Ердене Зу манастир

Ердене Зу (монголски: Эрдэнэ Зуу) е најзначајниот и најстар будистички манастир во Монголија. Манастирот се наоѓа во Провинцијата Оворхангај, во близина на градот Харахорин и стариот разрушен град Каракорум.

Поглед кон комплексот
Храм во комплексот.
„Златната Ступа"

Манастирот бил изграден во 1585 година од Абтај Саин Хан[1] , по второто воведување на будизмот во Монголија. За изградба на манастирот се користеле камени блокови од стариот разрушен град Каракорум[2]. Манастирот е заграден со 102 ступи[3]. Манастирите се добро украсени и има елементи на кинеската архитектура, особено покривот. Манастирот бил оштетен во 1680 и повторно изграден во 18 век за да во 1872 година има 62 храмови во комплексот.

Галерија уреди

Наводи уреди

  1. „Erdene Zuu Monastery“. Culture Mongolia. Архивирано од изворникот на 2007-04-06. Посетено на 2007-03-12.
  2. „Karakorum“. Culture Mongolia. Архивирано од изворникот на 2007-09-28. Посетено на 2007-03-12.
  3. Image:ErdeneZuuMonasteryMongolia.JPG reveals 100 stupas, plus two hidden behind the far corner

Надворешни врски уреди