Жан Валжан (француски: Jean Valjean) — протагонистот на романот Клетници на Виктор Иго. Иго го опишува животот на Валжан откако е ослободен од затвор, каде служи казна за кражба на леб. Целиот роман Валжан се обидува да води морален и исполнет живот криејќи се од инспекторот Жавер. Валжан има неколку лажни имиња во романот, меѓу кои месје Медлен, Ултим Фошлеван, Месје Леблан и Урбен Фабре.

Жан Валжан
лик од Клетници
Жан Валжан како г. Медлен. Илустрација на Гистав Брион.
СоздавачВиктор Иго
Информации
ПрекарМесје Леблан
Месје Медлен
Ултим Фошлеван
Урбе Фабре
Затвореник 24601
ЗанимањеПоранешен затвореник
градоначалник
ДецаКозета (нелегално посвоена)
НационалностФранцузин
Роден во1769
Починат во1833 (возраст: 64)

Валжан и неговиот главен соперник, Жавер, се денес книжевни архетипи. Според многумина, ликот на Жан Валжан се поистоветува со самиот Иго, а истовремено прераснува во отелотворение на левичарската политика. Опишан е како крупен, борбен човек со висок морал, кој откако доживува духовно будење се посветува на доблесен живот, останувајќи доследен до своите идеали до крајот на животот.[1]

Наводи уреди

  1. Behr, Edward (1989). he Complete Book of Les Misérables. NY: Arcade. стр. 24.