Ермис Лафазановски

Ермис Лафазановски (8 декември 1961, Клуж, Романија) e современ македонски раскажувач, романописец, историчар и теоретичар на литературата.[1]

Ермис Лафазановски
Ермис Лафазановски
Роден/а18 декември 1961
Клуж, Романија
ЗанимањеПисател
НационалностМакедонец
Апсолвент наФилозофски факултет - Скопје

Животопис уреди

Ермис Лафазановски е роден на 8 декември 1961 година во Клуж, Романија. Тој е доктор по филолошки науки и работи во Институтот за фолклор „Марко Цепенков“ во Скопје при што бил и негов директор. Член е на Друштвото на писталите на Македонија од 1994 година.[2] На 17 декември 2014 година, Лафазановски бил избран за претседател на Македонскиот ПЕН центар.[3]

Книжевно творештво уреди

Лафазановски има објавено повеќе трудови од областа на книжевноста и културната антропологија. Исто така, тој има дадено значаен придонес во современата македонска проза. Поради иновативниот пристап во раскажувањето, тој е добитник на неколку книжевни признанија, како што се: наградата „Стале Попов“ на ДПМ и наградата „Прозни мајстори“ која ја доделува фондацијата „Македонија презент“.[2] Неговиот книжевен опус се состои од повеќе романи, збирки раскази и научни студии. Негови поважни дела се:

  • Половина божилак (раскази, 1992)
  • Традиција, нарација, литература (монографија, 1996)
  • Благородник (роман, 1997)
  • Кога во Скопје ги беа измислиле чадорите (раскази, 1999)
  • Македонските космогониски легенди (студија, 2000)
  • Текст и менталитет (зборник, 2000)
  • Опишувач (Магор, 2001)
  • Анрополошки дијалози (Магор, 2002)
  • Роман за Оружјето (2003)
  • Храпешко (2007)
  • Егзотична кантата (2008)
  • Недела (2010)
  • Историја на луѓето кои умреа од страв (Магор, 2012)
  • Туја (2018)

Три негови кратки раскази се застапени во антологијата на македонскиот краток расказ, „Џинџуџе во земјата на афионите“ (Темплум, 2022).[4]

Наводи уреди

  1. Македонски писатели, Друштво на писатели на Македонија, Скопје, 2004, стр. 138.
  2. 2,0 2,1 "Промоција на нов роман од Лафазановски", Дневник, година XVI, број 5028, петок, 30 ноември 2012, стр. 21.
  3. „Ермис Лафазановски -претседател на македонскиот ПЕН“, Дневник, година XVIII, број 5646, петок, 19 декември 2014, стр. 23.
  4. Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), Џинџуџе во земјата на афионите: антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 143-146.

Надворешни врски уреди