Жан Кристоф Перо

француски велосипедист

Жан Кристоф Перо (француски: Jean-Christophe Péraud; р. 22 мај 1977 во Тулуза) — поранешен француски професионален планински и друмски велосипедист, кој последно возел за UCI World Tour екипата АГ2Р Ситроен Тим. Бил член од француската репрезентација на Летните олимписки игри 2008. Професионално настапувал од 2010 до 2016 година.

Жан Кристоф Перо
Перо на Тур де л’Ен 2014
Лични податоци
Цело имеЖан Кристоф Перо
Роден22 мај 1977(1977-05-22)(46 г.)
Тулуза,  Франција
Висина1,72 м
Маса62 кг
Податоци за клубот
Мом. клубпензиониран
Дисциплинапланински и друмски велосипедизам
Улогавозач
Аматерски клубови
1999–2005
2006–2009
СКО Дижон
Кресо Сајклинг
Професионални клубови
2010
2011-2016
Омега Парма-Лото
Аг2р-Ла Мондијал
Значајни победи
Етапни трки
Критериум Интернасинал (2014, 2015)
Еднодневни трки и класици
Национален хронометарски првак (2009)
Последна промена
3 јануари 2017

Кариера уреди

Настапувајќи на Летните олимписки игри 2008 во пекинг го освоил сребрениот медал на машката крос-кантри трка.[1] Во јуни 2009 станал изненадувачки победник на француското национално хронометарско првенство.[2] Ова довело да потпише со UCI World Tour екипата Омега Парма-Лото за сезоната 2010, за да го зголеми нивното хронометарско присуство на етапните трки. Моментално вози за АГ2Р Ситроен Тим, со кого го постигнал 2. место на Критериум Интернасионал 2011 и 9. место на Тур де Франс 2011. Паднал во последната недела на Тур де Франс 2013 во текот на хронометарот на два километра пред крајот, возејќи со фрактура на клучната коска здобиена во мината несреќа истото утро. Перо бил повторно деветти во генералниот пласман пред несреќата зад предводникот на трката Крис Фрум.

Во 2014 година, Перо го освоил Критериум Интернасионал во март. Исто така, забележал солидни резултати помеѓу првите пет на Тирено-Адријатико, на Волта ао Алгарве и на Трката околу Баскија. По ова, Перо имал одличен настап на Тур де Франс 2014, каде завршил на второто место во генералниот пласман. Тој и Тибо Пино станале првите Французи на подиум на Тур де Франс од 1997 година.

Во 2015 година, Перо ја повторил својата победа на Критериум Интернасионал со освојување на последната етапа. Го освоил генералниот пласман со разлика од десет секунди од сонародникот Тибо Пино. „На почетокот, мислев дека ќе му помагам на (колегата) Алекси Вијермоз. Но, нападнав и се најдов сам“, изјави Перо. „Оваа победа е важна по тешки времиња и две операции оваа зима“.[3]

Достигнувања уреди

2009
1.   Национален хронометарски првак
2010
4. Краен пласман Вуелта ал Паис Васко
9. Краен пласман Париз-Ница
2011
2. Краен пласман Трка околу Медитеранот
6. Краен пласман Париз-Ница
6. Краен пласман Критериум Интернационал
9. Краен пласман Тур де Франс
2013
2. Краен пласман Средоземна трка
1. Етапа 4
3. Краен пласман Париз-Ница
5. Краен пласман Критериум Интернасионал
6. Краен пласман Тур де Романди
2014
1.   Краен пласман Критериум Интернасионал
2. Краен пласман Средоземна трка
1. Етапа 5
2. Краен пласман Тур де Франс
3. Краен пласман Трка околу Баскија
4. Краен пласман Тирено-Адријатико
5. Краен пласман Тур де л’Ен
2015
1.   Краен пласман Критериум Интернасионал
1. Етапа 3
2016
9. Краен пласман Џиро дел Трентино

Распоред на резултатите на големите трки уреди

Голема трка 2010 2011 2012 2013 2014 2015 2016
  Џиро СО
  Тур 9 44 СО 2 61
  Вуелта 39 13

СО = се откажал; — = не учествувал

Други поголеми етапни трки уреди

Трка 2010 2011 2012 2013 2014 2015 2016
Париз-Ница 8 6 90 3 СО
Тирено-Адријатико 4 24
Волта а Каталуња
Трка околу Баскија 4 60 4 17 3
Тур де Романди СО 40 96 6 32
Критериум ду Дофине СО 7 68 37
Тур де Свис 13 56

Наводи уреди

  1. „Bio on results.beijing2008.cn. Архивирано од изворникот на 2008-09-02. Посетено на 2008-09-02.
  2. Ѕвездата од планинскиот велосипедизам ги изненади сите на француското хронометарско првенство
  3. „Жан Кристоф Перо повторно како првак на Критериум Интернасионал“. VeloNews. Competitor Group, Inc. 29 март 2015. Архивирано од изворникот на 2015-12-22. Посетено на 29 март 2015.

Надворешни врски уреди