Ерисово

гратче во Мадемско на Халкидик, Егејска Македонија

Ерисово или Ерисо (грчки: Ιερισσός, Јерисос) — гратче во Општина Аристотел во округот Халкидик, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.[2] Пред реформата на локалната власт во 2011 година Ерисово било центар на Општина Аристотел и на општинската единица на Стагира-Акант.

Ерисово
Ιερισσός
Ерисово is located in Грција
Ерисово
Ерисово
Местоположба во областа
Ерисово во рамките на Аристотел (општина)
Ерисово
Местоположба на Ерисово во Аристотел и областа Централна Македонија
Координати: 40°24′N 23°53′E / 40.400° СГШ; 23.883° ИГД / 40.400; 23.883Координати: 40°24′N 23°53′E / 40.400° СГШ; 23.883° ИГД / 40.400; 23.883
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругХалкидик
ОпштинаАристотел
Општ. единицаСтагира-Акант
Население (2011)[1]
 • Вкупно3.455
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)
Црквата во гратчето.
Споменик во Ерисово.

Географија и местоположба уреди

Ерисово се наоѓа на 117 километри источно од Солун, во југоисточниот дел на полуостровот Халкидик и на 10 километри од границата со Света Гора.

Историја уреди

Рана историја уреди

Името е изведено од латинското Ericius, како што се нарекувал античкиот на 0,6 км северозападно од денешниот.

Среден век уреди

Ерисово се споменува за првпат во најстариот атонски документ - сигилиј на Василиј I Македонецот од 883 година. Тогаш во урнатините на акрополот на Акант, игуменот Јован Коловски го основал истоимениот манастир, за што сведочи житието на Свети Евтимиј Нови[3][4]. Од X век наваму, историјата на градот е нераскинливо поврзана со онаа на Света Гора. Меѓу 943 и 982 населбата станала епископски центар. Некои атонски документи, чија точност и веродостојност можат да бидат оспорени, ја претстават идејата на бугарскиот цар Иван Асен II да ја потчини Света Гора преку епископот на Ерисово, кој бил назначен од него[5].

Македонскиот карактер на Ерисово и неговата околина е посведочен во низа историски извори од X–XIV век, и тоа со сведоштвата за употреба на глаголицата од неговите жители, топонимијата и имињата на луѓето.[6] Во грамота на Роман II од 960 година се вели:

На манастирот „Јован Коловски“ му беа подарени четириесет даночно ослободени чифлигари во замена за оние мали делови земја, кои уште одамна му припаѓале на манастирот во ерисовскиот крај; тие чифлигари се земени од таму населените Македонци...[7][8]


Таканаречениот Ерисовски протокол од јуни 982 година е документ на грчки (службен јазик во Византиското Царство), даден од ерисовците на Иверскиот манастир како уверение дека манастирот „Јован Коловски“ е потчинет на Иверскиот и дека имотите се дадени од Иверскиот манастир под наем на ерисовци во траење од 29 години. Протоколот е потпишан на грчки во ерисовскиот епископ, од игуменот Лавроциј и од поп Ѓорѓи (или Григор), кој се е потпишал на глаголица и така документот е еден од најраните зачувани споменици на глаголското писмо. Некои од потпишаните сведоци носат македонски имиња, како Васил(иј) Стојмир, Влатко, Никола(ј) Детко (τοῦ Δεάτκου), Антон(иј) Раковина (или Ракавина, Ρωχκάβηνα) и други.[9][10]

Османлиско време уреди

Во летото на 1425 г. градот бил освоен од страна на Османлиите. Во тоа време Венецијанците, започнувајќи од Касандрија влегле во селото и го опожариле заедно со неговиот замок и петте кули. во рамките на османлиското управување, Ерисово претставувало привилегирано мадемско село. Во текот на Грчката војна за независност, во 1821 година селото било запалено од Османлиите а имало и голем број на жртви.

Ерисово било седиште на ерисовскиот митрополит до XVIII век, кога центарот на епархијата бил преместен во Извор (денес Стратоники).

Ерисово во текот на XIX век се наоѓало во Касандриската казата во составот на Отоманското Царство.

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година, во селото живееле 1500 жители Грци[11]. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 1405 Грци[12].

Во Грција уреди

По крајот на Балканските војни, Ерисово било вклучено во составот на Грција. По потпишувањето на Лозанскиот договор во 1923 година помеѓу Турција и Грција, во селото се населени грчки бегалци од Анадолија.

На пописот од 1913 година биле евидентирани 2110 жители, додека на пописот од 1920 година, во селото биле евидентирани 1958 жители.

На 26 септември 1932 година гратчето е погодено од силен земјотрес. Како резултат на земјотресот голем дел од објектите биле срушени, околу 10,000 луѓе останале без своите домови а имало и 491 жртви. По земјотресот следувало и цунами.

Демографија уреди

Во 1928 година селото броело 2218 жители, додека во 1940 година селото броело 2325 жители.

Селото според пописот од 1951 година броело 2190 жители, на пописот од 1961 година во селото живееле 2523 жители, во 1971 година имало 2379 жители, во 1981 година имало 2632 жители, додека во 1991 година имало 2858 жители[13]. Денеска, населението на селото е 3455 жители според пописот од 2001 година.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 2325 2190 2523 2379 2632 2858 3046 3455
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Личности уреди

Наводи уреди

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Kallikratis law Архивирано на 13 ноември 2018 г. Greece Ministry of Interior (грчки)
  3. Δήμος Αριστοτέλη
  4. „Ιερά Μητρόπολη Ιερισσού, Αγίου Όρους και Αρδαμερίου“. Архивирано од изворникот на 2014-06-06. Посетено на 2017-03-10.
  5. Божилов, Иван. Българите във Византийската империя. София, 1995, с.44.
  6. Божилов, Иван. Българите във Византийската империя. София, 1995, стр. 44 - 46.
  7. Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  8. Иванов, Йордан. Българите в Солунско, София, 1934 г.
  9. Зографски, Д (1943). Света гора - Зографъ въ миналото и днесъ. София: Издава Зографскиятъ мънастиръ. стр. 39.
  10. Ангелов, Димитър (1971). Образуване на българската народност. София: Издателство „Наука и изкуство“, серия „Векове“. стр. 364.
  11. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 173.
  12. Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 210-211.
  13. Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 166.
  14. „Άγνωστοι Ιερισσιώτες αγωνιστές κατά την επανάσταση του 1821“. Cognosco Team. Посетено на 5 март 2024. Занемарен непознатиот параметар |дата= (help)

Надворешни врски уреди