тодор
Зазерци
Ζάζαρη - Поглед на езерото и селото Свети Тодор
Поглед на езерото и селото Свети Тодор
Карта
Координати 40°37′45″N 21°32′59″E / 40.62917° СГШ; 21.54972° ИГД / 40.62917; 21.54972
Најг. должина 2.075 м
Најг. ширина 1.425 м
Површина 1,85 км2
Прос. длабочина 3 м
Населени места Свети Тодор

Езерото се наоѓа на надморска височина од 602 метри, а површината му е околу 1,85 км2. Поврзано е со соседното Рудничко Езеро, што се наоѓа на 2 км јужно од него и во кое истекуваат неговите води. На неговиот југоисточен брег се наоѓа селото Свети Тодор (Черкезќој), денес на грчки Лимнохори („езерско село“). Најмногу вода добива од Зеленичка Река.

Карта на езерото Зазерци и Рудничко Езеро


Со Рудничко Езеро сочинуваат заеден екосистем, мошне богат на птици (повеќе од 150 видови), цицачи (12 видови), змии (7 видови), водоземци (7 видови), риби (8 видови), и 150 видови растенија.[1] Поради таа причина се вклучени во мрежата Натура 2000.

Наводи уреди

Надворешни врски уреди

Координати: 40°37′45″N 21°32′59″E / 40.62917° СГШ; 21.54972° ИГД / 40.62917; 21.54972