Завртка

вид клин со нажлебен навој

Завртка или шраф[1] – вид клин спирално нарежан, нажлебен, на кој може да се стави навртка.[2] Завртката е машински елемент кој има цилиндрично тело со навои[3][4][5][6][7] и во повеќето случаи има глава која служи, со помош на соодветен алат, завртката да се притегне или попушти.[8][9] Завртката се користи за разделни споеви, т.е. споеви кои може да се составуваат или разделуваат без оштетувања.[8] Според насоката на навоите, завртките може да бидат десни (најчесто во употреба) или леви. Имаат валчест облик, а долж целата надворешна страна или нејзин дел, обликувана е со нарежани или втиснати навои, т.е. со спирални жлебови, кои делуваат како вешто изведени косини.[10] Навојот во облик на хеликоид во облик на хеликоидна линија или тесна површина, со рамномерна стрмнина се обвива околу цилиндрично или, поретко, благо конусно тело и се искачува во насока на стрелките на часовникот (десен навој) или обратно (лев навој).[11]

Завртки со разни облици
Завртка со шестострана глава
Завртка со валчеста глава со внатрешен шестаголник (за инбус клуч)
Завртка со саморежечаки навој
Завртка за лим.

Според намената, навоите имаат различни облици на попречниот пресек (триаголен, трапезен, пилест итн.), може да бидат едновојни, двовојни или повеќевојни, метрички или цолни (на пример цевчест Витвортов навој). Карактеристични големини на навојот се агол на профилот, теориска и носива длабочина, чекор и друго. Поголемиот дел се стандардизирани, иако од различни причини се изработуваат и вон стандардите. Покрај телото со најовот, завртката вообичаено има глава со различен облик. Главата на завртката најчесто е шестострана призма,[12] но може да биде и четириаголна, полукружна, валчеста, шестаголна (таканаречена инбус-завртка) или ѕвезда, потоа леќеста, крилна, очна или конусна. Главно има глава која овозможува завртување или одвртување со помош на соодветен алат, како на пример одвртувач или клуч (алат)клуч. Главата на завртката вообичаено е поголема од нејзиното тело за да може завртката да се запре при завртувањето, но и за да ја пренесе силата на носивата површина. Телото на завртката има навој кој може да биде полн навој или делумен навој.[13]

Во почетокот на 15 век биле произведени првите метални завртки во Европа, но заради високата цена на производството отишле во заборав. Со почетокот на индустријализацијата во 18 век, производството на завртки станало поевтино. Оттогаш па до денес тие се стока за широка потрошувачка ширум светот.[14]

Завртките може да се одвртуваат од надворешна или од надворешна страна (инбус завртки). Навоите може да биде леви или десни. Скоро сите завртки имаат десен навој, а лев навој се поставува само во специјални случаи, како на пример на боците за гас. Споевите со завртки се најчесто користен вид разделни споеви. Главните елемент на споевите со завртки се:

Видови завртки уреди

Според намената и видот на навоите, завртките се делат на:

Завртки со метрички навој уреди

Овие завртки се изработуваат со метрички (милиметарски) навој. Може да имаат навој по целото тело (од главата на завртката, па до крајот на телото) или делумен навој (има навој од крајот на телото, но не доаѓа до главата). Овој вид завртки често се користат за спојување на елементи со помош на навртки. Завртката и навртката мора да имаат навој со ист пречник и чекор.

Завртки со цоловен (Витвортов) навој уреди

Сето кажано за завртките со метрички навој важи и за овие завртки, со таа разлика што на овие завртки е нарежан цоловен навој.[15]

Завртка за дрво уреди

 
Завртка со подлошка и навртка
 
Завртка за дрво
 
мини
 
(a) рамна, (b) леќеста, (c) полукружна, (d) торбан, (e) спуштена, (f) полукружна спуштена
 
Увртни завртки.
 
Главата завртка со валчеста глава
 
Сворни завртка
 
Торикс жлеб на главата на завртката
 
Шестострана матица
 
Разни видови подлошки
 
Крстест клуч за завртки на автомобилски тркала

Завртката за дрво ѝ припаѓа на групата на саморежни завртки, т.е. завртки кои при завртувањето сами нарежуваат навој во дрвото. Завртките за дрво служат за спојување дрвени делови меѓу себе или дрвени со делови од други материјали. Навојот е врежувачки. Во насока кон главата длабината на нивните навои опаѓа. Главите може да бидат шестаголни, четириаголни, полукружни, леќести и спуштени со жлеб. Завртките за дрво се изработуваат од челик, месингена легура, или од алуминиум. Тие се вбројуваат во саморежни завртки, бидејќи сами си режат навојна дупка, односно не е неопходна матица. Имаат широк навој со поголема стрмнина и спуштена или полукружна глава со жлеб. На сличен принцип делуваат и завртките за лим како и завртките за пластика кои често имаат завршеток на телото како нарежен сврдел.

Завртка за лим уреди

Завртката за лим исто така ѝ припаѓа на групата саморежни завртки, а служи за спојување на лимени елементи. Пред завртување во лимот мора да се продупчи отвор со соодветен пречник во лимот.

Самодупчива завртка уреди

Врвот на самодупчивата завртка има изглед на бургија така што не е потребно претходно дупчење на отвор.[16][17]

Според видот на алатот кој се користи за завртување се делат на:

  • Завртка со шестаголна глава
  • Завртка со квадратна глава
  • Завртка со прорез - за рамен одвртувач
  • Завртка со ПХ (Phillips) глава - за „крстест“ одвртувач
  • Инбус завртка
  • Еднонасочна завртка (може само да се заврти)

Според обликот на главата се делат на:

  • Завртка со спуштена глава
  • Завртка со полукружна глава
  • Завртка со полукружна спуштена глава
  • Завртка со леќеста глава
  • Завртка со леќеста спуштена глава
  • Инбус завртка
  • Торкс завртка
  • Завртка за гипс
  • Торбан завртка
  • Завртка без глава со прорез - „црв“ со прорез
  • Завртка без глава со шестаголна дупка - инбус „црв"
  • Завртка без глава - „брезон"
  • Специјални завртки (на пр. завртка со кука)

Матични завртки уреди

Матичните завртки вообичаено имаат шестострана глава, а порекот четиристрана. Покрај овие облици, постојат и валчести, конусни, заоблени и завртки со спуштени глави. Главата на завртката обично е изработена во едно парче со телото на завртката. Висината на главата на завртката е обично 0,7 d (d – надворешен пречник на завртката). За да се намали концентрацијата на напрегањето на завртката на спојот, на местото на премин на телот на завртката во главата, тој премин не смее да биде остар. Обично се заоблува со зајакнување на телото на завртката на тоа место или се изработуваат засеци за растоварување на телото или на главата. Завршетоците на завртката може да бидат различни. Најчесто се заоблени или конусни, а понекогаш може да бидат и рамни.

Главати завртки уреди

Главати завртки или завртки со глава се употребуваат кога низ материјалот не е можно да се продупчи дупка, на пример заради голема дебелина на предметот или непристапност на предметот од другата страна, па за спојот со завртка не може да се користи матица. Главите на овие завртки се наменети за завртување и одвртување со помош на клучеви, најчесто се шестострани.

Сворни завртки уреди

Сворни завртката нема глава, туку е нарежана на двата краја. Притоа, нареж томе нарез не мора обвезатно бити једнак. Употребљава се за вијчане спојеве који се често растављају, а један од примера су Завртки на главама мотора. Један крај вијка чврсто се увија у отвор који има унутрашњи навој, а на другом крају се спој стеже матицом. Приликом растављања вијчаног споја, Завртка се више не извија већ се само одвије матица.

Затични завртки уреди

Сличан је сворњаку, али има навој по целој дужини вијка. Употреба и начин инсталације је сличан као и код сворњака,

Специјални завртки уреди

Специјалните завртки и матици се користат за посебни намени. Тие се темелни, далечински, увртни, затезни, зглобни, завртки за закачување, завртки за затворање, и имаат специјални облици. Во таа група спаѓаат и завртките за дрво.

Темелни завртки уреди

Темелните завртки служат за прицврстување на машини или уред за нивните бетонски темели. Ги поврзуваат главните делови со постолјето или темелот, а изведени се или како заврти со глава или главата им е конусно призматична, расечена или свиена, раскована или сплескана или некој друг, често неправилен облик кој обезбедува добро држење кога ќе се залие во бетон.

Спрежни завртки уреди

Спрежни или дистанциски завртки служат за спој, каде што е потребно одржување на два или повеќе машински делови на одредено растојание.

Увртни завртки уреди

Увртни завртки или завртки за фиксирање служат за стегање, фиксирање на меѓусебна положба и дотерување на растојанието меѓу два дела. Најчесто имаат навој по целата должина и четвртеста глава.

Затегнувачки завртки уреди

Затегнувачки завртки се машински делови кои служат за спојување и нагодување на должината и напрегањето на затегнувачки шипки или јажиња. За таа цена на едниот крај имаат десен, а на другиот крај лев навој.

Зглобни завртки уреди

Зглобни завртки се употребуваат за спојување делови кои цврсто се отвораат, како на пример кај тешки поклопки.

Завртки со нарезница уреди

Завртки со нарезница се употребуваат за увртување во продупчени отвори во кои сами се врежуваат, обично при спојување делови од потенки лимови. На местото на така изработен навој, се зголемува дебелината на делот кој се спојува. Овие завртки се изработуваат од челика и се калат. Нивните глави може да бидат шестаголни, цилиндрични, полукружни или спуштени, а навојот ја покрива целата површина на завртката.

Завртки и матици со специјални облици уреди

Завртки и матици со специјални облици се применуваат каде што е потребно да се спречи нивно завртување или одвртување од страна на неовластени лица, така што за тоа е потребен специјален алат. Главите на овие завртки се со засеци со посебен облик.

Навојна шипка уреди

Навојната шипка има навој долж цела своја должина. Нивниот пречник може да биде од 3 mm па до 36 mm, а обично е долга метар. Постојат навојни шипки изработени од различни материјали за да се осигура потребната носивост и издржливост на оптоварувања. Навојната шипка е наменета за влечно напрегање.

Означување на завртките уреди

Означувањето на завртките е стандардизирано така што веројатноста од грешка при купувањето, вградувањето и слично е сведена на минимум.[18][19] Во ознаката на завртката мора да биде наведен стандардот кој ги дефинира основните одлики на завртката (обликот и видот на главата и сл.), материјалот од кој е направена завртката и номиналната димензија.

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. „шраф“Дигитален речник на македонскиот јазик
  2. „завртка“Дигитален речник на македонскиот јазик
  3. „Cambridge Dictionary of American English“. Cambridge University Press. Архивирано од изворникот на 2008-12-06.
  4. „allwords“.
  5. „Merriam Webster Dictionary bolt“. Посетено на 3. 12. 2008.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  6. „Compact Oxford English Dictionary bolt“. Oxford. Архивирано од изворникот на 2007-09-30.
  7. „Cambridge Advanced Learner's Dictionary bolt“. Cambridge University Press. Архивирано од изворникот на 2008-12-06.
  8. 8,0 8,1 Oberg и др. 2000, стр. 1492
  9. Oberg и др. 2000, стр. 1568–1598
  10. Smith 1990, стр. 39
  11. Завртка, „Хрватска енциклопедија", Лексикографски завод Мирослав Крлежа, www.enciklopedija.hr, 2015.
  12. Oberg и др. 2000, стр. 1496
  13. „Стројарски приручник", Бојан Краут, Техничка књига Загреб 2009.
  14. Конструкцијски елементи I Архивирано на 28 февруари 2017 г., Технички факултет Ријека, Божидар Крижан и Саша Зеленика, 2011.
  15. Dyke 1919, стр. 1
  16. „autorepair.com Glossary - lug bolt“. Посетено на 13. 1. 2009.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  17. „autozone.com Glossary - head bolt“.
  18. Oberg 2000, стр. 1599–1605
  19. Samuel 1999, стр. 213

Литература уреди

Надворешни врски уреди