Жак Дерида (фр. Jacques Derrida; 15 јули 19308 октомври 2004) — француски филозоф. Тој гоо вовел критичкиот приод наречен деконструкција, а неговите дела се поврзуваат и со постструктурализмот и со постмодерната филозофија. Неговиот плоден творечки опус имал значајно влијание на теоријата на литературата и континенталната филозофија.

Жак Дерида
Роден(а)15 јули 1930(1930-07-15)
Алжир, Алжир
Починал(а)8 октомври 2004(2004-10-08) (возр. 74)
Париз, Франција
ПериодФилозофија на XX век
ПодрачјеЗападна филозофија
Школадеконструкција, континентална филозофија, феноменологија
Претежна дејност
филозофија на јазикот · теорија на книжевноста · етика · онтологија
Значајни идеи
деконструкција · диферанс · фалогоцентризам · метафизика на присутноста

Живот уреди

Рани години и образование уреди

Дерида е роден на 5 јули 1930 година во Ел Биар, тогаш француски Алжир, во сефардско еврејско семејство кое добило француско државјанство во 1870 кога декретот на Кремјоим дал целосно француско државјанство на автохтоните Евреи од француската колонија Алжир. Тој бил трето од петте деца. Неговите родители, Еме Дерида и Жоржет Султана Естер Сафар го нарекле Џеки, веројатно по холивудски глумец, но подоцна тој ќе ја преземе „поправилната“ верзија од своето име. Младоста ја поминал во Ел-Биар, Алжир. На првиот училиштен ден во 1942, Дерида бил избркан од неговото средно училиште од страна на француски управници кои спроведувале антисемитски мерки. Тој тајно не одел на училиште една година наместо да го посетува еврејското средно училиште, формирано од страна на раселени професори и студенти. Во тоа време тој зел учество во бројни фудбалски натпревари. Започнал посериозно да размислува за филозофијата околу 1948/49 година. Станал ученик во лицејот Луј-ле-ГрандПвоариз, но воопшто не уживал таму. Двапати не го положил приемниот испит пред конечно да биде примен на Екол Нормал на крајот од учебната година 1951/52. На првиот ден во Екол Нормал, Дерида го запознава Луј Алтисер, со кој станува пријател. По посетата на Хусерловата архива во Лувен, Белгија, тој го завршува државниот испит по филозофија на Едмунд Хусерл. Дерида добива и стипендија за студирање на Универзитетот Харвард, а во јуни 1957 се жени со психоаналитичарката Маргарит Окутурие во Бостон. Во текот на алжирската војна за независност, Дерида побарал да предава на деца на војници наместо да оди во војска, така што предавал француски и англиски од 1957 до 1959. По војната Дерида се здружува со Тел Кел групата на литературни и филозофски теоретичари. Истовремено, од 1960-1964 тој предава филозофија на Сорбона, а од 1964-1984 во Екол Нормал. Неговата сопруга го раѓа нивното прво дете, Пјер, во 1963. Почнувајќи со предавањето насловено „Структура, знак и игра во дискурсот на општествените науки“ одржано во 1966 на Универзитетот Џонс Хопкинс, неговата работа добива меѓународна важност. Во 1967 се раѓа неговиот втор син, Жан. Истата година Дерида објавува три книги: „Пишување и разлика“, „Говор и феномени“ и „За граматологијата“.

Во 1983 Дерида соработувал со Кен МекМуленфнаилмот „Танц на духови“. Тој се глуми себеси во филмот, а придонел и за сценариото. Дерида бил директор за настава во École des Hautes Études en Sciences Sociales воПриз. Заедно со Франсоа Шатлево8во ја основале Меѓународната академија за филозофија , иституција која имала за цел да обезбеди простор за филозофски истражувања. Дерида бил избран за нејзин прв претседател. Во 986 станува професор по општествени науки на Универзитетот во Калифорнија, Ирвин. Универзитетот и семејството Дерида се моментално вклучени во спор во врска со материјалите кои ги содржи неговата архива, дел од која била неформално оставена во наследство на самиот универзитет. Тој бил редовен визитинг професор на неколку други поголеми американски универзитети, Универзитетот Јејл, Универзитетот Њујорк, Универзитетот Стони Брук и Новиот факултет за општествени истражувања.Во 2 002 Дерида се појавува во документарец за самиот него и неговата работа, насловен „Дерида“.

Признание и критика уреди

Доделени му се почесни докторати на Универзитетот Кембриџ, Универзитетот Колумбија, Новиот факултет за општествени истражувања, Универзитетот во Есекс, Универзитетот во Леувен, Вилијамс Колеџот и Шлескиот универзитет. Честопати бил критикуван од конзервативните академиц,и како што е аналитичкиот филозоф Вилард ван Орман Квајн. Во 1992 голем број на аналитички филозофи од Универзитетот Кембриџ се обиделе да го спречат доделувањето на дипломата но биле малубројни на гласањето. Во едно интервју Дерида наведува дека дел од причините за насилните напади врз неговата работа било тоа што ги преиспитува и ги модифицира правилата на доминантниот дискурс и се обидува да ја политизира и демократизира универзитетската сцена. Дерида бил член на Американската академија на науките и уметноститевио 2001 година ја добива наградата Адорно од Универзитетот во Франкфурт. Во 2003 на Дерида му е дијагностициран рак на панкреасот, што ги намалило неговите ангажмани. Умира во болница во Париз вечерта на 8 октомври 2004 година.

Работа уреди

Вовед уреди

Дерида почнува да зборува и пишува јавно во времето кога француската интелектуална сцена се соочуваше со продлабоченен јаз помеѓу она што би можело да се нарече „феноменолошки“ и „структурални“ пристапи кон разбирањето на поединечниот и колективниот живот. За оние кои биле феноменолошки ориентирани, целта била да се разбере искуството преку разбирање и опишување на неговата генеза, процесот на неговото појавување од потеклото или настанот. За структуралистите ова беше лажен проблем и „длабочината“ на искуството можеше да биде само ефект од структури кои самите не се искуствени. Токму во овој контекст Дерида во 1959 го поставува прашањето: Зар не мора структурата да има генеза, и зар не морапотеклото, поентата на генезата, да биде веќе структурирано со цел да биде генеза на нешто? Со други зборови, секој структурален или „синхрониски“ феномен има историја и структурата не може да се разбере без разбирање на нејзината генеза. Истовремено, со цел да има движење, или потенцијал, потеклото не може да биде некое чисто единство или едноставност, но мора веќе да биде артикулирано – комплексно, такво што од него може да се појави дијахрониски процес. Оваа првична сложеност не смее да се сфати како оригинална претпоставка, туку повеќе како стандардност на потеклото, на кое Дерида посочува како на повторливост, запис или текстуалност. Токму оваа мисла за првична сложеност, е двигателот во делата на Дерида и од неа се изведени сите поими, вклучувајќи го и поимот „деконструкција“. Методот на Дерида се состои од демонстрирање на формите и варијантите на оваа првична сложеност и нивните повеќекратни последици во многу области. Тој го постигнува ова со спроведување на темелни, внимателни, чувствителни, а сепак преобразувачки исчитувања на филозофски и книжевни текстови, за да се утврди кои аспекти на тие текстови се спротивни на нивната очигледна систематичност (структурно единство) или намерата на смисла (авторска генеза). Со укажување на апории и елипси во мислата, Дерида се надевал дека ќе ги покаже бесконечно суптилните начини на кои оваа првична сложеност, која по дефиниција не може да бидат целосно осознаена, ги произведува своите структурални и деконструктивни ефекти.

Рани дела уреди

На самиот почеток од неговата филозофска кариера, Дерида бил заинтересиран да елаборира критика за границите на феноменологијата. Неговиот прв подолг академски текст, пишуван како дисертација се однесувал на работата на Едмунд Хусерл. Во 1962 тој ја објавува книгата „Потеклото на геометријата од Едмунд Хусерл: вовед“, која го содржи неговиот превод на Хусерловиот есеј. Дерида за првпат привлекол поголемо внимание надвор од Франција со неговото предавање „Структура, знак и игра во дискурсот на општествените науки“ на Универзитетот Џонс Хопкинс во 1966 (кое потоа е вклучено во „Пишување и разлика“). Конференцијата каде што бил презентиран овој труд, била посветена на структурализмот, во периодот кога тој извршил најголемо влијание во Франција, а тукушто почнал да привлекува внимание во Соединетите Држави. Дерида се разликувал од останатите учесници во недостатокот на експлицитна посветеност на структурализмот. Тој ги пофалил постигнувањата на структурализмот, но истовремено бил резервиран во поглед на неговите внатрешни ограничувања, штоупатувана идејата дека неговата мисла била еден облик на пост-структурализам. Во почетокот на есејот Дерида тврди: (…) целата историја на концептот на структурата, пред распадот за кој зборуваме, треба да се гледа како серија на замени на центар за центар, како поврзан синџир за определување на центарот. Последователно, на регулиран начин, центарот прима различни форми или имиња. Историјата на метафизиката, како историјата на Западот е историјата на овие метафори и метонимии. Неговата матрица е одредување на Битието како присуство во секоја смисла на зборот. Може да се покаже дека сите имиња поврзани со основи, принципи или со центарот секогаш означувале непроменливо присуство: суштина, постоење, супстанција, предмет возвишеност, свесност, Бог, човек и така натаму. „Структура, знак и игра“ во „Пишување и разлика“, стр. 353 Ефектот од трудот на Дерида бил таков што кога трудовите од конференцијата биле издадени во 1970 насловот на збирката станал „Структуралистичка контроверзност“. На конференцијата се запознал со Пол де Ман, кој ќе му биде близок пријател и извор на голема контроверзност, како и со францускиот психоаналитичар Жак Лакан.

1967 – 1972 уреди

Интересите на Дерида ги премостувале границите на одредени дисциплини, а неговото познавање на широк спектар од различни области се отсликува во трите збирки од трудови објавени во 1967: „Говор и феномени“, „За граматологијата“ и „Пишување и разлика“. Овие три книги содржат негови толкувања на делата од многу филозофи и писатели вклучувајќи ги Хусерл, јазичарот Сосир, Хајдегер, Русо, Левинас, Хегел, Фуко, Батај, Декарт, антропологот Леви-Строс, палеонтологот Лероа -Гуран, психоаналитичарот Фројд и писатели како Жабе и Арто. Дерида често го признавал неговиот „долг“ кон Хусерл и Хајдегер и изјавил дека без нив тој не би кажал ни збор. Помеѓу поставените прашања во овие есеи се: Што е „значењето“, кои се неговите историски односи кон она што наводно е идентификувано под рубриката „глас“ како вредност на присуството, присуство на предмет, присуство на значењето на свеста, само-присуство во таканаречени живи говори и самосвест. Во еден друг есеј во’’ „Пишување и разлика“’’ наречен „Насилство и метафизика: есеј за учењето на Емануел Левинас“, лежи основата за една друга клучна тема во мислата на Дерида: Другоста, како спротивно од истото: “Деконструктивистичката анализа ја лишува сегашноста од нејзиниот престиж и ја изложува на нешто tout autre, ”сосема друго”, вон она што е предвидливо од сегашноста, вон хоризонтот на“истото”. Оваа збирка од трите книги објавени во 1967 ја елаборираа теоретската рамка на Дерида. Тој прави обиди да се пристапи до срцето на западната интелектуална традиција, карактеризирајќи ја оваа традиција како “потрага по трансендентално битие кое служи како извор на значењето.”

Обидот да се основаат значенските односи уредени од светот во барање кое самото се наоѓа надвор од целата рационалност се однесува на логоцентризам, според Хајдегер, а и Дерида смета дека филозофската иницијатива е во суштина логоцентрична и дека ова е парадигма наследена од јудаизмот и хеленизмот. Од своја страна тој го објаснува логоцентризмот како фалократски, патријархален и маскулинистички. Дерида придонел за „разбирањето на некои длабоко скриени филозофски претпоставки и предрасуди во западната култура”, тврдејќи дека целата филозофска традиција се темели на произволни дихотомии и дека секој текст содржи имплицитни хиерархии, „со кои се наметнува ред на реалноста, и со кои се спроведува суптилна репресија, бидејќи овие хиерархии исклучуваат, подредуваат и кријат одредени потенцијални значења.“ Дерида се осврнува на неговата постапказа разоткривање на овие дихотомии како деконструкција на западната култура. Следните пет години на предавање и пишување на долги есеи, делата ги собира во две збирки во 1972, ‘’Дисеминација и Граници на филозофијата’’, и во истата година објавува збирка на интервјуа наречена „Позиции“.

1972 -1980 уреди

Почнувајќи од 1972, Дерида пишувал просечно повеќе од една книга годишно. Продолжил да пишува важни дела како “Глас” и “Разгледница: Од Сократ до Фројд и пошироко”. Дерида го напишал есејот “Потпис Настан Контекст”, есеј за теоријата за говорните чинови на Ј.Л.Остин во раните 1970-ти; по агресивната критика на овој текст од Џон Серл, Дерида напишал долга (и не помалку агресивна) одбрана на неговиот претходен аргумент. На Дерида му било посветено поголемо внимание во Соединетите Држави по 1972, каде влијаел врз американските литературни критичари и теоретичари многу повеќе отколку врз академските филозофи.

“За духот” уреди

На 14 март 1987, на конференцијата на на Меѓународната академија за филозофија насловена “Хајдегер: отворени прашања”, Дерида одржал предавање кое е објавено во октомври 1987 како “За духот: Хајдегер и прашања”. “За духот” претставува важен придонес кон долгата дебата за нацизмот на Хајдегер и се појавуваистовремено со француското објавување на книга од претходно непознат чилеански писател, Виктор Фариас, кој обвинува дека филозофијата на Хајдегер се сведува на сесрдно прифаќање на нацистичката фракција. Дерида му одговорил на Фариас во интервјуто “Хајдегер- пеколниот филозоф” и во подоцнежната статија, ‘’Како да се признае, со причини’’ Тој забележал дека Фариас слабо ја толкува мислата на Хајдегер, додавајќи дека многу од доказите кои Фариас и неговите поддржувачи ги промовираат како нови, се веќе познати во филозофската заедница. Но “За духот” исто така е една од првите публикации на Дерида за односот меѓу филозофијата и национализмот, за кое тој беше предавал во средината на 1980те. Овие прашања ќе постанат многу значајни во неговата понатамошна работа.

1990: Политички и етички теми уреди

Некои тврдат дека работата на Дерида доживеала “политички пресврт” во 90те години. Како доказ за таквиот пресврт се наведуваат текстовите “Сила на законот” (1990) како и “Привиденијата на Маркс” (1994) и “Политика на пријателство” (1994). Други пак, вклучувајќи го и самиот Дерида, тврдат дека многу од филозофските трудови создадени во неговиот “политички пресврт” датираат од претходните есеи. Оние кои тврдат дека Дерида се ангажирал во “етички пресврт” посочуваат на дела како “Дарот на смртта” како доказ дека тој започнал подиректно да ја применува деконструкцијата на односот помеѓу етиката и религијата. Во ова дело, Дерида анализира делови од Библијата, особено од Аврам и жртвувањето на Исак, како и “Страв и трепет” од Сорен Кјеркегард. Современите толкувања на Емануел Левинас, Валтер Бенјамин, Карл Шмит, Јан Паточка од страна на Дерида, на теми како што се право, правда, одговорност и пријателство, имале значително влијание на области и вонрамките на филозофијата.

Критика на работата на Дерида уреди

Во “Приемот на Дерида: превод и трансформација” (2006) е прикажан широк преглед на историјата на приемот на Дерида кој го покрива периодот до објавувањето на “Привиденијата на Маркс” (1994). Неговото дело е критикувано поради наводна злоупотреба на научните термини и концепти во “Високо суеверие: академската левица и нејзините спорови со науката” (1998).Кристофер Вајс во неговата книга “Дерида, Африка и Блискиот Исток” (2009) ги става делата на Дерида во историскиот контекст на неговото северноафриканско потекло, аргумент најпрво накратко посочен од Роберт Ј. Ц. Јанг во “Бели митологии: Пишување историја и Западот”(1990), а потоа разработен во“Постколонијализам: историски вовед”(2001) каде Јанг ги истражува делата на бројни теоретичари и ја разгледува севкупната рамка на мислата на Дерида во однос на влијанието од растењето во колонијалните услови на француски Алжир.

Недостиг од филозофска јасност уреди

Иако Дерида му се обрати на Американското филозофско здружение во повеќе наврати и беше мошне почитуван од современите филозофи Ричард Рорти, Александар Нехамас и Стенли Кавел, сепак, некои други аналитички филозофи, како што се Џон Серл и Вилард Ван Орман Квин, неговото дело го сметаат за псевдофилозофија или софистика Мишел Фуко, кој често беше поврзуван со Дерида, исто така го открива неговото незадоволство од стилот на пишување на Дерида во разговор со Серл. Според Фуко, Дерида користи метод на опскуртанистички тероризам; ироничен термин од подоцнежната преокупација на Дерида со тероризмот. Серл дава објаснување за терминот на Фуко: Тој пишува толку нејасно, што не можеш да го кажеш она што тој го кажува, тоа е делот од опскурантизмот, а тогаш кога го критикуваш секогаш може да каже: “Не ме разбираш, идиот си”. Тоа е делот со тероризам. Контроверзата околу работата на Дерида во филозофијата а и како филозоф, се зголемува кога Универзитетот во Кембриџ го наградува со почесен докторат и покрај противењата на некои од членовите од Филозофскиот факултет на Универзитетот во Кембриџ, но потписниците на протестното писмо биле главно од други установи од Велика Британија и САД, што некои го карактеризираа како напад врз академската слобода на научниците од Кембриџ. Осумнаесет лица од други установи кои протестирале вклучувајќи ги Вилард Ван Орман Квин, Дејвид Армстронг, Рут Барсан Маркус и Рене Тол испратиле писмо до Кембриџ тврдејќи дека делото на Дерида “не ги исполнува прифатените стандарди за јасност и ригорозност” и опишувајќи ја филозофијата на Дерида како составена од “трикови и финти слични на оние од дадаистите”. Во заклучокот на писмото стои дека: “… онаму каде што воопшто и постојат доследни тврдења, тие се или погрешни или тривијални. Академскиот статус кој се заснова на она што нам ни изгледа малку повеќе од полуразбирливи напади на вредноста на разумот, вистината и знаењетоне е доволна причина за доделување на почесна диплома од еден истакнат универзитет.”

Намерна нејасност уреди

Ноам Чомски го изразува својот став дека Дерида користи претенциозна реторика да ја прикрие едноставноста на своите идеи. Тој го става Дерида во пошироката категорија на париската интелектуална заедница, која тој ја критикува поради нејзиното претставување како елитна моќна структура за добро образованите преку „тешкото пишување“ и „опскурантизам“. Чомски спомнува дека тој едноставно може да е неспособен да го разбере Дерида, но тој се сомнева во оваа можност. Емир Родригес Монегал тврди дека многу од идеите на Дерида се преработени од делата на Борхес (од есеите и кратките раскази). Критички посмртни портрети за Дерида биле објавени во “Њујорк Тајмс” и во “Економист”. И двата портрета биле критикувани од академските поддржувачи на Дерида; а останатите биле помалку критични. Списанието “Нацијата” одговара на портретот од “Њујорк Тајмс”, велејќи дека “дури и ако Дерида претходно бил исмеван и маргинализиран во американските весници, тонот во написот изгледа прилично остар за некролог” на меѓународно признат филозоф кој имал длабоко влијание врз две генерации американски научници од општествените науки”. Пример за стилот на нејсност на Дерида е „мрачното објаснување“ на неговата филозофија во еден труд од 1993 година, кој бил презентиран на Правниот факултет Бенџамин Н. Кардозо во Њујорк, во кој изјавил: „Непотребно е да се каже уште еднаш, деконструкцијата, ако постои такво нешто, зазема место како доживување на невозможното.“ Во “Контингентност, иронија и солидарност”, Ричард Рорти тврди дека Дерида (особено во неговата книга “Разгледница: Од Сократ за Фројд и пошироко”) намерно употребува зборови кои не можат да се дефинираат или користи претходно дефинирани зборови во контексти кои се толку различни што разбирањето е невозможно, така што читателот никогаш нема да може да ја контекстуализира самата книжевност на Дерида. Исто така, Рорти тврди дека намерната нејасност е филозофски основана. Според него, оваа техника исклучува секаква метафизика од делото на Дерида. И бидејќи неговата работа навидум не содржи метафизика, Дерида последователно ја напуштал метафизиката. Самиот Дерида никогаш и не изјавил дека се оттргнал од метафизиката. Во неговото дело ја претставува деконструкцијата на метафизиката како заложба за невозможна работа.

Обвиненија за нихилизам уреди

Некои критичари обвинуваат дека деконструктивниот проект е нихилистички. Тие тврдат дека обидите на Дерида за пишување ги поткопуваат етичките и интелектуалните норми кои се од витално значење за академскиот свет, ако не и за самата западна цивилизација. Дерида е обвинет за делотворно отфрлање на можноста за знаење и значење, создавајќи комбинација на екстремен скептицизам и солипсизам, кои овие критичари ги сметаат за штетни. Можеби најупорен меѓу овие критичари е Ричард Волин кој тврдел дека делото на Дерида како и делата на неговите големи инспирации (на пример Батај, Бланшо, Левинас, Хајдегер, Ниче) води кон корозивен нихилизам. На пример, Волин тврди дека “деконструктивниот гест на субверзија и преиспишување завршува со закана за бришење на многу од основните разлики меѓу нацизмот и не-нацизмот”. Кога Волин го објавил интервјуто на Дерида за Хајдегер во првото издание на Хајдегеровата контроверзност” Дерида тврдел дека интервјуто било намерно погрешно преведено, што било “очигледно одвратно” и “слабо, едноставно и компулсивно агресивно”. Бидејќи францускиот закон бара согласност од авторот за преводи, а таква согласност не била дадена, Дерида инсистирал интервјуто да не се појави во ниедно подоцнежно издание.

Значење и влијание уреди

Инспириран од Дерида, една песна на полскиот поет Тадеуш Ружевич е насловена „Áladerrida“.[3]

Извори уреди

Литература - дела за Дерида уреди

  • Culler, Jonathan (1975) Structuralist Poetics.
  • Culler, Jonathan (1983) On Deconstruction: Theory and Criticism after Structuralism.
  • Descombes, Vincent (1980) Modern French Philosophy.
  • Deutscher, Penelope (2006) How to Read Derrida (ISBN 978-0-393-32879-0).
  • Jameson, Fredric (1972) The Prison-House of Language.
  • Leitch, Vincent B. (1983) Deconstructive Criticism: An Advanced Introduction.
  • Lentricchia, Frank (1980) After the New Criticism.
  • Moati Raoul (2009), Derrida/Searle, déconstruction et langage ordinaire
  • Norris, Christopher (1982) Deconstruction: Theory and Practice.
  • Thomas, Michael (2006) The Reception of Derrida: Translation and Transformation.
  • Wise, Christopher (2009) Derrida, Africa, and the Middle East.
  • Agamben, Giorgio. "Pardes: The Writing of Potentiality," in Giorgio Agamben, Potentialities: Collected Essays in Philosophy, ed. and trans. Daniel Heller-Roazen, Stanford, CA: Stanford University Press, 2005. 205-19.
  • Beardsworth, Richard, Derrida and the Political (ISBN 0-415-10967-1).
  • Bennington, Geoffrey, Legislations (ISBN 0-86091-668-5).
  • Bennington, Geoffrey, Interrupting Derrida (ISBN 0-415-22427-6).
  • Caputo, John D., The Prayers and Tears of Jacques Derrida.
  • Coward, H.G. (ed) Derrida and Negative theology, SUNY 1992. ISBN 0-7914-0964-3
  • de Man, Paul, "The Rhetoric of Blindness: Jacques Derrida's Reading of Rousseau," in Paul de Man, Blindness and Insight: Essays in the Rhetoric of Contemporary Criticism, second edition, Minneapolis: University of Minnesota Press, 1983. 102-41.
  • Foucault, Michel, "My Body, This Paper, This Fire," in Michel Foucault, History of Madness, ed. Jean Khalfa, trans. Jonathan Murphy and Jean Khalfa, London: Routledge, 2006. 550-74.
  • Gasché, Rodolphe, Inventions of Difference: On Jacques Derrida.
  • Gasché, Rodolphe, The Tain of the Mirror.
  • Habermas, Jürgen, "Beyond a Temporalized Philosophy of Origins: Jacques Derrida's Critique of Phonocentrism," in Jürgen Habermas, The Philosophical Discourse of Modernity: Twelve Lectures, trans. Frederick G. Lawrence, Cambridge, MA: MIT Press, 1990. 161-84.
  • Magliola, Robert, Derrida on the Mend, Lafayette: Purdue UP, 1984; 1986; rpt. 2000 (ISBN 0-911198-69-5). (Initiated what has become a very active area of study in Buddhology and comparative philosophy, the comparison of Derridean deconstruction and Buddhist philosophy, especially Madhyamikan and Zen Buddhist philosophy.)
  • Magliola, Robert, On Deconstructing Life-Worlds: Buddhism, Christianity, Culture, Atlanta: Scholars P, American Academy of Religion, 1997; Oxford: Oxford UP, 2000 (ISBN 0-7885-0296-4). (Further develops comparison of Derridean thought and Buddhism.)
  • Marder, Michael, The Event of the Thing: Derrida's Post-Deconstructive Realism, Toronto: Toronto UP, 2009. (ISBN 0-8020-9892-4)
  • Miller, J. Hillis, For Derrida, New York: Fordham University Press, 2009.
  • Mouffe, Chantal (ed.), Deconstruction and Pragmatism, with essays by Simon Critchley, Ernesto Laclau, Richard Rorty, and Derrida.
  • Norris, Christopher, Derrida (ISBN 0-674-19823-9).
  • Park, Jin Y., ed., Buddhisms and Deconstructions, Lanham: Rowland and Littlefield, 2006 (ISBN 978-0-7425-3418-6; ISBN 0-7425-3418-9). (Several of the collected papers specifically treat Derrida and Buddhist thought.)
  • Rapaport, Herman, Later Derrida (ISBN 0-415-94269-1).
  • Rorty, Richard, "From Ironist Theory to Private Allusions: Derrida," in Richard Rorty, Contingency, Irony, and Solidarity, Cambridge: Cambridge University Press, 1989. 121-37.
  • Roudinesco, Elisabeth, Philosophy in Turbulent Times: Canguilhem, Sartre, Foucault, Althusser, Deleuze, Derrida, Columbia University Press, New York, 2008.
  • Sallis, John (ed.), Deconstruction and Philosophy, with essays by Rodolphe Gasché, John D. Caputo, Robert Bernasconi, David Wood, and Derrida.
  • Sallis, John (2009). The Verge of Philosophy. University of Chicago Press. ISBN 9780226734316.
  • Smith, James K. A., Jacques Derrida: Live Theory.
  • Sprinker, Michael, ed. Ghostly Demarcations: A Symposium on Jacques Derrida's Specters of Marx, London and New York: Verso, 1999; rpt. 2008. (Includes Derrida's reply, "Marx & Sons.")
  • Stiegler, Bernard, "Derrida and Technology: Fidelity at the Limits of Deconstruction and the Prosthesis of Faith," in Tom Cohen (ed.), Jacques Derrida and the Humanities (ISBN 0-521-62565-3).
  • Wood, David (ed.), Derrida: A Critical Reader.

Надворешни врски уреди

 
Викицитат има збирка цитати поврзани со:

Архивска граѓа уреди

Онлајн текстови уреди

Интервјуа уреди

За Дерида уреди

Снимки уреди

Наводи уреди

  1. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име Afterword88P130.
  2. Krantz, Susan What’s the Real Difference between Analytic and Continental Philosophy? Архивирано на 12 септември 2011 г.
  3. Tadeuš Ruževič, Izabrane pesme. Beograd: Treći trg / Čigoja štampa, 2013, стр. 318-326.