Ефимија, чие оригинално име било Лупицина, била сопруга на Јустин I од Византиското Царство и основач на Јустинијановата династија која траеше од 518-602.

Еуфемија
царица на Византиското Царство
Податотека:Euphemia.jpg
Роден(а)5 век
Починал(а)523/524
Цариград
Почивалиште
СопружникЈустин I
Полно име
Еуфемија (оригинално Лупицина)
ДинастијаЈустинијанова династија

Царицата Ефимија е заслужна за црковната политика на Јустин I, според официјален црковен запис кој датира од 540 - Хрониката на Едеса.[1] Таа ја основала црквата Света Ефимија, каде што била погребана по нејзината смрт во 523 или 524. Јустин бил погребан покрај неа во 527.[2]

Бракот на Ефимија и Јустин се проценува дека се случил за време на владеењето на Анастасиј I (владеел 491-518), кога Јустин имаше успешна кариера во византиската војска.[2]

Прокопиј исто така тврди дека и двата членови на царската двојка го стекнале престолот во последните години од нивните животи.[3] Биле без деца, затоа нивниот наследник бил Јустинијан I, кој бил внук и посвоен син на Јустин.

Се смета дека оригиналното име го добила од Лупа - волчицата која ги одгледала Ромул и Рем, која се поврзува со култот на оваа божица-волк и матрилинеарната етрурска цивилизација која му претходеше на Рим. Емулацијата на културниот херој, верскиот маченик Света Ефимија, може да претставува причина за селекција на Ефимија како царското име, особено имајќи ги предвид верските промени кои тогаш се случувале во Цариград и очигледниот интерес на царицара за почитувањето на светицата.

Наводи уреди

Предлошка:S-roy
Претходник
Елија Аријадна
Византиска царица
518–c. 524
Наследник
Теодора