Естонски јазик (eesti keel)
Се говори во: Естонија
Реон: Североисточна Европа
Општ број на говорници: 1,1 милион
Ранглиста: По 100-та позиција
Класификација: Уралски

 Угро-Фински
  Фино-Лапонски
   Балтички Фински
    Естонски јазик

Официјална положба
службен јазик: Естонија, Европска Унија
Контролиран од: ---
Јазични кодови
ISO 639-1 et
ISO 639-2 est
SIL EST

Естонскиот јазик (Естонски: eesti keel) се говори од околу 1,1 милион луѓе, од кои најмногу живеат во североисточно Европската држава Естонија.

Естонски јазик
Писмо латиница
Пример Прв член од „Декларацијата за човекови права“
Текст Kõik inimesed sünnivad vabadena ja võrdsetena oma väärikuselt ja õigustelt. Neile on antud mõistus ja südametunnistus ja nende suhtumist üksteisesse peab kandma vendluse vaim.
Македонски Сите човечки суштествa се раѓaaт слободни и еднакви по достоинство и правa. Tиe се обдарени со разум и совест и требa да се однесувaaт еден кон друг во дуxот на општо човечкaтa припaдност.
Портал: Јазици
Естонска граматика објавена во Ревал во 1637 година од Хајнрих Стал

Естонскиот јазик припаѓа на финскиот огранок од Угро-Финските јазици. Тој не е поврзан со неговиот јужен соседен јазик латвијски јазик, кој е Балтички јазик сроден со литванскиот. Естонскиот е сроден со финскиот јазик и не толку со унгарскиот. Една од одделните одлики на естонскиот е таа што тој го има она што традиционално се гледа како три степени на фонемска должина: кратка, долга и предолга. Практично, разликата меѓу долгата и предолгата фонемска должина е како акцентот на слогот (со висина на тонот), така и траењето. Долгите и предолгите самогласки не се разграничени во пишаниот естонски јазик, но согласките се јавуваат во пишувањето со три "степени": b,d,g; p,t,k и pp;tt;kk (сите незвучни согласки).

Гласовен систем уреди

Самогласки уреди

Предни Задни
Незаоблени Заоблени Незаоблени Заоблени
Затворени i y u
Средни1 e ø ɤ o
Отворени æ ɑ

Согласки уреди

Билабијални Лабиодентални Алвеоларни Посталвеоларни Непчани Меконепчани Глотални
Стоп p t k
Носни m n (ŋ)1
Фрикативни (f) v s (ʃ) h
Апроксимантни l j
Вевни r